Победничкиот став вели „СЕ ИСПЛАТИ“ а не „КОШТА“.
„Кошта“ е менталитет што не може да замисли резултат во форма на подобрување. „Кошта“ не разбира ни што може да прави понатаму со добиеното подобрување бидејќи не размислува до таму.
Победникот го разбира успехот од својата вложена енергија и го цени, бидејќи прво ја цени својата енергија.
Тие што ги „кошта“ не можат да видат успех ни ако им е подарен бидејќи немаат концепт за ценење на својата енергија прво.
Надежта последна умира, но победникот е тој што навистина има надеж. „Се исплати“ подразбира да размислуваш за иднината и да се гледаш себеси во неа на повисоко скалило. Тоа значи дека во старт тргнуваш за да успееш.
Победникот може нема секогаш од прва да успее, но тој знае дека таа негова слика за иднината во која тој е на повисоко скалило од сега – е возможна.
Губитникот кога нема да успее станува уште поубеден колку бил во право дека е „невозможно“, и затоа сега е уште посигурен дека тоа (стремежите и соништата) „кошта“. Со искуствата тој не може да располага како победник, тој со нив „располага“ како губитник: ги користи како сигнал за да бега од загуби – и тоа загуби кои сè уште не се случиле. Ова е обратно од надеж.
А победникот, него ни доживеаниот неуспех не го кошта, туку му се исплати бидејќи сега е побогат со знаење со кое може да располага. На крај, тој повторно добил. Тоа е победнички став.
А кога реди успеси, тие се бесконечно слатки.
Ова воедно е и приказната како се создаде Мускултура. Ова е и приказната на сè поголем, брзорастечки број на луѓе со успешни приказни од примена на Мускултура, луѓе со победнички менталитет. Ова е ваша приказна. Ви благодариме што сте дел од неа.
_____
Слушнете ја оваа статија на подкастот на Мускултура. (Снимените верзии не се секогаш исти со текстот.)