Skip to content
Muskultura.mkMuskultura.mk
Muskultura.mk
  • Вежбање
    • Принципите на вежбање
    • Хормоните и вежбањето
      • Улогата на хормоните
      • Тестостерон – улога и дефиниција
      • Хормонот за Раст – функција и дефиниција
      • Глукагон – важен топач на масти
      • Инсулин – функција и дефиниција
      • Кортизол – функција и дефиниција
      • Естроген – функција и дефиниција
    • Вежби
      • Мускулна маса и сила
      • Чучњеви
      • Бенч преса
      • Веслања со шипка
      • Стоечко кревање шипка над глава
      • Мртви кревања
    • Програми
      • Мускултура
      • 5х5
  • Исхрана
    • Принципи на исхраната
    • Кето и интервално постење
    • Табела на продукти и калкулатор за дневен внес
    • Суплементи
    • Програм за исхрана од Мускултура
  • Спиење
  • Кето и интервално постење
  • Програм за вежбање и исхрана
  • Доза +
  • Контакт
    • Прашај
  • Language
    • македонски јазикмакедонски јазик
    • EnglishEnglish
 
  • Вежбање
    • Принципите на вежбање
    • Хормоните и вежбањето
      • Улогата на хормоните
      • Тестостерон – улога и дефиниција
      • Хормонот за Раст – функција и дефиниција
      • Глукагон – важен топач на масти
      • Инсулин – функција и дефиниција
      • Кортизол – функција и дефиниција
      • Естроген – функција и дефиниција
    • Вежби
      • Мускулна маса и сила
      • Чучњеви
      • Бенч преса
      • Веслања со шипка
      • Стоечко кревање шипка над глава
      • Мртви кревања
    • Програми
      • Мускултура
      • 5х5
  • Исхрана
    • Принципи на исхраната
    • Кето и интервално постење
    • Табела на продукти и калкулатор за дневен внес
    • Суплементи
    • Програм за исхрана од Мускултура
  • Спиење
  • Кето и интервално постење
  • Програм за вежбање и исхрана
  • Доза +
  • Контакт
    • Прашај
  • Language
    • македонски јазикмакедонски јазик
    • EnglishEnglish

Здрава храна и правилна исхрана не е исто

Здрава храна и правилна исхрана не е исто

Вежбањето и јадењето здрава храна, сами по себе не носат раст на мускулна маса или губење вишок сало.

Кога велиме правилна исхрана во однос на вежбање со тежини, градење мускулна маса, губење вишок масти – не мислиме на здрава храна. Многу луѓе мислат ако нешто е здраво тогаш тоа е во потполна согласност со градење мускули.

Не е така.

Овошје - здрава храна и правилна исхрана не е истоМедот е здрав. Овошјата, оризот, овесот исто така. Но сепак фактот е дека овие содржат јаглехидрати кои во телото се претвораат во шеќери. Покаченото ниво на шеќер во крвта го намалува хормонот за раст а го качува инсулинот = се успорува растот на мускулна маса, се прекинува топењето вишок масти. Или, зависно од количината = предизвикува дебелеење.

Разните „трендови“ во исхраната и советите за здравје најчесто се проповедаат и прифаќаат на слепо, како догма. „Здраво е“, „корисно е за организмот“…

Зошто е здраво? Бидејќи содржи Ц-витамин? Здраво е за коските дека содржи калциум? Здраво е дека е природно?

Природно и правилно се различни работи. Многу производи се фалат со „природно“ и „природни состојки“. Нафтата е природна. Змискиот отров е природен. Алкохолот е природен. Овесните снегулки се природни. Ураниум, халуциногени печурки, сè е тоа природно.

Значи можеме да заклучиме дека „природно“ не кажува многу.

Вештачки витамин Е не е природен, но е поправилен од никаков витамин Е. Постојат степени на исправност и тоа не е сè црно и бело. Ц витамин е супер, но колку? 1 милиграм или 1000? Ова дава малку подруг поглед на работите.

Ова бара вистинско, а не површно знаење.

Ова бара паметна исхрана и паметно вежбање за да се постигнат саканите цели.

Фактите

Кога станува збор за раст на мускулна маса и топење вишок масти – единствените валидни прашања и одговори се тие што се однесуваат на ефектот што исхраната го има врз хормоните.

Црешите се здрава храна. Несомнено. Меѓутоа 100 грама цреши (15-ина црешки) содржат 14 грама шеќер. Малку повеќе од 100 грама кола-сок. Содржат околу 7 милиграми витамин Ц. Дневниот најминимален внес на витамин Ц треба да е 1000 милиграми. Дали сакате да внесете 13 грама шеќер заради 7 милиграми витамин Ц?

„Здраво е во умерена доза.“ Вакви општи изјави што звучат мудро а без да кажат што е умерена доза – не се од никаква корист. Хормоните не се ракводат по општи мудрости.

