Калории или сооднос?
Идеалниот внес на макронутриенти е 25% од вкупните калории да доаѓаат од протеини, 5% од јаглехидрати и 70% од масти, односно 25/5/70.
За зголемување на мускулна маса или за намалување на вишок телесни масти не е доволно да се каже дека е потребно зголемување или намалување на калориите. Најчесто и не е потребно менување на калорискиот внес. Далеку поважен е видот на калории т.е. соодносот на макронутирентите што се внесуваат.
Тие што сакаат да го изгубат вишокот телесни масти важно е да знаат дека не се калориите тие што дебелеат.
Инсулинот е тој што дебелее собирајќи вишок шеќери (секако овозможено и од намалувањето/зголемувањето на други хормони).
Ефектите врз здравјето, хормоните, телесната структура – кога станува збор за исхраната – доаѓаат од соодносот на макронутриенти а не од вкупниот калориски внес. Сите калории не се исти. Секако дека постои одреден калориски внес што е потребен за телото. Но замислете ако сите тие калории доаѓаат на пр. од чоколади, што ќе се случи со телесната структура, хормоните и здравјето?
Ако земеме човек со преголема тежина од акумулирани масти кој внесува 4000 калории дневно, несомнено е дека јаглехидратите се најмалку 50% од неговата исхрана.
Доколку ги намали јаглехидратите до 40 грама дневно, а остатокот храна ја внесува од протеини и масти – ќе почне да слабее – иако би го задржал истиот калориски внес. Со други зборови, доколку некој јаде многу, не мора да ја намали количината за да постигне промена. Ова не е така црно-бело, бидејќи потребната количина на макронутриенти не е иста за секого, а и важни се други фактори во исхраната, вежбањето и животот, не само бројките.
Доколку некој сака да ја зголеми мускулната маса – не е правило дека мора да го зголеми внесот на калории. Но сигурно е дека мора да го внесува потребниот внес на протеини и масти за него.