Протеините придонесуваат за слабеење преку топење масти
Доколку внесот на масти го поткрепите со добар внес на протеин, немате за што да се грижите. Протеинот придонесува за топење на мастите доколку не се внесуваат големи количини јаглехидрати.
Ова поткрепено со правилно вежбање со тежини, ќе активира хормони кои директно придонесуваат за слабеење преку топење на мастите и градење мускулна маса.
Сите хидрати не се исти
Секако, има разлика од едни до други јаглени хидрати. Разликата е во тоа дека едните хидрати се ПРОСТИ, а другите се СЛОЖЕНИ. Простите ги нарекуваат „брзи“, а сложените „спори“. Но таквата класификација е далеку од вистината.
Брзите јаглехидрати (на пример бел леб и шеќер) многу брзо се разложуваат во попрости шеќери во телото. Затоа и предизвикуваат многу брз одзив на инсулин.
Поспорите јаглехидрати предизвикуваат одзив на инсулин исто така, но во побавна мера. Меѓутоа ова не го менува фактот дека сложени или прости, хидратите го зголемуваат нивото на шеќер во крвта што го намалува излачувањето на хормонот за раст (клучен за раст на мускулната маса и губење вишок телесни масти) а го покачува инсулинот кој предизвикува дебелеење. Нека не ве залажува приказната дека „Сложените хидрати не дебелеат толку“.

Забелешка за шеќерот: обичниот бел шеќер и кафеавиот шеќер предизвикуваат висок одзив на инсулин и складирање масти. Овошниот шеќер (фруктоза) постои во процесирана форма на шеќер и може да се купува засебно. Фруктозата и кафеавиот шеќер, иако се сметаат за поздрави од белиот, тие се брзи јаглехидрати и се пријатели на салото. Фруктозата не предизвикува висок скок на инсулин како белиот шеќер, но сепак во зависност од количината, значително ја оптеретува функцијата на црниот дроб и лесно претвора во масти што се таложат во него.
Главната работа која треба да ја имате на ум ако сакате да ослабете е дека вашето тело нема да ги разложува и користи масните резерви (салото) додека има јаглехидрати и покачен инсулин во системот.






