Skip to content
Muskultura.mkMuskultura.mk
Muskultura.mk
  • Вежбање
    • Принципите на вежбање
    • Хормоните и вежбањето
      • Улогата на хормоните
      • Тестостерон – улога и дефиниција
      • Хормонот за Раст – функција и дефиниција
      • Глукагон – важен топач на масти
      • Инсулин – функција и дефиниција
      • Кортизол – функција и дефиниција
      • Естроген – функција и дефиниција
    • Вежби
      • Мускулна маса и сила
      • Чучњеви
      • Бенч преса
      • Веслања со шипка
      • Стоечко кревање шипка над глава
      • Мртви кревања
    • Програми
      • Мускултура
      • 5х5
  • Исхрана
    • Принципи на исхраната
    • Кето и интервално постење
    • Кето рецепти од Мускултура
    • Табела на продукти и калкулатор за дневен внес
    • Суплементи
    • Програм за исхрана од Мускултура
  • Спиење
  • Кето и интервално постење
  • Програм за вежбање и исхрана
  • Доза +
  • Контакт
    • Прашај
  • Language
    • македонски јазикмакедонски јазик
    • EnglishEnglish
 
  • Вежбање
    • Принципите на вежбање
    • Хормоните и вежбањето
      • Улогата на хормоните
      • Тестостерон – улога и дефиниција
      • Хормонот за Раст – функција и дефиниција
      • Глукагон – важен топач на масти
      • Инсулин – функција и дефиниција
      • Кортизол – функција и дефиниција
      • Естроген – функција и дефиниција
    • Вежби
      • Мускулна маса и сила
      • Чучњеви
      • Бенч преса
      • Веслања со шипка
      • Стоечко кревање шипка над глава
      • Мртви кревања
    • Програми
      • Мускултура
      • 5х5
  • Исхрана
    • Принципи на исхраната
    • Кето и интервално постење
    • Кето рецепти од Мускултура
    • Табела на продукти и калкулатор за дневен внес
    • Суплементи
    • Програм за исхрана од Мускултура
  • Спиење
  • Кето и интервално постење
  • Програм за вежбање и исхрана
  • Доза +
  • Контакт
    • Прашај
  • Language
    • македонски јазикмакедонски јазик
    • EnglishEnglish

Што значи вистински бодибилдинг?

Што значи вистински бодибилдинг?

Знаете дека добро е да се има високо ниво на тестостерон и хормон за раст. Добро е да се има добра мускулна маса и да се нема вишок сало. Добро е да се има сила и цврстина на организмот и телото.

Но сепак ова не е целосно точно и многу е важно да се разбере зошто.

Еден искусен и развиен вежбач, воедно и тренер, рече: „Све ми крцка, како да ќе се сокршам ако се раздвижам појако… Ќе земам малку тестостерон да ги зајакнам ткивата.“

Ако како вежбач тој не ги зајкнал ткивата до сега тоа значи дека:

а) вежбал со стероиди, тие давале вештачки повисок мускулен раст и лажна сила, или

б) не вежбал правилно и не го третирал телото како систем и не генерирал вистинска сила и цврстина

Ако при најмал структурален проблем прибегнува кон стероиди, можеме да претпоставиме дека стероидите биле дел од неговата досегашна рутина.

Доколку тестостеронот како градител и зајакнувач на ткивата е постојано присутен по природен пат, тогаш ткивата многу побрзо ќе се рехабилитираат. Немањето доволна рехабилитација е една од главните причини за влошување на функцијата на мускулите, сврзните ткива, коските, органите. Нерехабилитираното ткиво трпи понатамошни напори, кои дополнително го влошуваат. Тоа подло се акумулира со месеци и години и после се одразува како болка, повреда или влошена функција. Денешните болки најчесто не се од денес, тие се готвени со месеци или години.

Кога имаме голема мускулатура како кај развиен вежбач, тогаш честите болки и слабости во мускулите, зглобовите, сврзните ткива, се најчесто показател за непостепено, односно пребрзо изградена мускулатура, без хормонален систем да ја поддржува.

