Кардиоваскуларните заболувања се статистички главната причина за смрт во светот речиси еден век.
Причини и број на смртни случаи во светот од 1990 до 2019 година
Општоприфатено е дека главните фактори за ризик од срцеви заболувања од аспект на животните навики се:
- Исхраната
- Физичка неактивност
- Цигари
- Алкохол, итн.
Од медицински аспект, главните фактори се:
- Висок крвен притисок
- Стврднување на артериите
- Дијабетес
- Преголема телесна тежина
Ќе видите дека во најголемиот дел медицински заклучоци и препораки, главниот совет за превенција и третирање е промена во исхраната и старт на физичка активност. Тоа е добар совет. Но штом сепак стапката на овие заболувања расте, значи нешто мора да е погрешно со концептот за исхрана. Ако погледнете на што е базиран тој концепт, можеби ќе стане појасно зошто ситуацијата е таква каква што е.
„Главниот“ извор на енергија за телото
Велат дека јаглехидратите (гликоза) се главниот извор на енергија за телото. Ова во превод значи главната храна. Така нè учат веќе неколку децении.
Факт е дека кога има внес на масти и шеќери во исто време, телото го одбира шеќерот за енергија.
Заради тоа велат дека на телото повеќе му одговара шеќерот. И заради тоа, нашироко во научната литература, кетоните (нус-производ од согорувањето масти, кој се користи како гориво) ги нарекуваат „алтернативно“ гориво, а гликозата „примарно“ и „преферирано“ гориво.
Тоа го учиме во учебниците по медицина и биологија, тоа е и основата на денешниот фитнес, бодибилдинг и спорт: идејата дека шеќерот (гликоза) е основната и најпотребна форма на енергија за телото и затоа мораш, мораш, мораш да внесуваш јаглехидрати и да се потпираш на нив за твојата енергија, за ментална будност, за мускулен раст.
Тоа се погрешни концепти кои многу скапо го чинат човештвото.
Колку скапо – еден аспект: годишно во светот само од срцеви заболувања умираат околу 18 милиони луѓе. Во ЕДНА година. Оваа бројка е околу 30% од вкупните смртни случаи и е поголема од жртвите во која било војна.
Број на смртни случаи во светот, според причинител, 2019 година
Кога ќе се спомене ужасната Втора светска војна веднаш помислуваме на огромниот број човечки жртви, проценет на 70-80 милиони во период од 6 години.
Според овие статистики, секоја година е Втора светска војна.
Друг аспект е хронично ниското ниво на хормонот за раст, тестостеронот и високите нивоа на кортизол и инсулин, со сите нивни последици, на надпандемиско ниво во денешната цивилизација.
Зошто шеќерот не е примарно, преферирано гориво
Нормалното ниво на шеќер во крвта е околу 5 гр во целата крв. Телото постојано работи за да го одржува ова ниво. Ако има вишок тогаш оттргнува шеќер, ако има помалку тогаш додава од резервите или произведува шеќер од мастите или мускулите. (Да, телото е способно самото да си ги произведува потребните количини на шеќер.) Над ова ниво, шеќерот е во буквална смисла токсичен за телото.
Да позборуваме малку околу теоријата за „супериорноста на шеќерот“ и да видиме како всушност вистина е ОБРАТНОТО.
Не е вистина дека на телото повеќе му одговараат јаглехидратите односно шеќерот, туку повеќе му одговара да го тргне шеќерот. Затоа веднаш се зафаќа со него доколку нивото е надминато. Ова зафаќање погрешно го нарекуваат „преферирање“. На овој збор се базираат многу погрешни теории и тешки последици.
Имајте на ум дека кога велиме „шеќер“ велиме „јаглехидрати“ бидејќи секогаш тоа е нивната судбина – да се претворат во шеќер во крвта. Споро или брзо, фактот е тој.
Знаете што ќе случи ако телото не би можело да го оттргне вишокот шеќер и нивото остане покачено над нормалата? Најлошото. Затоа телото итно се зафаќа со шеќерот за да го оттргне.
