Подмладувањето и стареењето се состојби. Оние кои се откажале од промени ќе речат дека староста е неминовна, но нивната претстава за старост е материјална, т.е. бројка. А млад човек кој се чувствува старо или постар човек кој се подмладува за нив претставува состојба која е чиста среќа, сама од себе таква.
Стареењето и подмладувањето имаат најдиректна врска со една од најважните работи која денес најмногу се зема здраво за готово: исхраната.
Денес постои најмалку правилна исхрана, а луѓето најмногу јадат. И потоа кога се обидуваат да го решат проблемот создаден од јадењето неправилна исхрана, мислат дека тоа треба да го направат со рестрикција односно јадење помалку.
Најприродниот начин за исхрана на телото е интервалното постење. Хомо сапиенсот кој постои околу 300 000 години не преживеа до тука со 4-5 закуски дневно. Тој преживеа со поинаков ритам во исхраната. Тој ритам е успешниот ритам (300-те илјади години се сведок).
Многу битно е да се знае дека:
ИНТЕРВАЛНОТО ПОСТЕЊЕ НЕ Е РЕСТРИКЦИЈА НА КАЛОРИИ
Ако тоа не се разбере, нема да се разбере успешниот ритам. Оној ритам на нашата природа заради кој сеуште постоиме (живееме). И ќе видите како тој успешен ритам постои и на ниво на една единка.
Многу луѓе мислат дека интервалното постење е внес на помалку калории.
Не е.
Теоријата за калориски дефицит е убиствена теорија и го тера човек да СТАРЕЕ.
Ќе ви објаснам како.
Врз основа на таа теорија нашироко се даваат начини на исхрана сведени на менија во насока на НАМАЛУВАЊЕ НА ДНЕВНИОТ ВНЕС НА КАЛОРИИ. Бидејќи логиката е „ако внесеш помалку калории ќе ослабеш. А со слабеењето ќе дојде и здравјето“. Ова не е вистина, иако е можно да се ослабе, тоа може да биде многу мачно и истоштувачко за организмот (нездравје).
Значи целта на таквата исхрана (менито и оброците) е да ви го намалат бројот на калории. Но бидејќи изгладнувањето тешко се поднесува они се обидуваат тоа да го ублажат преку ЧЕСТИ ОБРОЦИ.
Ви даваат 5-6 оброка дневно, закуски и слично, со краен, вкупен ПОМАЛ калориски внес. И мислат дека така ќе ослабете. Можно е и вака да се ослабе, но е далеку понеефективно и поскапо за организмот. Измачувањето и преокупирањето со чувството на глад, со чувството дека сè нешто фали – цело време се присутни.Поверојатно е дека така и нема да се ослабе, а на крајот имаме јојо ефект и килажата продолжува да расте.
Еве зошто.
Пет-шест оброка/закуски значи цел ден повисоко ниво на инсулин и повисок шеќер од нормалата. Кога инсулинот е качен, тој БЛОКИРА согорување масти. Блокира слабеење.
Кога телото е принудено во калориски дефицит, тогаш влегува во режим на гладување. Во тој режим телото почнува да ја намалува ПОТРОШУВАЧКАТА НА ЕНЕРГИЈА, а со тоа се разбира го намалува и производството на енергија.
При правилно интервално постење телото ГО ЗГОЛЕМУВА ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЕНЕРГИЈА, односно ГО ЗАБРЗУВА МЕТАБОЛИЗМОТ.
Со „стандардните“ диети, телото никогаш не доаѓа до состојба да го истроши складираниот шеќер во црниот дроб и мускулите (гликогенот) бидејќи постојано се надополнува. Иако внесувате помалку, телото се штелува ДА ТРОШИ ПОМАЛКУ па така се штелува ДА НЕ СЛАБЕЕ.
Ова оди до таму што кога доаѓате до трошење на гликогенот телото активира умор бидејќи сака да си ги самозаштити складиштата на енергија. Затоа се јавува омлитавеност за да ве принуди да престанете со активност и на тој начин да не се потроши складираната енергија. Ова е погрешниот начин како да се слабее. Мачен и стресен.
Со интервалното постење (ИП) телото не влегува во постојан режим на гладување. Телото ги истрошува резервите на гликоген бидејќи 1) не ги полните со ориз, овес, бананки, јаболки, и слични здрави препораки и бидејќи 2) нема често висок инсулин и високо ниво на шеќер во крвта.
Телото станува поефективно и почнува да троши повеќе, со помалку. Како тоа?
Во правилно ИП (кое подразбира да се биде во состојба на кетоза), се активира АВТОФАГИЈА. Тоа значи рециклирање (разложување и повторно сложување) на протеини и ткива во телото кои се нефункционални, застарени. Што е староста? Таа е држење на старото во место. Рециклирањето овозможува обновување.
Впрочем, свежата вода што ја пиете, е стара милијарди години. НО Е СВЕЖА, „МЛАДА“.
Како свежата вода е сепак стара милијарди години? И како стоената вода за неколку дена станува бајата?
Со правилна исхрана на телото му го правиме она што Земјата ѝ го прави на водата.
Кога телото не е во режим на ДРЖЕЊЕ ДО ЗАЛИХИТЕ, на зачувување во место, тогаш телото од овој аспект не е веќе во режим на стареење.
Инаку секоја вода ќе беше ЗАСТОЕНА и СТАРА.
Обнова е одговорот. Рециклажата е размена што се случува на клеточно ниво, старото си оди, се преработува во ново, и се враќа. Исто така и од внесот на храна секако, се земаат нутриенти и репроматеријали.
Со истиот калориски внес во двата методи, односно Калориска рестрикција и Интервално постење, повеќе живот и аутпут на енергија ќе создадете со ИП заради тоа што се активирани различни хормонални и животни сили во организмот.
Во ИП дел од енергијата што телото ја создава, ја користи од себе и во себе (за рециклирање/обнова) и затоа излегува поголем аутпут (резултат) при исто количество на однадвор внесени материјали (трошок) во споредба со „стандардна“ исхрана. Значи со ист „трошок“, при ИП добивате поголема живост.
Исто како со парите. Ако ги складирате, ќе остарете со нив. Ако ги примате и трошите, и вложувате и примате и трошите, имате ОБРТ, имате ОБНОВА, живот.
Калориската рестрикција е метод на ЗАДРЖУВАЊЕ на СТАРОТО. ИП е метод на обновување.
Ова нѝ дава одговор за секое поле во животот па и во економијата и деловното работење. Ако имате помал влез на пари, дали треба внатрешната активност да се намали или да се зголеми? Некои бизнисмени ја намалуваат за да креираат помал трошок (=стареење). Но таа треба да се зголеми, повеќе средби, повеќе промоција (аутпут на енергија)… а тоа ќе донесе повеќе пари. Наместо да штедиме на аутпут, треба да произведуваме. Ова е секако доста подруг поглед на нештата од она на што сме биле учени цел живот. Ова е поинаква основа на дејствување од онаа на денешното општество кое како организам евидентно СЕКОЈ ПАТ е во некаква си КРИЗА. Постојат сè повеќе материјални добра, а сепак на луѓето им е сè потешко да бидат среќни.
Староста е метод на задржување, младоста е метод на обнова. Најздравиот начин на остварување долготрајност е обновата. Ова поткрепено со вежбање, носи придобивки кои денес – се чинат натчовечки.
Не го терајте телото да старее. Младоста е состојба, а не години.
Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
18.11.2022