Skip to content
Muskultura.mkMuskultura.mk
Muskultura.mk
  • Вежбање
    • Принципите на вежбање
    • Хормоните и вежбањето
      • Улогата на хормоните
      • Тестостерон – улога и дефиниција
      • Хормонот за Раст – функција и дефиниција
      • Глукагон – важен топач на масти
      • Инсулин – функција и дефиниција
      • Кортизол – функција и дефиниција
      • Естроген – функција и дефиниција
    • Вежби
      • Мускулна маса и сила
      • Чучњеви
      • Бенч преса
      • Веслања со шипка
      • Стоечко кревање шипка над глава
      • Мртви кревања
    • Програми
      • Мускултура
      • 5х5
  • Исхрана
    • Принципи на исхраната
    • Табела на продукти и калкулатор за дневен внес
    • Суплементи
    • Програм за исхрана од Мускултура
  • Спиење
  • Програм за вежбање и исхрана
  • Доза +
  • Контакт
    • Прашај
  • Language
    • македонски јазикмакедонски јазик
    • EnglishEnglish
 
  • Вежбање
    • Принципите на вежбање
    • Хормоните и вежбањето
      • Улогата на хормоните
      • Тестостерон – улога и дефиниција
      • Хормонот за Раст – функција и дефиниција
      • Глукагон – важен топач на масти
      • Инсулин – функција и дефиниција
      • Кортизол – функција и дефиниција
      • Естроген – функција и дефиниција
    • Вежби
      • Мускулна маса и сила
      • Чучњеви
      • Бенч преса
      • Веслања со шипка
      • Стоечко кревање шипка над глава
      • Мртви кревања
    • Програми
      • Мускултура
      • 5х5
  • Исхрана
    • Принципи на исхраната
    • Табела на продукти и калкулатор за дневен внес
    • Суплементи
    • Програм за исхрана од Мускултура
  • Спиење
  • Програм за вежбање и исхрана
  • Доза +
  • Контакт
    • Прашај
  • Language
    • македонски јазикмакедонски јазик
    • EnglishEnglish

Што значи вистински бодибилдинг?

Што значи вистински бодибилдинг?

Знаете дека добро е да се има високо ниво на тестостерон и хормон за раст. Добро е да се има добра мускулна маса и да се нема вишок сало. Добро е да се има сила и цврстина на организмот и телото.

Но сепак ова не е целосно точно и многу е важно да се разбере зошто.

View this post on Instagram

A post shared by ВЕМИЛК (@vemilkmacedonia)

Еден искусен и развиен вежбач, воедно и тренер, вели: „Све ми крцка, како да ќе се сокршам ако се раздвижам појако… Ќе земам малку тестостерон да ги зајакнам ткивата.“

Ако како вежбач тој не ги зајкнал ткивата до сега тоа значи дека:

а) вежбал со стероиди, тие давале вештачки повисок мускулен раст и лажна сила, или

б) не вежбал правилно и не го третирал телото како систем и не генерирал вистинска сила и цврстина

Ако при најмал структурален проблем прибегнува кон стероиди, можеме да претпоставиме дека со постоечката мускулна маса не се стекнал по природен пат.

Доколку тестостеронот како градител и зајакнувач на ткивата е постојано присутен по природен пат, тогаш ткивата многу побрзо ќе се рехабилитираат. Немањето доволна рехабилитација е една од главните причини за влошување на функцијата на мускулите, сврзните ткива, коските, органите. Нерехабилитираното ткиво трпи понатамошни напори, кои дополнително го влошуваат. Тоа подло се акумулира со месеци и години и после се одразува како болка, повреда или влошена функција. Денешните болки најчесто не се од денес, тие се готвени со месеци или години.

Кога имаме голема мускулатура како кај развиен вежбач, тогаш честите болки и слабости во мускулите, зглобовите, сврзните ткива, се најчесто показател за непостепено, односно пребрзо изградена мускулатура, без хормонален систем да ја поддржува.

Поентата на вежбањето не се мускули. Исто како што поентата на работата не се пари, иако денешната култура токму тоа нè учи во секој поглед. Бидејќи кога парите стануваат поентата, тогаш може да се дојде до пари и без работа. А тоа ја поткопува основата на која постојат парите.

Вистински бенефити

Вистинскиот бенефит не се добива од висок тестостерон, хормон за раст, сила, мускулна маса… Се добива од излачувањето добро ниво на тестостерон и хормон за раст, од способноста да се произведе сила кога е потребно, од чиста мускулна маса изградена во хармонија со целиот организам, а не против него.

Ако исхраната и вежбањето се правилни, тогаш сврзните ткива, зглобовите, коските, мускулите – ќе бидат цврсти, стабилни и силни во правилен баланс. Тоа ќе го чувствуваш со дефинитивна сигурност.

(Правилен баланс, а не баланс, бидејќи секоја „искривеност“ или „неисправност“ е баланс кој балансира со некоја грешка).

Ако менаџментот и вработените на фирмата работат правилно, тогаш сите сектори и функции ќе бидат цврсти, стабилни и силни. Може да се извлече многу паралела во однос на менаџментот и други области од животот, но за тоа во некои од следните статии.

Бодибилдингот е прекрасна работа но е многу погрешно разбрана. Исто и хормоните. Бодибилдингот значи градење на телото, но она што најчесто се прави во пракса е напор за градење на мускулите.

Сепак тоа „градење на телото“ мора да се одвива СПОРЕД природните закони. Замислете што ќе се случи со еден МОСТ или една градба која не се гради според природните закони. Добивате поплави во најновите, најсовремени градби од 2022 година. А поплавата како проблем е во главно решена уште од пештерско време.

И тоа е една од причините зошто „обичниот“ човек го смета бодибилдингот за нешто страно, нешто енормно, кога тоа е всушност спорт и метод за јакнење. Зарем не се доказ најдобрите фудбалери и други спортисти во светот кои го користат бодибилдингот комплементарно за подобрување на својот перформанс во спортот со кој заработуваат милиони? Ако бодибилдингот му помага на Роналдо да биде еден од најдобрите и најплатени фудбалери во светот, сигурно вежбањето со тежини на секого може да му помогне да биде подобар во СВОЈОТ ЖИВОТ.

Ако се фиксираме на мускулите и ги занемариме другите компоненти, тогаш градејќи мускули, коваме слабости кои ќе се појават порано или подоцна.

Bolka vo ramoto

Решението е правилно вежбање и правилна исхрана од аспект на хормоните и целиот организам. Инаку градиме едно, а рушиме друго.

Стандардната јаглехидратна исхрана не дозволува добро излачување на хормонот за раст. А тој воедно и го лекува телото!

Но сепак истиот вежбач во примерот, вели дека пробал кето една недела, немал снага и заклучокот беше: „Не бе, без јаглехидрати ништо.“ Сè што искусил е пикот на почетниот адаптивен период. Тој не ни влегол во кетоза, а уште помалку во ефективна кетоза. Друго прашање е колку правилно кето правел.

Исхрана: јаглехидрати. Вежбање: стероиди. Потоа резултираат секакви несакани состојби кои човек не може да ги поврзе со своите навики.

Поентата не е да имаш мускули. Ниту да имаш тестостерон или хормон за раст. Иако така звучи, ако сакаме да бидеме ултра прецизни ќе кажеме дека поентата е да произведуваш тестостерон, хормон за раст, сила.

По сè изгледа дека мораме да бидеме ултра прецизни, бидејќи мускулите, тестостеронот, силата, хормонот за раст стануваат цели сами по себе за некои луѓе кои мислат дека знаат што добиваат, а не се свесни што губат.

Крајниот резултат не смее да биде цел сама за себе.

СПОСОБНОСТА ДА СЕ ПРОИЗВЕДУВА КРАЈНИОТ РЕЗУЛТАТ Е ВАЛИДНАТА ЦЕЛ.

