Потребни состојки за кето пица:
- 80 гр кето брашно
- 180 гр рендана моцарела
- 20 гр протеин од ориз или од сурутка во прав (неутрален, без вкус)
- 2 големи лажици крем сир
- 1 јајце
- 2 кафени лажички оригано
- 1 рамна кафена лажичка прашок за пециво
- 100 гр кашкавал
- доматно пире
Пожелно е да употребите стандардна моцарела (која е посува и со пониска влажност од свежата, пресна моцарела). Исто така наместо моцарела може да се употреби и стандарден кашкавал.
Во сад се мешаат ренданата моцарела и крем сирот. Се ставаат во микробранова печка три до четири пати по 30 секунди, ги вадите и промешувате секој пат. Кога целосно ќе бидат омекнати (не треба да бидат целосно растопени/течни, во ред е ако растопената моцарела се растегнува како мрежа) се додаваат во кето брашното, на кое претходно му се додаваат ориганото, протеинот и прашокот за пециво и се мешаат додека не се изедначи смесата. На крај се додава изматено јајце и се продолжува со мешање додека не се добие изедначена смеса. Најдобро е да се стави во фрижидер 15-тина минути.
Потоа тестото се развлекува на плех (може да се развлече меѓу две хартии за печење за да се избегне лепење). Се пече 10-15 минути во претходно загреана рерна, на 200°. Потоа се вади и се нанесува доматно пире, 100-те грама кашкавал и топинзи за пица по желба (неколку парчиња кулен или друго сувомеснато без адитиви, печурки, маслинки, кромид, пиперка, домати, босилек). Се враќа во рерна и се пече уште 10 минути.
Посакајте ѝ добредојде на вашата здрава пица 😁
Оваа кето пица содржи:
- Протеини: 115 гр.
- Масти: 163 гр.
- Јаглехидрати: 15 гр.
Тоа значи дека половина или помалку од половина пица може да биде сосема доволно и хранливо како цел оброк, се разбира зависно од вашата дневна потреба согласно телесната форма, активноста и целите.
За други кето рецепти кликнете тука.
Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
13.08.2023
Порачка за вашите кето намирници: