При внес на поголема количина сол, во телото се излачува вазопресин – хормон кој е поттикнат во зависност од концентрацијата на сол во крвта.
Вазопресин е хормон кој го регулира производството на урина во мочниот меур. Се излачува од жлезда во мозокот. Колку поголема концентрација сол има во крвта, толку повеќе се излачува овој хормон – а тоа предизвикува бубрезите да повлечат назад повеќе вода во крвта.
Тогаш почнуваме да чувствуваме силно чувство на жед иако телото е полно со вода. Бидејќи мора да ја одржува количината на сол и други одредени минерали во одредена концентрација, кога се зголемува нивото на присутна сол, телото мора да ја разреди таа концентрација и почнува да бара вода. Така добиваме сигнал дека сме жедни, а бубрезите ја задржуваат водата во телото наместо да ја испратат надвор.
Кога се задржува вода, може да се појави отеченост на лицето, рацете, прстите, зглобовите, нозете и стапалата. Наместо бубрезите да ја носат водата во мочниот меур, тие ја задржуваат да циркулира во телото. Тоа го намалува мокрењето иако сме полни со вода.
Хормоните
Овој навидум занимлив податок го напишавме како уште еден показател за моќта на хормоните. Хормоните не се излачуваат сами по себе неконтролирано. Тие се поттикнати од многу специфични наши дејства и состојби. Што јадеме, колку јадеме, колку спиеме, вода, колку и како вежбаме, ситуациите со кои се соочуваме во животот, успесите, неуспесите, стресот, менталната состојба – сите овие предизвикуваат хормонални реакции во телото. На пример земете го стресот. Не се хормоналните реакции тие кои предизвикуваат стрес. Стресот предизвикува одредени хормонални реакции. Затоа, обидот да се „регулира“ стресот преку апчиња за смирување (кои предизвикуваат вештачко излачување и потиснување на одредени хормони, ги отапуваат чувствата, итн…) не значи дека причината поради која сме подложни на стрес е отстранета.
Тоа што нè интересира тука е зајакнување на телото и постигнување здрава естетска структура. Хормоните се тие кои спроведуваат слабеење, дебелеење, зголемување или трошење на мускулната маса. Доколку сакаме да го контролираме телото во насока на зајакнување и здрав естетски изглед, потребно е прецизно да ги контролираме хормоните во таа насока.