Поентата на вежбањето не се мускули. Исто како што поентата на работата не се пари, иако денешната култура токму тоа нè учи во секој поглед. Бидејќи кога парите стануваат поентата, тогаш може да се дојде до пари и без работа. А тоа ја поткопува основата на која постојат парите.

Вистински бенефити

Вистинскиот бенефит не се добива од висок тестостерон, хормон за раст, сила, мускулна маса… Се добива од излачувањето добро ниво на тестостерон и хормон за раст, од способноста да се произведе сила кога е потребно, од чиста мускулна маса изградена во хармонија со целиот организам, а не против него.

Ако исхраната и вежбањето се правилни, тогаш сврзните ткива, зглобовите, коските, мускулите – ќе бидат цврсти, стабилни и силни во правилен баланс. Тоа ќе го чувствуваш со дефинитивна сигурност.

(Правилен баланс, а не баланс, бидејќи секоја „искривеност“ или „неисправност“ е баланс кој балансира со некоја грешка).

Ако менаџментот и вработените на фирмата работат правилно, тогаш сите сектори и функции ќе бидат цврсти, стабилни и силни. Може да се извлече многу паралела во однос на менаџментот и други области од животот, но за тоа во некои од следните статии.

Бодибилдингот е прекрасна работа но е многу погрешно разбрана. Исто и хормоните. Бодибилдингот значи градење на телото, но она што најчесто се прави во пракса е напор за градење на мускулите.

Сепак тоа „градење на телото“ мора да се одвива СПОРЕД природните закони. Замислете што ќе се случи со еден МОСТ или една градба која не се гради според природните закони. Добивате поплави во најнови, најсовремени денешни градби. А поплавата како проблем е во главно решена уште од пештерско време.

И тоа е една од причините зошто „обичниот“ човек го смета бодибилдингот за нешто страно, нешто енормно, кога тоа е всушност спорт и метод за јакнење. Зарем не се доказ најдобрите фудбалери и други спортисти во светот кои го користат бодибилдингот комплементарно за подобрување на својот перформанс во спортот со кој заработуваат милиони? Ако бодибилдингот му помага на Роналдо да биде еден од најдобрите и најплатени фудбалери во светот, сигурно вежбањето со тежини на секого може да му помогне да биде подобар во СВОЈОТ ЖИВОТ.

Ако се фиксираме на мускулите и ги занемариме другите компоненти, тогаш градејќи мускули, коваме слабости кои ќе се појават порано или подоцна.

Bolka vo ramoto

Решението е правилно вежбање и правилна исхрана од аспект на хормоните и целиот организам. Инаку градиме едно, а рушиме друго.

Стандардната јаглехидратна исхрана не дозволува добро излачување на хормонот за раст. А тој воедно и го лекува телото!

Но сепак истиот вежбач во примерот, вели дека пробал кето една недела, немал снага и заклучокот беше: „Не бе, без јаглехидрати ништо.“ Сè што искусил е пикот на почетниот адаптивен период. Тој не ни влегол во кетоза, а уште помалку во ефективна кетоза. Друго прашање е колку правилно кето правел.

Исхрана: јаглехидрати. Вежбање: стероиди. Потоа резултираат секакви несакани состојби кои човек не може да ги поврзе со своите навики.

Поентата не е да имаш мускули. Ниту да имаш тестостерон или хормон за раст. Иако така звучи, ако сакаме да бидеме ултра прецизни ќе кажеме дека поентата е да произведуваш тестостерон, хормон за раст, сила.

По сè изгледа дека мораме да бидеме ултра прецизни, бидејќи мускулите, тестостеронот, силата, хормонот за раст стануваат цели сами по себе за некои луѓе кои мислат дека знаат што добиваат, а не се свесни што губат.

Крајниот резултат не смее да биде цел сама за себе.

СПОСОБНОСТА ДА СЕ ПРОИЗВЕДУВА КРАЈНИОТ РЕЗУЛТАТ Е ВАЛИДНАТА ЦЕЛ.

