Услови на користење на Muskultura.mk

Со користењето на овој веб сајт се согласувате на сите долунаведени услови. Доколку не се согласувате со некој од наведените услови не треба да го користите овој веб сајт.

Иако се стремиме да обезбедиме содржина која е точна, овој веб сајт е даден таков каков што е и не дава никакви гаранции ниту тврдења во врска со точноста или целосноста на информациите кои се наоѓаат на овој веб сајт.

Ниту една информација на овој сајт, нашите социјални профили или која било комуникација добиена од нас на каков било начин, не треба да се смета како професионален лекарски совет или формална препорака од наша страна и кои било информации кои можат да бидат протолкувани како совет или препорака не се во духот на лекарски или медицински совети, туку се дадени со добра волја, целосно според нашето видување кое и не мора да е точно.

Секогаш обратете се кај вашиот лекар за какви било прашања кои можеби ги имате во врска со вашето здравје. Овој сајт не дава никакви гаранции за ниту еден третман, програма, суплемент или која било информација содржана во него или пратена до вас преку емаил, преку нашите социјални профили или на каков било начин од наша страна. Постапувањето по која било информација содржана на овој веб сајт или добиена од нас е исклучиво врз ваша сопствена одговорност и ризик.

Не преземаме одговорност за точноста и содржината на кои било страници и нивните информации, до кои може да дојдете преку линковите кои водат надвор од Muskultura.mk.

Иако овој сајт нема никаква намера да содржи вируси и слична штетна содржина, не постои гаранција дека нема да содржи. Вие прифаќате дека е ваша одговорност да обезбедите соодветна ваша заштита од такви појави.

Доколку сакате да копирате и да објавите некој текст (статија) од Muskultura.mk кој веќе е јавно видлив за сите, тоа можете да го сторите само делумно, со не повеќе од 30% од содржината на истата, со задолжително јасно и видливо наведување на линкот од Muskultura.mk каде се наоѓа таа содржина или да побарате дозвола од нас.

Постапка за известување за интелектуална сопственост или авторски права

Доколку сметате дека нешто од содржината на овој сајт претставува прекршување на авторски права под применливите закони, испратете нѝ ги следниве информации на info[at]muskultura.mk:

  1. Контакт информации. Вашето име, презиме, адреса, телефонски број и емаил адреса.
  2. Опис на авторското дело за кое тврдите дека биле прекршени неговите права.
  3. URL на страницата каде сметате дека постои прекршокот.
  4. Изјава од ваша страна дека искрено сметате дека употребата на конкретната содржина не е авторизирана од сопственикот на правата, нејзиниот агент или дозволена со Закон.
  5. Доказ за сопственост. Електронски или рачен потпис на лицето овластено да дејствува на сметка на сопственкот на правото.
  6. Изјава од ваша страна направена под морална и законска одговорност дека информациите во вашето известување  се точни и дека вие сте сопственикот или сте овластени да дејствувате во име на сопственикот.