Како до рамен стомак?
„Правете ги овие седум вежби и постигнете рамен стомак за две недели!“
Аха.
За да се постигне рамен стомак или видливи стомачни мускули многу фактори влегуваат во игра. Не постои едно решение, како на пример потенцирање на стомачни вежби, или само исхрана или некој магичен суплемент. За тоа е потребен систем од решенија.
Зошто стомачните не ми се познаваат?
Како да го истопам салото околу стомакот?
Зошто стомакот ми е испакнат?
Кај мажите, пределот околу стомакот е најчесто првото место каде се создава вишок сало, а кај жените тоа најчесто се колковите, бедрата и задникот. Но тоа се само појдовните точки.
Зошто стомачните не ми се познаваат?
.
- Најчестата причина е насобрани масни ткива во пределот на стомакот. Тоа не дозволува стомачните да се видат.
- Тоа не е само поткожно сало како што навидум изгледа. Луѓето со зголемено сало околу половината имаат многу складирани масни ткива околу органите во стомачната празнина. Тие масни ткива се како перница што стои позади стомачните мускули и го испакнува стомакот нанадвор. Секако и стомачните нема да се познаваат, колку и да ги има.
Како да го истопам салото околу стомакот?
Акумулираното сало околу стомакот значи дека истовремено постојат и многу складирани масти околу органите во стомачната празнина.
- Потребно е телото да се стави во режим на согорување масти. Кога телото согорува масти, тоа ќе почне да ги согорува и вишоците. Не можете да истопите масти околу стомакот или колковите или каде било доколку се храните како што е „нормално“ за денешното време: претежно со јаглехидрати и со додатоци во исхраната кои носат хронично покачен инсулин.
- Паметно вежбање со сложени вежби со поголеми тежини и спринтови можат многу да го забрзаат процесот на топење телесни масти доколку тоа е придружено со правилна исхрана и доволно спиење.
- Потребно е да истраете и покрај сите флуктуации што може да се јават и кои можат да бидат доста отежнати од скриени грешки.
Зошто стомакот ми е испакнат?
Постојат повеќе причини за тоа.
Прво, да направиме една разлика. Стомакот може да биде испакнат заради подуеност, заради акумулирано поткожно сало и заради складирани масти околу органите во стомачната празнина. Доколку испакнатоста е хронична, најчесто се сите три заедно. Тоа оди заедно во пакет со нанадвор-растегнати стомачни мускули.
Главните причини за испакнат стомак и акумулација на масни ткива во пределот на половината се ХРОНИЧНО ВИСОК ИНСУЛИН и ХРОНИЧНО ВИСОК КОРТИЗОЛ.
Многу е важно да се разберат механизмите на инсулинот и кортизолот. Тоа е пресудно ако сакате да преземете нешто конкретно и ефективно за да постигнете рамен стомак.
Постојано висок инсулин и кортизол со себе носат и многу други работи. На пример намален тестостерон и хормон за раст и кај мажите и жените. Нарушен сооднос на тестостерон и естроген, со доминација на естроген кај мажите. Тоа преминува во повеќе сало, салести гради, уште поголема склоност кон складирање масти наместо топење… Да не зборуваме за ефектите врз општото здравје, срцето, органите, сексуалниот нагон, нивото на ментална и физичка енергија.
Најбрзи резултати можат да се постигнат со намалување на јаглехидратите од исхраната на здрав начин. Тоа не значи само „намалување“ туку внес не поголем од 40 гр јаглехидрати дневно. Ова не е сè, меѓутоа е добар почеток.
Големите количини јаглехидрати се една од главните причини за испакнат стомак. Без да ги намалите до 40 грама дневно, секој друг напор за намалување на стомакот е речиси залуден.
Никакви вежби, напитоци, суплементи и чајчиња нема да го намалат стомакот при исхрана во која преовладуваат јаглехидрати.
Доколку стомакот е подуен заради задржани гасови, намалувањето на јаглехидратите ќе помогне и за тоа.
Разни „здрави“ ситници во исхраната не можат да надоместат погрешна исхрана.
Пивски стомак
Пивски стомак значи многу акумулирани масти околу органите во стомачната празнина. Терминот се употребува за да означи голем стомак што се истакнува нанадвор. „Пивски стомак“ не значи дека доаѓа од пиење пиво, меѓутоа честото пиење пиво сигурно води кон тоа.
Кога сме кај пивото, честото пиење пиво (и кој било алкохол) предизвикува таложење масти, зголемување на кортизол и инсулин, зголемена тенденција за складирање сало, првенствено во пределот на половината и внатрешноста на стомачната празнина. Со бонусот присутни супстанци во пивото кои имитираат естроген, се предизвикува покачен естроген, а намален тестостерон. Тоа забрзано води до салести гради кај мажите. Покачен естроген придонесува за подуеност и склоност кон складирање сало во пределот на половината.
Други причини за подуеност
.
- Недоволно диетални влакна односно салати (зелен зеленчук).
- Преголема количина диетални влакна ќе предизвика подуеност.
Грав, леќа, житарици и сл., содржат многу диетални влакна (и многу јаглехидрати). - Премногу сол може да предизвика подуеност преку задржување вода (додатно на водата што е прикачена за складираните шеќери). Покачен инсулин заради многу шеќер во крвта ќе предизвика задржување на сол. Низок внес на вода прави задржување на сол и вода.
- Алкохол – покрај тоа што придонесува за акумулирање сало, може да предизвика и подуеност. И многу го покачува кортизолот.
- Вештачките засладувачи како аспартам, сукралоза, ацесулфам-к, итн., доведуваат до дуење на стомакот.
- Големи количини газирани пијалоци дујат. (Бонус-комбо: газиран „zero“ сок со вештачки засладувачи)
- Појачувачи на вкусот може да предизвикаат дуење, покрај другите негативни ефекти (како висок инсулин). Салами, шунки, паштети, виршли, месни нарезоци, конзервиран гулаш и други имитации на месо се полни со појачувачи на вкусот. Тие не би требало ни да ги сметаме за месо, особено паштетите, саламите, виршлите. Многу сувомеснати производи содржат појачувачи на вкусот. Повеќето зачини со сушен зеленчук и готови супи содржат појачувачи на вкусот. Повеќето чипсови. Читајте ги етикетите. Во нашите програми добивате совет за производи.
- Најголемиот дел од сувомеснатите производи, а и многу други видови на производи содржат конзерванси. Конзервансите спречуваат распаѓање/разложување односно расипување на храната, а процесот на варење на храната е процес на нејзино разложување. Конзервансите директно го отежнуваат варењето во голем степен и се една силна причина за подуеност. Затоа исхраната треба да биде систем, а не само „јади здраво“.
- Пиење многу вода или течности непосредно пред или по јадење. Оставете најмалку 40 минути пред и/или 40 минути по јадење. Инаку се раздредува киселината во желудникот, се отежнува и успорува варењето и придонесува за подуеност. Јаболков оцет со салата помага за многу подобро разложување на храната.
- Често внесување храна во текот на денот. Држете се до максимум 3 оброци дневно во кои ќе ги внесете сите потребни нутриенти за тој ден.
Телото е систем.
Кога размислувате што да правите за намалување на салото во одреден дел од телото, знајте дека телото е систем и дека ви треба пристап кон систем, а не само некој поединечен магичен трик. Сè што ќе правите, исхрана, вежби – треба да се прави во меѓусебен склад како систем од решенија за целото тело.