Сè повеќе стручни лица ги согледуваат длабоко вкоренетите фикс идеи во исхраната.
Една ваква фикс идеја е дека овесните снегулки се врвна храна. Друга е дека треба да бегаме од јајцата, особено од озлогласената жолчка која нѝ мисли лошо на здравјето. Потоа на листата го имате и црвеното месо…
„Како кардиолог, никогаш не препорачувам да се јаде овесна каша. Секако не секој ден како што прават многу луѓе. Нашите предци не јаделе овесна каша, не треба да јадете ни вие. Има многу пропаганда во текот на годините за придобивките од овесната каша и мислам дека пропагандата навистина доаѓа од индустријата. Nabisco, Quaker Oats, Kellogg’s – промовираат јадење овесна каша и тоа наместо јајца. Како може некој да верува дека овесната каша која речиси нема никаква хранлива вредност и всушност содржи многу антинутриенти, би била подобра од јајца од кокошки одгледани на пасишта? Јајцето е кожурец за пилешко бебе. Јајцето ги содржи сите хранливи материи, витамини, минерали, масти, протеини кои се потребни за да настане кокошката. Не можете да одгледувате пилешко на овесна каша. Не можете да одгледувате здрав човек на овесна каша. Погрижете се да јадете јајца наместо овесна каша.“ – Др. Џек Волфсон, кардиолог
Многу едноставно согледување. За жал преедноставно за денешната здравствена конфузија.
View this post on Instagram
Некои стручни лица дури го препорачуваат овесот и овесната каша како доручек погоден за лицата со дијабет и го фалат како „супер храна“. Полошо не може да биде. Ваквите совети не се мали грешки туку се дијаметрално спротивни од вистината. Тие имаат огромни ефекти врз здравјето на луѓето. Евидентно е дека ваквите и слични изјави доаѓаат од мејнстримот – само погледнете ги здравствените статистики на тој мејнстрим и ќе ја видите валидноста на тие препораки. Впрочем лесно можете да заклучите и без тоа: изедете еден ден 100 гр овесна каша наутро и следете како ќе се чувствувате психофизички во наредните 4-5 часа; друг ден изедете само 2-3 јајца за доручек и следете ситуација во текот на денот.
Проблемите доаѓаат од едуцирани лица, не од неедуцирани. Во учебниците се чини дека нема обука како да гледаш надвор, кон светот. Начинот на кој денешната едукација те учи да ја проверуваш валидноста на разни тврдења е дали тоа тврдење доаѓа од некој учебник, истражување (студија) или од некоја формална институција. Ако да, тогаш мора да е валидно, без разлика што се случува надвор во реалниот живот.
Сепак: сè повеќе стручни лица ги согледуваат длабоко вкоренетите фикс идеи во исхраната. Здравствената конфузија и негативните резултати ќе се менуваат на подобро заради поединци кои едукацијата не ги збунила до степен да не можат да забележат разлика помеѓу реален свет и тврдења од книга.
View this post on Instagram
Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
26.09.2023