Skip to content
Muskultura.mkMuskultura.mk
Muskultura.mk
  • Вежбање
    • Принципите на вежбање
    • Хормоните и вежбањето
      • Улогата на хормоните
      • Тестостерон – улога и дефиниција
      • Хормонот за Раст – функција и дефиниција
      • Глукагон – важен топач на масти
      • Инсулин – функција и дефиниција
      • Кортизол – функција и дефиниција
      • Естроген – функција и дефиниција
    • Вежби
      • Мускулна маса и сила
      • Чучњеви
      • Бенч преса
      • Веслања со шипка
      • Стоечко кревање шипка над глава
      • Мртви кревања
    • Програми
  • Исхрана
    • Принципи на исхраната
    • Кето и интервално постење
    • Кето рецепти од Мускултура
    • Табела на продукти и калкулатор за дневен внес
    • Суплементи
    • Програм за исхрана од Мускултура
  • Спиење
  • Кето и интервално постење
  • Програм за вежбање и исхрана
  • Нови статии
  • Контакт
    • Прашај
  • Language
    • македонски јазикмакедонски јазик
    • EnglishEnglish
 
  • Вежбање
    • Принципите на вежбање
    • Хормоните и вежбањето
      • Улогата на хормоните
      • Тестостерон – улога и дефиниција
      • Хормонот за Раст – функција и дефиниција
      • Глукагон – важен топач на масти
      • Инсулин – функција и дефиниција
      • Кортизол – функција и дефиниција
      • Естроген – функција и дефиниција
    • Вежби
      • Мускулна маса и сила
      • Чучњеви
      • Бенч преса
      • Веслања со шипка
      • Стоечко кревање шипка над глава
      • Мртви кревања
    • Програми
  • Исхрана
    • Принципи на исхраната
    • Кето и интервално постење
    • Кето рецепти од Мускултура
    • Табела на продукти и калкулатор за дневен внес
    • Суплементи
    • Програм за исхрана од Мускултура
  • Спиење
  • Кето и интервално постење
  • Програм за вежбање и исхрана
  • Нови статии
  • Контакт
    • Прашај
  • Language
    • македонски јазикмакедонски јазик
    • EnglishEnglish

Здрава храна и правилна исхрана не е исто

Здрава храна и правилна исхрана не е исто

Вежбањето и јадењето здрава храна, сами по себе не носат раст на мускулна маса или губење вишок сало.

Кога велам правилна исхрана во однос на вежбање со тежини, градење мускулна маса, губење вишок масти – не мислам на здрава храна. Многу луѓе мислат ако нешто е здраво тогаш тоа е во потполна согласност со градење мускули.

Не е така.

Овошје - здрава храна и правилна исхрана не е истоМедот се смета за здрав. Овошјата, оризот, овесот исто така. Но сепак фактот е дека овие содржат јаглехидрати кои во телото се претвораат во шеќери. Покаченото ниво на шеќер во крвта го намалува хормонот за раст а го качува инсулинот = се успорува растот на мускулна маса, се прекинува топењето вишок масти. Или, зависно од количината = предизвикува дебелеење.

Разните „трендови“ во исхраната и советите за здравје најчесто се проповедаат и прифаќаат на слепо, како догма. „Здраво е“, „корисно е за организмот“…

Зошто е здраво? Бидејќи содржи Ц-витамин? Здраво е за коските дека содржи калциум? Здраво е дека е природно?

Природно и правилно се различни работи. Многу производи се фалат со „природно“ и „природни состојки“. Нафтата е природна. Змискиот отров е природен. Алкохолот е природен. Овесните снегулки се природни. Ураниум, халуциногени печурки, сè е тоа природно.

Значи можеме да заклучиме дека „природно“ не кажува многу.

Вештачки витамин Е не е природен, но е поправилен од никаков витамин Е. Постојат степени на исправност и тоа не е сè црно и бело. Ц витамин е супер, но колку? 60 милиграми или 1000? Ова дава малку подруг поглед на работите.

Ова бара вистинско, а не површно знаење.

Ова бара паметна исхрана и паметно вежбање за да се постигнат саканите цели.

Фактите

Кога станува збор за раст на мускулна маса и топење вишок масти – единствените валидни прашања и одговори се тие што се однесуваат на ефектот што исхраната го има врз хормоните.

Црешите се здрава храна. Несомнено. Меѓутоа 100 грама цреши (15-ина црешки) содржат 14 грама шеќер. Малку повеќе од 100 грама кола-сок. Содржат околу 7 милиграми витамин Ц. Дневниот најминимален внес на витамин Ц треба да е 1000 милиграми. Дали сакате да внесете 13 грама шеќер заради 7 милиграми витамин Ц?

