Како почетник сакаме да те упатиме да не ги правиш грешките во вежбање што голем дел од почетниците ги прават. И многу од оние другите. Бидејќи грешките некоригирани, стануваат пракса.
- Ти не си Арнолд Шварценегер. Немој да правиш 18 изолациски вежби во еден тренинг. Немој да вежбаш 2 часа. Немој да вежбаш секој ден. Арнолд вежбал во период од 4 човечки животи без престан, значи преку 280 години по ред. Неговата анатомија, исхраната, ефектите што ги искусувал, фреквентноста на тренингот, должината на тренингот, не важат за тебе. Не важат ни за 99% од човечкиот род. Поточно 99.99%.
Ако видиш дека некој ти објаснува како да правиш вежби за секој од трите делови на трицепсот, задно, предно и средно рамо, горни, долни и средни гради, разбери дека тој не знае што ти зборува. Иако можеби има мускули и искуство! Тебе не ти треба делкање на мускулчиња, тебе ти треба добра мускулна основа што понатаму паметно ќе ја делкаш. И дефинитивно не ти треба уште од старт толкав степен на сложеност со познавање на стотици вежби. Ние не полагаме анатомија, ние вежбаме. - Нозете се составен дел на телото и затоа и тие треба да се вежбаат. Не можеме да се преправаме дека немаме нозе. Ефектот од невежбање нозе, неправење чучњеви е непропорционално поголема горна половина а кревки, тенки ноџиња. Се сеќаваш на некој со огромен грб, огромни раце а тенки нозе? И тој некогаш бил почетник. Грешките направени а некоригирани стануваат пракса. Друг ефект, уште поголем: губиш од џусот што чучњевите го даваат и затоа вежбањето бицепс, трицепс и СÈ друго, има помал ефект. Потребно е вежбање за максимум хормонален одзив а не максимум број на вежби за секој поединечен дел на секој поединечен мускул.
- Не треба да си докажеш дека можеш да кренеш повеќе. Не треба никому да докажеш ниту да покажеш. Знаеме дека можеш. Сега слушај: најважното нешто за тебе е да научиш да ги изведуваш вежбите со правилна форма.
Многу луѓе ќе ти кажат како имаат стара повреда одамна, па сега ова или она им е потешко за правење заради таа повреда. Така е, тие повреди се често од нивните почетни денови. Со нашите планови за вежбање ова се избегнува. - Вежбаш без загревање. Полиција! Загревање пред тренинг е толку важно и неопходно, што вежбање без соодветно загревање за секој тренинг и секоја вежба треба да биде забрането со закон. Спаси се од многу идни компликации, сега.
- Телефонот во теретана служи само доколку ти е потребно да ја видиш програмата, следните вежби или како се изведува некоја вежба. За ништо друго! Биди професионалец, иако си почетник. До ставот е! Тие што скролаат по телефоните одмарајќи 7 минути по секоја серија не се за пример. Тие лежат дури и кога седат. Тоа е летаргија. Голем дел од нив нема да искусат никакви пожелни резултати и затоа најчесто кратко или испрекинато ги гледаме во теретана. Не знаат дека телефонот тежи 80 грама и не е соодветна тежина за кревање. Тие мислат дека со самото нивно присуство во теретана Господ ги гледа и има обврска да ги награди со мускули.
- Биди фокусиран/а. Што значи ова? Не зборуваме само СКОНЦЕНТРИРАЈ СЕ, бла бла бла. Фокусот е сигурност во методот што го употребуваш. Фокус е да знаеш што правиш и да не луташ лево десно. Прецизен режим. Тогаш имаш сигурност и вистинска верба.
Нашите програми озвоможуваат фокус. Те држат со погледот напред кон целта. Со самото тоа што ќе имаш фокус, значи дека веќе имаш тргнато со победнички менталитет. Самото започнување на сигурна патека е веќе една ПОБЕДА! - Гледаш некои луѓе со мускули и мислиш дека сè што ќе изустат е вистина бидејќи имаат мускули. Прашај неколку луѓе за истата работа и види ги одговорите. Друго, мускулите не се единствените резултати. Што ако има мускули а не сфаќа дека начинот на кој тренира му придонесува за преголемата нервоза и напнатост? Или има разни стари но сè уште болни повреди? Или сред ден клапнува немајќи енергија? Не заборавај:
Мускулите не значат разбирање. Мускули можат да се постигнат за 6 месеци со знаење, разбирање и труд и за 7 години со пеколни маки и страдање. А и тој со тенките нозе има мускули.
Ова не кажува дека за 6 месеци ќе качиш 40 кг во чист мускул, меѓутоа со правилна програма за тебе ќе постигнеш резултати во мускули, изглед и ќе се чувствуваш како никогаш досега.