Кои вежби се најдобри за рамен стомак?
Рамен или салест стомак е многу повеќе хормонално прашање отколку мускулно.
Прашањето на масни наслаги во пределот на стомакот е прашање на масни наслаги во пределот на стомакот, а не прашање на вежбање или невежбање на стомачни.
Вежбите за стомачни мускули сами по себе не го топат салото околу стомакот. Телото топи масти под многу стриктно одредени услови. Еден режим за исхрана и вежбање треба да се базира на тие стриктно одредени фактори за да се овозможи најефективно топење масти и градење мускулна маса, на здрав начин.
Затоа нема потреба да гледате инструкциски видеа од типот „Рамен стомак со овие вежби“, каде вежбите ги изведуваат луѓе со веќе рамен стомак. Тие не го постигнале рамниот стомак со години вежбајќи го тоа што го прават на видеото.
Топење на мастите кое води до обратен ефект
Возење велосипед или трчање на трака со часови може (а може и НЕ) да помогне да се топат масти но по многу голема цена – покачен кортизол, намален соматотропин (друго име за хормонот за раст) и тестостерон – еден вид на истоштување и мачење на организмот. Прекумерно вежбање = зголемен кортизол и зголемена склоност кон складирање сало во пределот на стомакот.
Прекумерното вежбање, или превежбаност е најверојатно најзастапената грешка кај вежбачите, а една од најневидливите.
Вежбите за стомачни
Стандардните вежби за стомачни мускули треба да бидат дел од паметен тренинг-режим во кој мора да влезат сложените вежби. Нема потреба за потенцирање на стомачните вежби во вашите тренинзи. Третирајте ги како и секоја вежба. Секако се потребни и се важни за да се развијат и истакнат стомачните мускули. Но ако ги потенцирате со веќе истакнат стомак без целокупен пристап кон телото со исхрана и вежбање, ќе придонесете за уште поистакнат стомак.
Важни елементи за постигнување рамен стомак
- Најважна вежба е намалување на јаглехидратите до 40 грама дневен внес со умерен внес на протеини и добра количина здрави масла. Ова подразбира правилна исхрана, а не само слепо внимавање на бројките, бидејќи потребни се сите нутриенти, како и ОТФРЛАЊЕ НА СИТЕ ДУЈАЧИ НА СТОМАКОТ кои се наоѓаат во разни намирници. Потребно е целосно да се разреши стрвта за јаглехидратна храна, инаку следува неуспех.
- Вежби за целото тело – сложени вежби (НАЈДОБРИТЕ ВЕЖБИ ЗА РАМЕН СТОМАК). Прогресивно силни и интензивни тренизни придружени со правилна исхрана и доволно спиење ќе го отворат патот кон рамен стомак со видливи стомачни мускули.
- Ако сте џогирале до сега заради топење масти, префрлете се на спринтови.
- Добар сон!
- Правете ја најнепознатата, вакуум-вежба за стомачни мускули која многу може да помогне за справување со подуеност и нанадвор-растегнати стомачни мускули. Меѓутоа таа е функционална само доколку е дел од системот на решенија, не како поединечно решение. Само тогаш може да повлијае за затегање на стомакот.
Овие чекори се првите чекори кои можат да ве одведат кон намалување на обемот и салото на стомакот. Но имајте на ум дека доколку сте акумулирале макар и 1 кг вишок сало околу стомакот, а сè друго е да речеме совршено, сепак ќе мора да ослабете неколку килограми за воедно да го изгубите вишокот ЕДЕН килограм околу стомакот. За ова повеќе во наредните статии.
Не постојат брзи трикови, но постои НАЧИН. Прочитајте повеќе како да се постигне РАМЕН СТОМАК.