Ова е најсуштинската формула за успех.
Како ја знаеме?
Ние работиме со ПРОГРАМИ. Програма значи серија од чекори за постигнување на одредени цели.
Постигнување одредени цели е успех.
Затоа, ние работиме со и за успех.
Математички приказ на успехот (формулата)
Успех = дисциплина + знаење
Дисциплина + знаење = успех. Ако на дисциплината ѝ додадеш знаење, ќе постигнеш успех.
Знаење + дисциплина = успех. Ако на знаењето му додадеш дисциплина, ќе постигнеш успех.
Ако ги зголемиш знаењето и дисциплината ќе постигнеш поголеми успеси од претходно. Затоа, тајната на растечкиот успех е тајната на зголемување на знаењето и дисциплината. Тоа се постигнува преку работа на себе.
Информациите и разбирањето на Мускултура се знаењето, а програмите се дисциплината.
Кога читате Мускултура, го зголемувате вашето знаење. Кога го применувате наученото во пракса или сте на програма со нас – тоа е дисциплината. Вие и вашите резултати, сте успехот.
Дефиниции
Дисциплина е способноста да се истрајува во нешто.
Без знаење, дисциплината односно истрајноста нема да носи нов резултат.
Кога на дисциплината, на одлучноста, на решителноста, на истрајноста – ќе им додадеш знаење, тогаш се менува резултатот.
Знаењето не се само информации. Знаеме колку е висока фотомоделката и каква тетоважа ставила. Ова не нѝ помага за успех.
Знаењето пред сè е способност да се согледува. Не е само согледаното.
Мислење наспроти акција
Луѓето што мислат дека знаењето е само согледаното, мислат дека мораат сè да согледаат однапред за да можат да знаат. И затоа постои оној напор на претерано размислување. Затоа се мислат пред да стапат во акција, а мислењето најчесто води кон повеќе мислење. Инаку би биле стапени во акцијата.
Кога се преиспитуваат себеси и си велат „два пати размисли“, тие инсталираат недоверба во своите мисловни процеси бидејќи на тој начин во старт ги гледаат како неоптимални. Не постои полоша недоверба од недовербата во својата мисла. Сепак, тоа само по себе е можно да се поправи. На кој начин?
Со успеси кои значат нешто.
Една од заедничките работи кај луѓето кај нас на програма е дека остваруваат поголема самодоверба и мотивација.
Тие почнуваат, одат напред, ги одат чекорите, истрајуваат, согледуваат стари и нови грешки, коригираат, се подобруваат, одат уште напред. Ова, сакале или нејќеле ја зголемува самодовербата. Некои луѓе сакаат поголема самодоверба, некои можеби не ни размислуваат на темата. Но и едните и другите ќе остварат поголема самодоверба кога остваруваат успеси кои се значајни за животот.
Знаењето е процес на живеење. Не е шаблон познат однапред. Тоа е способност да се отиде гради во гради со нови дури и непознати ситуации и да се извлечат правите заклучоци за да се создаде најдоброто од ситуацијата. Вака се јакне желбата за живот, вака се создава чувството на радост за иднината.
Секогаш ја имаме можноста да направиме успеси кои се значајни за иднината. Кога ова ќе го сфатиме, се зголемува потенцијалот за радост.
Успехот нема трикови. Триковите се за оние кои се уморни да чекорат. Вие сте навистина силни бидејќи го вреднувате патот, а не само крајниот резултат. Инаку би барале само брзи трикови и воопшто не би стигнале да дочитате до тука.