Глукагон – клучот за топење масти
Што е глукагон?
Глукагон е хормон кој ги отвара масните складишта за да ослободува масти за потребите за енергија во телото. Така се одвива процесот на топење масти за енергија и губење на вишокот сало. Глукагонот е клучен играч во кето диетата. Без него нема кето.
Глукагонот согорува масти, што е обратно од работата на инсулинот – создавање и складирање масти. Кога глукагонот е високо, инсулинот е ниско, и обратно. Двата хормони работат за да го одржуваат нивото на гликоза (шеќерот во крвта) во рамнотежа.
Улогата на глукагон во телото
Глукагонот има клучна и активна улога во телото, бидејќи телото преку него ја регулира употребата на гликоза и масти.
Кога се излачува глукагонот:
- Кога во телото има ниско ниво на шеќер во крвта (=понизок инсулин)
- Кога внесуваме протеини (не превисоки количини)
- Кога тренираме со висок интензитет и сложени вежби. Клучно е вежбањето да биде интензивно за овој хормон да се излачува. Прегиб со бицепс или слични изолациски вежби не се доволни за да се поттикне излачување. Потребна е активација на повеќе мускули во еден интензивен тренинг за овој хормон да почне да се излачува. (Интензивно вежбање не значи 6 дена тренинг неделно)
Сакам: Програм за вежбање со Мускултура
По внес на јаглехидратна храна/пијалоци (тесто, шеќер, крекери, сокови…), јаглехидратите се претвораат во гликоза. Вишокот гликоза која телото не може да ја искористи се складира во изменета, групирана форма наречена гликоген. Глукагон ≠ Гликоген. Гликогенот е составен од групирани молекули на гликоза. Се произведува во црниот дроб и се складира во мускулите и црниот дроб. Подоцна кога нивото на шеќер во крвта ќе се намали, глукагонот го разложува гликогенот назад во гликоза за да се ослободи во крвта.
Кога телото ги има наполнето своите резерви во мускулите и црниот дроб со гликоген, тогаш при внес на јаглехидрати, гликозата не се претвора во гликоген туку се испраќа во масните ткива и се складира како сало. Ова е резултат на инсулинот. Телото нема да согорува масти сè додека има полни резерви гликоген.
Глукагонот има обратни функции од инсулинот:
- Го стимулира црниот дроб да разложува гликоген во гликоза, која ќе се лансира во крвта.
- Кога е истрошен гликогенот, тогаш ги разложува мастите од исхраната и салото во масни киселини (составни делови на мастите) за употреба како гориво кое ќе се согори (најдоброто гориво за телото). Ова овозможува слабеење преку намалување на вишокот сало, и го префрла телото на користење масти од исхраната за гориво наместо шеќери.
- Кога е истрошен гликогенот, тогаш глукагонот претвора минијатурна количина од аминокиселините во гликоза за енергија за едната врста клетки кои работат само на гликоза, а аминокиселините ги зема од внесената храна, не преку разложување на мускулите. До ова ретко доаѓа затоа што сепак не ги исфрламе јаглехидратите во целост, особено ако внесуваме 20-40 гр јаглехидрати денвно.
Сакам: Програм за исхрана со Мускултура
Излачувањето на глукагон варира во зависност од исхраната која се внесува:
- При внесување на јаглехидратен оброк, нивото на глукагон во крвта се намалува за да спречи превисоко ниво на шеќер во крвта (а се излачува инсулин за да го тргне шеќерот).
- При умерен внес на протеини, без јаглехидрати, нивото на глукагон во крвта се зголемува.