*Рецензија (review): извештај што дава нечие мислење за квалитетот на нешто.

Рецензии на суплементи

Сме пробале најразни суплементи со различна намена и делотворност.

Некои се одлични, некои тотално беспотребни. А најголем број од потребните се упропастени со други супстанци и разводнети со ефтини додатоци, што во најмала рака ги прави беспотребни. Голем дел од нив се украсени комбинации – далеку поскапи отколку посебно купени состојки/суплементи.

Вистината е дека генерално не е познато:

  • Кои се ефективни и квалитетни суплементи
  • Кои суплементи се со скриени ризици, а обвиткани во модерни пакувања
  • Дека во Македонија речиси нема избор од добри суплементи
  • Дека многу ултра-корисни суплементи воопшто ги нема кај нас, а тие што ги има се многу поскапи
  • Дека многу производи содржат непотребни и штетни додатоци

Затоа: 

  1. Ги прегледуваме суплементите и производите
  2. Ги објавуваме нашите заклучоци
  3. Ви кажуваме за најдобрите суплементи по најпристапни цени

Калкулатор за цени на суплементиМногу потрошени пари во минатото на добри и на извонредни и на никакви суплементи па и на такви со назадувачко дејство. Не се каеме за тоа бидејќи во свет каде секој суплемент се претставува како амброзија за боговите, научивме како да разликуваме вистинска амброзија од безвредни прашоци за профит. Не беше лесно затоа што стандардите за добар суплемент се толку изопачени што уште малку фали да почнат да додаваат прашок за перење а купувачот да мисли дека тоа е предност. Би рекле дека вистински добрите суплементи во светот се околу 8% наспроти 92% светлуцави и непотребни, а во Македонија процентот е околу 0.5% наспроти 99.5%.

На Мускултура ќе дознаете кои суплементи и производи да ги избегнувате. Ако досега сте ги купувале, тоа не значи дека сте во грешка. Тоа значи дека живееме во култура со изопачени стандарди.

Еве пример:

Купувате протеини, вкусот преубав. Купувате патлиџан, тој има вкус на сè само не на патлиџан. Најчесто на картон! Но не, тој и понатаму се конзумира. Не е ли тоа изопачен стандард за тоа што е прифатлив или добар патлиџан?

Човеков има понизок тестостерон. Рекламите му велат дека трибулусот ќе му помогне да има доволно тестостерон. А тој не знае дека самиот го закопува тестостеронот преку грешките што ги прави во својот начин на вежбање или исхрана или живот.

Целта на оваа рубрика

Целта на оваа рубрика а и на овој сајт не е мотивирана од профит. Доколку беше, на Мускултура ќе гледавте безвезни суплементи на секој ќош.

Најпрво, сакаме да веруваме дека ја менуваме мускулната култура во која, сакале или не, индустријата со суплементи и прехранбената индустрија се фактор. Се стремиме да придонесеме кон поправилен избор на суплементи и храна од страна на вежбачите и почесен третман кон нив од производителите и продавачите со тоа што ќе го изложуваме безвредното а ќе го споделуваме вредното.

Во рецензиите што ќе ги читате тука ќе најдете линкови и препораки до најдобрите места за продажба на суплементи, но само за најдобрите суплементи што се достојни да ги препорачаме. И секако со огромна разлика во цените и изборот.

Нашите рецензии не се реклама колку е добар вкусот, колку добро се меша прашокот и „ова е познат бренд па затоа добар е суплементов“.

Никогаш нема да напишеме добра рецензија за ниту една сума на пари за производ кој не ги поминува стандардите на Мускултура.

Сакаме да дадеме уште повеќе

Воспоставивме соработка со неколку одбрани дистрибутери на суплементи. Со вашите порачки од дадените линкови, покрај тоа што ќе го добивате најдоброто, тоа воедно ќе биде и поддршка за Мускултура во нашата мисија на изложување на производите кои не се произведени за вистинска ефективност туку заради профитно ориентани тенденции.

Не веруваме во суплементи што креваат врева околу беспотребни „придобивки“ и безвредни, дури и штетни додатоци. Веруваме во личен пристап. Го цениме човекот како човек и остро се спротивставуваме на нудење штетни и непотребни додатоци на човечки битија кои сакаат подобро здравје, сила и изглед.

Желбата да се подобриш себеси и да достигнеш подобра верзија од себеси е нешто многу возвишено. Луѓето што сакаат подобра верзија од себе и што се спремни да ја градат – не заслужуваат никакви трикови!

Добри производи – да, да, да! Другото – не, но нема да остане незабележано.

Доколку сакате да помогнете на нашата мисија тоа можете да го сторите со донација, со споделување на Мускултура на вашите пријатели и со вистинска употреба на ова знаење во животот.

Виталиа крекери со семиња - кето или некето

Рецензија: Кето или некето? Виталиа крекери со семиња

Се појави нова линија на производи, наречени „кето“ од Виталиа. Би сакале да дадеме наше мислење околу некои од овие производи во врска со нивната складност со кето диетата. Производ: Виталиа кето крекери со семиња Нутритивни вредности на 100 гр производ јаглехидрати: 37.7 грама; протеини: 18.9 гр; масти: 20.9 гр. Со овој состав производот не…

Details