Многу луѓе кои имаат мала тежина сакаат да се „здебелат“ или да се „поправат“. Всушност ним им недостасува мускулна маса и можеби некоја количина масти, но најчесто и слабички луѓе имаат вишок сало.

Уште почесто, луѓето со вишок килограми, кои гледајќи се во огледало сакаат да изгубат 10-20 кг мислејќи дека тогаш ќе биде ОК, всушност не знаат дека им недостасува мускулна маса. Тоа станува јасно кога ќе го намалат вишокот килограми. А многу побрзо се губи сало отколку што се гради мускул.

Моето искуство ми покажува дека повеќето луѓе имаат недостаток на мускулна маса, без ралика дали се слаби или дебели.
Оние кои имаат слаба тежина и мислат дека сакаат да качат маса, без разлика дали се мажи или жени, најмногу треба да качат мускулна маса. А кај возрасни не се качува без вежбање со тежини. Без разлика што јадете, без вежбање нема да имате зголемување на мускулното количество. Сало да, секако дека може да се покачи само со исхрана, на пр. ако вашиот процент на масти е недоволен. Мускулот е посложена ситуација.
Можеме да заклучиме дека качувањето мускулна маса, денес е задача речиси на секого.
За да качите мускулна маса потребни се три главни услови. Тие се светата тројка на здравјето:
- Редовни тренинзи
- Правилна количина протеини и масти, витамини и минерали (микронутриенти)
- Добро и редовно спиење
За главните принципи во вежбањето за качување мускулна маса, прочитајте тука и тука.
Ако сакате оптимални резултати, нема пиење енергетски пијалоци, нема пиење 6 кафиња, секојдневно алкохол, грицкање и јадење секаква (не)храна. Сите овие моменти го успоруваат градењето чиста мускулна маса, но уште полошо – го влошуваат здравјето.
Битна забелешка е дека не треба да се вежба пречесто и прекумерно затоа што:
ПОВЕЌЕ ВЕЖБАЊЕ НЕ ЗНАЧИ И ПОВЕЌЕ МУСКУЛИ.
Брза мускулна маса, „дај дај одма“
Тука се и стероидите за сите оние кои „сакаат брзи резултати“, за кои накратко ќе објаснам во следната статија. Јас би рекол дека брзите резултати се 0.1% од она што ќе го добиете со употребата на стероиди. Останатото… ќе говориме следно.
Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
28.01.2026






