Потребни состојки:
– 250 гр кето брашно
– 30 гр протеин од ориз
– 30 гр кокосово брашно
– 30 гр мелено чиа/ленено семе
– 1 супена лажица прашoк за пециво
– 2 супени лажици маслиново масло
– 2 рамни кафени лажички сол
– 2 кафени лажички јаболков оцет
– 250 мл топла вода
Постапка:
Во еден сад ги мешате сите суви состојки. Потоа ги додавате оцетот, маслиновото масло и постепено топлата вода. Прво смесата се меша со лажица додека не се изедначат состојките, а потоа се замесува тестото. Формираното тесто се остава да отстои десетина минути. Печете околу 50 минути во претходно загреана рерна на 200°.
Целиот леб содржи:
- 94 гр протеини
- 160 гр масти
- 26 гр нето јаглехидрати
За други кето рецепти кликнете тука.
Порачка за вашите кето намирници: