Мотивацијата и енергичноста се многу важни за да успеваме во она со кое овде се занимаваме. Но мотивацијата е генерално погрешно разбрана. Затоа ајде да позборуваме за тајната на мотивацијата.
Во денешната култура безгрижно се слуша cheat (мамење) како во cheat day, cheat meal…, а самото тоа укажува на постоење на проблем во самата култура. Во неа читот претставува некаква награда, наместо награда да биде секој момент од живеењето. Потребата или тежнеењето кон читот е симптом на тоа дека сега не е убаво. Дека човек не е комотен таму каде што е, дека му недостасува нешто. Тогаш не ужива во мигот и чека некој друг миг. Чит миг.
Штом некој има потреба од чит тогаш не му се допаѓа вистинското (она што е).
Ако тоа се реши, тогаш човек ќе може да го чувствува секој момент како успех, како награда и задоволство.
Како тоа да се реши? Како да се направи „вистинското“ да биде поубаво?
Тоа се постигнува преку остварување добри резултати. Добри резултати се постигнуваат преку исправни чекори. Еве како исправните чекори водат до нови сознанија.
Извештај од Маријан, по кратко време на програма:
„Поенергичен сум, особено во денови кога сум максимално дисциплиниран. Кога правам читови, одма се осеќам помалку енергичен и со намалена мотивација.“
За да го примети ова, човек мора прво да достигне нови, повисоки нивоа на мотивираност и енергија. Само тогаш може да ја види разликата и да дојде до ваков заклучок. Тогаш се подобрува сегашноста.
Во овие негови две реченици, плус исправни чекори – ја имате содржана целата тајна на мотивацијата. Дисциплината е неопходна, но не може да трае долго без исправни чекори. Исправните чекори се неопходни, но не се од полза без дисциплина.
Дисциплината и исправните чекори се победничката комбинација. ТИЕ ЈА ДАВААТ МОТИВАЦИЈАТА.
Не нѝ требаат читови. Нѝ треба да го подобриме вистинското и тогаш ќе сме посреќни со него.