Луѓето кои имаат вишок сало, особено околу половината, на стомакот или бутовите страдаат од неправилна исхрана и превисок инсулин.
Вежбањето е неопходна активност за секој жив и дава безброј бенефити. Го подобрува и инсулинот. Но вежбањето не го коригира инсулинот во присуство на исхрана која го форсира.
Затоа гледаме луѓе кои вежбаат секакви вежби со години, а за време на сите тие години нивниот заоблен изглед или големиот стомак или вишокот акумулирано сало – не исчезнуваат.
Веднаш знаеме за што станува збор: погрешна исхрана. Без разлика колку мислат дека јаделе здраво и без разлика колку совети следат или колку житарици внесуваат – резултатите друго кажуваат.
Ако ја променат исхраната ќе променат многу во животот.
Доста од луѓето со кои работиме биле претходно советувани да јадат овес, просо, ориз, големи количини овошја и слично, чии резултати биле понатамошно здебелување, дури и замастување на црниот дроб, влошена крвна слика, нарушен сон, итн. Или биле советувани да прават милиони стомачни за наводно топење на мастите околу пределот на стомакот, а на крајот само добиле пообемни мускули во тој предел и уште поистакнат стомак.
Тајната на рамниот стомак
Тајната на рамниот стомак и убавиот изглед не се вежбите за стомачни.
Тајната е природно појачување на хормонот за раст и нормално ниво на инсулин во текот на целиот ден, со правилна исхрана и правилно вежбање кое го третира целото тело како систем, а не како индивидуални мускули. Потребни се вежбање и исхрана кои се правилни од аспект на хормоните бидејќи хормоните се тие кои активираат слабеење, гомилање сало, градење или трошење мускулна маса. Хормон е грчки збор што значи „активатор“. Хормоните го регулираат изгледот на телото.
Како знаете дали нешто е правилно? Со неправилните работи нема добри резултати или настануваат лоши резултати. Со правилните работи настануваат добри резултати. Толку е едноставно.
Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
06.05.2022