„Здраво е во умерена доза.“ Вакви општи изјави што звучат мудро а без да кажат што е умерена доза – не се од никаква корист. Хормоните не се ракводат по општи мудрости.

Една излупена банана тежи околу 100 грама. Содржи 20 гр јаглехидрати од кои 12 гр чист шеќер.

Една праска тежи околу 150 гр. 16 грама јаглехидрати од кои 13 се шеќер.

Да не заборавиме дека шеќерот е 100% чист јаглехидрат.

Две кришки леб содржат 25 грама јаглехидрати. Интегрален леб? Исто.

15 црешки, една банана, една праска, две кришки леб = 75 грама јаглехидрати.

75 гр јаглехидрати внесени во текот на еден ден за голем број луѓе значат дека нема топење вишок масти. Значат нема излачување максимум хормон за раст колку што би требало да се постигне заради вежбањето со тежини. Во старт лишување од неговите подмладувачки придобивки.

Мусли - здрава храна и правилна исхрана не е истоОвесни снегулки? 100 грама овесни снегулки содржат 56 грама јаглехидрати. Вивнуваат инсулин исто како да сте изеле 100 гр чоколадо. Слично е и со други житарици. Јачменот содржи 56 гр јаглехидрати. Разните комбинации од мусли содржат околу 50 гр јаглехидрати на 100 грама и околу 30 гр шеќер.

Лажни „кето“ производи? Полни со јаглехидрати. Сè што вели „кето“ не значи дека е кето.

Бел ориз? 76 грама хидрати на 100 гр.

Кафеав ориз? 73 грама хидрати на 100 гр ориз.

Кафеав шеќер? Лажна утеха.

Pages: 1 2 3
Сподели

Post navigation

PreviousPrevious post:Витамини и минерали: потребен дневен внесNextNext post:Што е кето диета?

Muskultura.mk +

Дино Николиќ - Кето пита со спанаќ - Телма ТВ - Оброк на денот
Исхраната и плодноста | Гостување во Телма ТВ | Кето пита со спанаќ
02/07/2025
Што е кетогената исхрана | Гостување во Телма ТВ | Кето чиа пудинг
09/05/2025
Јаглехидратите и медицината
Што вели медицината за јаглехидратите?
07/01/2025
Пред и потоа
ДАЛИ ИМАТЕ СЛАБА ВОЛЈА?
20/07/2024
Кето е за секој спорт
Супериорноста на КЕТО во спортот и во животот
18/07/2024
Панични напади | Стрес | Анксиозност | Депресија
Кортизол, крвен шеќер и склоност кон стрес
12/07/2024
Сакам програма за вежбање и исхрана:

Запиши се

Следи нè на:

Facebook
Instagram

Instagram
Muskultura

muskultura.mk

Исхрана според телесната форма
👇

Телото ги следи вашите инст Телото ги следи вашите инструкции. Преку нив се одржува во состојбата во која е.

www.muskultura.mk/vezbanje
#направипромена
Денешната исхрана значи постојано висок инсулин.
Инсулинот го БЛОКИРА процесот на слабеење. Активира СКЛАДИРАЊЕ МАСТИ. Иако многумина избегнуваат масти, со општоприфатениот начин на исхрана инсулинот ги претвора јаглехидратите во масти. Бегајќи од масти добиваме привлекување на масти.

Подобро е да создаваш наместо да штедиш. Ако штедиш, тогаш складираш наместо да користиш. Тоа е салото – зачувана, немобилна енергија, грижливо натрупана од страна на инсулинот.

Создавање = активност, живост, живот
Складирање = ХИБЕРНАЦИЈА

МОЖЕ да се јаде на начин кој го тера телото да СОЗДАВА енергија.

Читај повеќе на www.muskultura.mk

 #makethechange #програмасомускултура
😄 Некои вредности во нашат 😄 Некои вредности во нашата култура се доста измешани. 🫤 
.
.
.

#кортизол #алкохол #тестостерон #здраваисхрана #програмазаисхрана #програмазавежбање #правилнаисхрана
Клучен фактор за плодноста, Клучен фактор за плодноста, на кој не му се обрнува вниманието што го заслужува.
.
.
.

#makethechange #исправничекори #начиннаживот #посветеност #правилновежбање  #правилнаисхрана #програмазавежбање #програмазаисхрана #тренинг #прогрес

www.muskultura.mk/programi
Load More... Follow on Instagram
Пребарај:
  • македонски јазикмакедонски јазик
  • EnglishEnglish
Muskultura.mk
Muskultura.mk

Услови на користење