Потребни состојки:
– 200 гр кето брашно
– 20 гр какао
– 1 чоколадо засладено со стевиа или темно чоколадо со минимална количина јаглехидрати
– 20 гр кокосово масло
– 30 гр млеко
– стевиа еквивалентно на 5-6 лажички шеќер
Постапка:
Се меша кето брашното со какаото. На страна се топи чоколадото со млекото, кокосовото масло и стевиата. Истопената смеса се додава во брашното и какаото и се меша додека не се изедначи. На крај се формираат бомбици и се валкаат во какао (по желба може да се извалкаат и во кокос или кето брашно).
Целиот рецепт содржи:
- 57 гр протеини
- 27 гр нето јаглехидрати
- 152 гр масти
Доколку ги поделите на 10 бомбици, ќе ги добиете следниве вредности по парче:
- 5.7 гр протеини
- 2.6 гр нето јаглехидрати
- 15.2 гр масти
Со правилна исхрана, десертот од овие бомбици е пригоден како замена за масти во даден оброк (за веднаш по оброкот). Една бомбица заменува околу 15 гр масло. Превкусни се, а воедно доста јаки заради мастите.
Со правилен пристап и уживањето може да биде хранливо.
За други кето рецепти кликнете тука.
Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
10.12.2023
Порачка за вашите кето намирници: