Потребни состојки:
– 240 гр кето брашно
– 60 гр кокосово брашно
– 55 гр мелено ленено семе
– 50 гр псилиум
– 1 супена лажица прашoк за пециво
– 2 кафени лажички сол
– 2 супени лажици маслиново масло
– 1 кафена лажичка јаболков оцет
– 480 мл топла вода
– 1 паричка
Постапка:
Во еден сад се мешаат сите суви состојки. Потоа се додаваат оцетот, маслиновото масло и постепено топлата вода. Најпрво смесата се меша со лажица до изедначување на состојките, а потоа се замесува тесто заедно со паричката. Формираното тесто се остава да отстои десетина минути.
Се пече во претходно загреана рерна на 200°, околу 50-тина минути.
Целиот леб содржи:
- 75 гр протеини
- 30 гр нето јаглехидрати
- 160 гр масти
За други кето рецепти кликнете тука.
Порачка за вашите кето намирници: