Мастите од исхраната не ве дебелеат
Спротивно на популарното мислење, мастите не се демонот. Преку нив телото може да создава енергија и да ги одржува есенцијалните органи како што е мозокот. Без разложените масти, вашето тело не би функционирало.
Истото важи и за инсулинот – тој е потребен да ги снабдува органите со енергија за да можат да работат. Тој е неопходен за да одржува нормално ниво на шеќер во крвта. Без него телото не би функционирало. Меѓутоа покрај снабдување, тој и складира. Тоа му е решението за вишокот шеќер што не може да биде веднаш искористен.
Инсулинот е како гладен ѕвер кој не престанува да јаде сè додека не ја изеде храната до крај. Сè додека има вишок шеќер во крвта тој ќе собира и ќе складира, попат во пакет со мастите. Преоптоварен, тој ќе работи сè до оној момент кога и таа негова функција ќе се влоши по што следуваат разните добро познати здравствени проблеми.
Направи го твојот следен чекор и задади му нови, поинакви услови на телото за да мора да се адаптира во насоката што ја посакуваш.
Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
12.06.2018