Грешката со стероидите е тоа што тие на готово даваат еден од резултатите, коешто доаѓа во пакет со негативни ефекти. Вие не сте го довеле вашето тело во состојба да произведе повеќе тестостерон кога му е потребно.

Овде воопшто не зборуваме за штетните ефекти кои настануваат, промени во расположение, симптоми на одвикнување при прекинот (депресија, летаргија, немање сексуален нагон…) и ризикот потполно да се уништи способноста за производство на тестостерон.

Зборуваме само од овој еден и единствен апсект:

ПРОИЗВОДСТВО.

Ние ја сакаме способноста да се произведуваат хормоните, а не хормоните.

Ние ја сакаме способноста да се создава силата, а не силата. Бидејќи и хормоните и силата можат да се добијат на вештачки начин кој секогаш, секогаш, секогаш мора да одземе нешто друго. Сè што вештачки дава, природно зема.

Земете преворкаут со 250 мг кофеин (=3 кафиња) и нема да чувствувате толку болка заради покачениот кортизол и адреналин. На тој начин не само што ги уништувате другите хормони и правите сосема спротивни ефекти, вие имате привидна сила и издржливост. Не чувствувајќи болка односно поместувајќи ја вештачки границата на издржливост вие ќе кренете повеќе, ќе вежбате подолго – значи сте имале повеќе сила. Но гледате кога силата (или што било друго) станува цел сама за себе, тогаш фокусот е како да се дојде до силата без увид во другите компоненти кои ја прават силата. Добивате сила истовремено станувајќи послаби.

Нам нѝ треба хормоналниот одзив, а не супстанцата. Сакаме телото да работи на производствен начин, а не ние да му ги даваме продуктите што тоа треба да ги произведе. Ова е примарната и главна карактеристика на вежбањето со тежини.

Toa е примарната и главна карактеристика на Мускултура: со нас доаѓате во состојба да го произведувате вашето здравје, енергијата, хормоните, силата, изгледот, самодовербата и вашиот прогрес.

Сподели

Post navigation

PreviousPrevious post:Како да свртите нов листNextNext post:Вежбање за жени

Muskultura.mk +

Во потрага по себе
04/01/2025
Македонија
Празник со лекција која е засекогаш релевантна, особено ДЕНЕС
11/10/2024
Пред и потоа
ДАЛИ ИМАТЕ СЛАБА ВОЛЈА?
20/07/2024
Кето е за секој спорт
Супериорноста на КЕТО во спортот и во животот
18/07/2024
Дино Николиќ - гостување на утринска во ТВ Телма - Мускултура
Врската помеѓу телото и умот | Кето оброк: похувано пилешко + кето десерт
15/07/2024
Панични напади | Стрес | Анксиозност | Депресија
Кортизол, крвен шеќер и склоност кон стрес
12/07/2024
Сакам програма за вежбање и исхрана:

Запиши се

Следи нè на:

Facebook
Instagram

Instagram
Muskultura

muskultura.mk

Што вели медицината за јаглехидратите?
👇

Хормоните се нашите физиолошки менаџери. Кога не работиме тимски со нив, тие стануваат сами свои шефови и целата организација застранува. Добиваме намалување на психофизичките можности. Стануваме поуморни, понеотпорни на стрес, деконцентрирани, расеани, пиеме лекови за разни заболувања...

Правилните чекори во начинот на живот даваат хармонија во себе.
Некои работи не се како што Некои работи не се како што се мисли дека се. Тоа станува видливо кога ќе излеземе од општествениот шаблон на нездрави навики.
Тренингот е тренинг за живо Тренингот е тренинг за животот, а не метод за „трошење“ енергија.
Најдобриот момент за промена е СЕГА. 

Сè друго е стоење во место и продлабочување на состојбата.

#makethechange #програмасомускултура #старт #disciplina #исправничекори #начиннаживот #правилновежбање #правилнаисхрана
Load More... Follow on Instagram
Пребарај:
  • македонски јазикмакедонски јазик
  • EnglishEnglish
Muskultura.mk
Muskultura.mk

Услови на користење