Грешката со стероидите е тоа што тие на готово даваат еден од резултатите, коешто доаѓа во пакет со негативни ефекти. Вие не сте го довеле вашето тело во состојба да произведе повеќе тестостерон кога му е потребно.

Овде воопшто не зборуваме за штетните ефекти кои настануваат, промени во расположение, симптоми на одвикнување при прекинот (депресија, летаргија, немање сексуален нагон…) и ризикот потполно да се уништи способноста за производство на тестостерон.

Зборуваме само од овој еден и единствен апсект:

ПРОИЗВОДСТВО.

Ние ја сакаме способноста да се произведуваат хормоните, а не хормоните.

Ние ја сакаме способноста да се создава силата, а не силата. Бидејќи и хормоните и силата можат да се добијат на вештачки начин кој секогаш, секогаш, секогаш мора да одземе нешто друго. Сè што вештачки дава, природно зема.

Земете преворкаут со 250 мг кофеин (=3 кафиња) и нема да чувствувате толку болка заради покачениот кортизол и адреналин. На тој начин не само што ги уништувате другите хормони и правите сосема спротивни ефекти, вие имате привидна сила и издржливост. Не чувствувајќи болка односно поместувајќи ја вештачки границата на издржливост вие ќе кренете повеќе, ќе вежбате подолго – значи сте имале повеќе сила. Но гледате кога силата (или што било друго) станува цел сама за себе, тогаш фокусот е како да се дојде до силата без увид во другите компоненти кои ја прават силата. Добивате сила истовремено станувајќи послаби.

Нам нѝ треба хормоналниот одзив, а не супстанцата.

Сакаме телото да работи на производствен начин, а не ние да му ги даваме продуктите што тоа треба да ги произведе.

Ова е примарната и главна карактеристика на вежбањето со тежини.

Сподели

Post navigation

PreviousPrevious post:Честитка за 2023, како да свртите нов листNextNext post:Вежбање за жени

Muskultura.mk +

Мускултурски закони
Мускултурски закони
05/02/2023
Не е доволно само да се избегнува шеќер
04/02/2023
Мамурлак
Како да го победите мамурлакот
31/01/2023
Почни со промената
Што ти треба за да почнеш со промената
06/01/2023
Свртете нов лист
Честитка за 2023, како да свртите нов лист
01/01/2023
Вежби за жени
Вежбање за жени
08/12/2022
Instagram

muskultura.mk

Како да го победите мамурлакот 👇

Muskultura
Главни фактори кои влијаат Главни фактори кои влијаат на закрепнувањето:

Начинот на исхрана
Начинот на вежбање
Должината и квалитетот на сонот
За тоа „како треба“ речиси За тоа „како треба“ речиси сите се специјалисти. Но за правилно чекорење напред потребно е нешто повеќе.
Прочитај повеќе на: www.muskultura Прочитај повеќе на:
www.muskultura.mk/kako-da-stanete-i-ostanete-dijabeticar/
Со измислувањето на инсулинската инјекција, светот помисли дека луѓето со дијабетес ќе можат да јадат речиси колку сакаат јаглехидрати, сè додека шеќерот кој се создава од нив го „покриваат“ со доволна доза инсулин.

Можат, но не без дополнителни последици. 

Дали знаете дека и кај луѓето со дијабет тип 1 може да се створи инсулинска резитенција заради големи количини јаглехидрати и соодветните инсулински дози?

Затоа потоа медикаментите се зголемуваат наместо да се намалуваат.

Пронаоѓањето на инсулинската инјекција е од неизмерна важност и спасува неброени животи. Тоа е бесценето откритие.

Но тоа не значи дека стандардната исхрана треба да изобилува со толку јаглехидрати како што е случајот денес.

www.muskultura.mk/kako-da-stanete-i-ostanete-dijabeticar/
Load More... Follow on Instagram
Сакам програма за вежбање и исхрана:

Порачај

Пребарај:
  • македонски јазикмакедонски јазик
  • EnglishEnglish
Muskultura.mk
Muskultura.mk

Услови на користење