Зошто кето диета
Ефектите што нè интересираат тука се однесуваат на хормоните. Кето исхраната овозможува:
- Повисоко ниво на хормон за раст
- Повисок ниво на глукагон (еден од главните топачи на вишок телесни масти)
- Нормално а не високо ниво на инсулин
- Подобрено ниво на кортизол (не е невообичаено во првите денови да биде повисоко)
Што значи согорување шеќери?
Велат дека главниот извор на енергија за телото е гликозата. За жал, денес да. Меѓутоа гликозата не е најдобриот извор на енергија за телото.
Дел од гликозата што се создава по внесот на јаглехидрати (леб, сокови, шеќери, слатки…) се искористува за моменталните потреби на енергија. Друг дел минува низ еден процес на спојување на молекулите на гликозата и се создава гликоген. Гликоген е гликоза во „покрупна“ форма наменета за складирање. Ова не е сè.
Телото го складира гликогенот во мускулите и црниот дроб за идни потреби. Кога ќе се намали нивото на гликоза, телото се потпира на складираниот гликоген, почнува да го вади од складиштата, го претвора назад во гликоза и го испраќа да циркулира низ крвта за да се задоволат моменталните потреби за енергија.
Проблемот е кога резервите со гликоген се полни, а постои нов внес на јаглехидрати. Тогаш, остатокот неискористена гликоза нема каде да се складира (резервите се полни) и хормонот инуслин ја претвора во масти и ја испраќа до масните ткива за да се складира како сало. Кето исхраната го прекинува овој процес.
Почеток на промената
Неколку дена по многу низок внес на јаглехидрати, резервите на гликоген ќе се испразнат. Тогаш црниот дроб почнува да произведува малку гликоза од аминокиселините (составни делови на протеинот) внесени преку исхраната, но оваа гликоза не е ни оддалеку доволна за да се задоволат навикнатите потреби на телото и мозокот за енергија. Тогаш телото почнува да создава кетони како гориво за мозокот и телото.
Кога кетоните ќе постигнат одредено ниво во крвта тогаш телото влегува во состојба на кетоза. Кетоза е состојба на метаболизмот кога тој користи масти за енергија наместо гликоза.
За да го внесеме и одржуваме телото во состојба на кетоза потребно е да ги намалиме јаглехидратите на внес до максимум 40 грама дневно. Притоа, треба да се зголеми внесот на протеини и масти, како што е опишано тука.
Да се биде во кетоза не бара специјални комбинации на храна и не налага специјални режими со утрински церемонии, или во специфични периоди од денот. Колку помалку јаглехидрати испод 40 грама дневно, толку е поголем потенцијалот да влезете во кетоза. Доколку сте влегле во кетоза а надминете 40 грама дневно, тогаш ќе излезете од кетоза и може да бидат потребни денови за да се вратите.