Соја и протеин од соја – дали ви се потребни?

Соја и производи од соја

Сојата се проповеда како здрава алтернатива во исхраната особено за вегетаријанците. Сепак, во последно време ја бие лош глас заради тоа што луѓето станаа посвесни дека најчесто е ГМО. Сојата е застапена во голем број производи.

Таа најчесто не е здрава алтернатива.

Сојата содржи неколку антинутриенти (супстанци кои го блокираат разложувањето односно варењето на храната).

Затоа предизвикува гасови и подуеност на стомакот.

Не само што сама по себе ќе биде многу тешка за варење, сè друго што сте внеле пред, со или по оброкот со сојата исто така ќе биде многу отежнато за варење. Тоа во превод значи блокирана апсорпција: иако внесувате нутриенти, тие ќе имаат многу мал ефект.

Варењето на храната е процес на нејзино разложување на сè попрости и попрости делови.

Распаѓањето е исто така разложување. Затоа ист ваков ефект имаат конзервансите, бидејќи нивната задача е да спречат разложување/распаѓање на храната.

Ист ваков ефект имаат вештачките засладувачи како сукралоза, ацесулфам-к и аспартамот, засладувачи кои се користат во многу суперкулбезшеќерзатвоетоздравје производи, 99% од протеинските прашоци, во сите протеински јогуртчиња, во протеински и хелти барови, суплементите во вид на прашоци со вкусови (тропик чери-мери…), мастики за џвакање, бонбони, енергетски пијалоци, сокови и слично. Насекаде.

Затоа денес, потребно е човек да се храни ПАМЕТНО.

Производи од ферментирана, органска соја (значи и без ГМО)

Ферментираните производи од органска соја го немаат ефектот на отежнато варење на храната. (Ферментација значи разложување на некоја супстанца, како на пример со додавање бактерија.)

Тие сепак содржат други супстанци кои можат негативно да влијаат врз хормоните како што е опишано подолу.

Тестостеронот

Сојата го зголемува нивото на естроген кај мажите и го намалува нивото на тестостерон.

соја и протеин од соја - muskultura.mkТестостеронот е најприсутен кај мажите. Игра важна улога во здравјето. Одговорен е за развитокот на мускулите и коските и за сексуалниот нагон. Исто така игра улога во зајакнувањето на крвта и многу други функции. Знаеме многу природни начини како може да се зголеми нивото на тестостерон кај мажите, а сојата не е еден од нив.

Сојата содржи состојки што имаат особини слични на естрогенот кои го зголемуваат нивото на естроген кај мажите. Тоа предизвикува намалување на нивото на тестостерон.

Сојата не само што ќе го намали нивото на тестостерон туку може да го намали и бројот на сперматозоиди. Постојат многу извори на протеини, затоа нема да ви биде на штета ако избегнувате соја и протеин од соја. Напротив.

Овие состојки слични на естроген исто така кај жените можат да предизвикаат нарушување на нивото на естроген.

Овие состојки се таму без разлика дали сојата е ферментирана или не. Производите од ферментирана органска соја не треба да се конзумираат во големи количини, односно зависно од индивидуалниот ефект врз хормоните. Неферментирана, па дури и органска неферментирана соја не треба да се конзумира.

Сојата е составен дел на многу производи и „протеински производи“.

Многу е евтина, а богата со протеини. Околу 52% од нејзиниот состав е протеин. Добар дел од многуте протеински чоколади и разни благи протеински оброци кои се нудат како „протеински оброк“, се всушност со соја и најголемиот дел од протеините во нивниот состав се соја протеин.
Истото се случува и со протеинските прашоци. Осигурајте се кој вид протеини се содржани во производот. Прочитајте го составот од пакувањето на производот.

Таквите производи треба да се избегнуваат. Постојат протеински прашоци со добар квалитет кои не содржат воопшто протеин од соја. Тие се паметен избор.

Производите кои содржат протеин а кој не доаѓа од соја сепак може да имаат мала количина соин додаток. Тоа е случај и со многу други прехрамбени производи. Ваквите додатоци од соја се користат за полесно производство и за подобра измешаност или соединета текстура на производот. Минималниот внес на таквите додатоци преку производите нема значајно негативно влијание врз хормоните.

Соја протеин? Во никој случај.

Не сте сигурни за некои производи? Консултации со Мускултура