Како размислуваат застарените, но сè уште „конвенционални“ толкувања на науката по ова прашање
На ручек сте со вашето семејство. Се случува поплава. Веднаш без размислување станувате да се справите. Според примитивната логика на денешните толкувања – вие повеќе ја сакате поплавата од семејството.
Или постојано сте под напад од мечка и секој ден сте принудени да се браните и да ја оттргнете од вашето живеалиште. И тоа морате да го правите толку често што немате ни време да разговарате со сопругата и децата. Дали вие ја преферирате мечката пред сопругата и децата? Учебниците велат: „Да, повеќе ја сакате мечката.“
Вистината е дека вие преферирате семејството да живее, а не да биде изедено од мечка.
Затоа телото се впушта за да го оттргне шеќерот, бидејќи токму тоа го прави вишокот шеќер – го јаде телото иако навидум го гои.
Нарекување на кетоните „алтернативно гориво“, а од друга страна давање совет постојано да се има наплив од јаглехидрати во секојдневната исхрана од сите страни, е како местење на избори. Да, изборите на јадење се „наместени“ повеќе од 50 години, со очигледни резултати по здравјето на популацијата.
Концептот дека телото преферира шеќер (гликоза) и дека кетоните се алтернативно гориво е суштински „пропуст“ во разбирањето на основните биолошки опстаночни процеси, од страна на оние кои најмногу треба да ги разбираат.
Од вакви закоравени ненаучни ставови произлегуваат идеи дека кетозата не е природна состојба, бидејќи нели телото сака шеќер повеќе од здравјето. Но ќе видите дека вистината околу кетозата е исто така – токму обратното.
Критериумот според кој тие го нарекуваат шеќерот примарно гориво е дека кога има шеќер телото веднаш го зема и го гори/складира.
Но фактот е:
Постојат три можни горива за телото
- Алкохол
- Шеќер
- Масти
Ако има алкохол во телото, тој добива приоритет и е прв употребен како гориво, пред гликозата и пред мастите. Алкохолот дава 7 калории по грам. Тој е уште потоксичен и телото на уште поитна основа се зафаќа со него. Така со алкохолот се спречува согорувањето на гликоза и масти. Бидејќи се искористува како енергија, вишокот од внесените јаглехидрати и масти кои не можат да се искористат како гориво (телото е зафатено со трошење на алкохолот) завршуваат директно во сало. Вишокот алкохол кој не може да се согори исто така се претвора во масти и оди во сало.
Но сепак, нè учат да бегаме од мастите. А фактот е дека вишокот масти во телото и талогот кој ги стврднува артериите не извира од мастите во исхраната.
Вистинските факти:
- Човештвото опстана и преживеа во кетоза (согорување масти).
- Човештвото е родено во кетоза (согорување масти).
Кога сме кај природноста на кетозата: вие сте буквално родени во кетоза. Човечкото тело е во кетоза пред и по раѓање. Што мислите, зошто бебенцата се раѓаат со малку повеќе сало? За ова во следна прилика.
Што му прават после на детето и како го вадат од таа природна состојба „учејќи“ го како да јаде понатаму во животот со грижата базирана на ненаучните ставови е друга приказна, приказна видлива во денешните РАСТЕЧКИ статистики на дијабетес, срцеви заболувања, неплодност, еректилни нарушувања, нарушен вид, низок тестостерон, голема телесна тежина, мозочни удари, рак.
Правилната исхрана и правилното вежбање се трајна терапија за животот.
Престанете да го принудувате телото постојано да мора да оттрга шеќери и да видите како природно влегува во кетоза и како без толку шеќер има повеќе енергија.
Побистар ум, ерекции, подобар секс, енергија, виталност и здравје се многу подобри опции отколку тепање со мечка, односно пиење лекови, чекање редови по болници и трчање за спас на здравјето.
Ова е новата мускулна култура. Култура во која вие сте добро.