Една излупена банана тежи околу 100 грама. Содржи 20 гр јаглехидрати од кои 12 гр чист шеќер.

Една праска тежи околу 150 гр. 16 грама јаглехидрати од кои 13 се шеќер.

Да не заборавиме дека шеќерот е 100% чист јаглехидрат.

Две кришки леб содржат 25 грама јаглехидрати. Интегрален леб? Исто.

15 црешки, една банана, една праска, две кришки леб = 75 грама јаглехидрати.

75 гр јаглехидрати внесени во текот на еден ден за голем број луѓе значат дека нема топење вишок масти. Значат нема излачување максимум хормон за раст колку што би требало да се постигне заради вежбањето со тежини.

Мусли - здрава храна и правилна исхрана не е истоОвесни снегулки? 100 грама овесни снегулки содржат 56 грама јаглехидрати. Вивнуваат инсулин исто како да сте изеле 100 гр чоколадо. Слично е и со други житарици. Јачменот содржи 56 гр јаглехидрати. Разните комбинации од мусли содржат околу 50 гр јаглехидрати на 100 грама и околу 30 гр шеќер.

Лажни „кето“ производи? Полни со јаглехидрати. Сè што вели „кето“ не значи дека е кето.

Бел ориз? 76 грама хидрати на 100 гр.

Кафеав ориз? 73 грама хидрати на 100 гр ориз.

Кафеав шеќер? Лажна утеха.

Pages: 1 2 3
Сподели

Post navigation

PreviousPrevious post:Витамини и минерали: потребен дневен внесNextNext post:Што е кето диета?

Muskultura.mk +

Ovesna kasha ili jajca za doruchek
Кардиолог: не препорачувам да се јаде овесна каша
26/09/2023
Keto pica - Keto kultura
Кето рецепти | Кето пица
13/08/2023
Кето рецепти
Кето рецепти
13/08/2023
Proteini - KETO KULTURA
Протеини од сурутка
23/07/2023
Plodnost i nivo na testosteron
Мажи, доколку сакате повисок ТЕСТОСТЕРОН слушајте:
04/06/2023
Е621
E621 – Моносодиум глутамат (екстаза на денешната цивилизација)
30/05/2023
Instagram

muskultura.mk

Снимка од гостувањето на Алфа ТВ:

Muskultura
Проблемот најчесто не е она Проблемот најчесто не е она што се чини дека е проблемот. Вистинскиот проблем е тоа што го предизвикува СИМПТОМОТ.

Решавање на симптом, наместо на проблемот кој го предизвикува симптомот води кон: 
1) Продлабочување на проблемот
2) Нови проблеми
3) Појава на нови симптоми
4) Заглавеност во рацете на системска машинерија која често сама себе не може да се разбере
🔁

Грешките во здравствениот систем, во општите препораки и во генералниот тренд на здравјето на Човек – верзијa 2023, доаѓаат од стручните, не од нестручните. Тие грешки се врежани во текстовите во учебниците.
Вели, „стрвлија сум си јас“. Воедно има вишок килограми, малку енергија, висок притисок и пие по неколку лекови.

Покачените килограми се случуваат првенствено заради неправилна исхрана. Најчесто човек не знае дека неправилно се храни или не знае до кој степен неправилно се храни.

Со исхраната тој активира хормонални сили за кои не знае дека постојат. Потоа воден од овие хормонални сили, добива уште повеќе стрв и потешка контрола на навиките.

Неуспесите да се исконтролираат навиките и однесувањата, инсталираат недоверба во карактерот. Тоа ЈА НАМАЛУВА САМОДОВЕРБАТА бидејќи одново и одново се доживуваат нови неуспешни обиди да се исконтролира.

Кога ќе го елиминираш она кое е првиот проблем (незнајно активираните телесни хормонални сили), битката престанува. Останува само чистината на карактерот непопречена од гладови, стрвови и умор. Самодовербата се враќа. The rest is future.

Почни сега.

www.muskultura.mk/програми-за-исхрана-и-вежбање/

•••••••••

#здравживот #фит #животнаенергија #програмазаисхрана #програмазавежбање #правилнаисхрана #слабеење #здравје #животенстил #здравинавики #здравживотенстил #здравослабеење #muskultura
Ова значи дека не постои „б Ова значи дека не постои „безизлезност“, не постои изговор или доволно разумна причина за да не напредуваме. СЕКОГАШ може да се подобри сегашноста.

Многумина бараат начин како подобро да издржат. Затоа и прибегнуваат кон лекови за смирување (умртвување емоции), алкохол и сл. Потоа мислат дека не го чувствуваат стресот, а всушност – не чувствуваат. Ниту стрес, ни среќа.

Кога човек сè помалку чувствува среќа, секојдневието станува стрес. Најобичните стандардни нешта стануваат стрес.

Не треба да го издржиш денот. Денот нека те издржи тебе! Вие сте далеку помоќни од тоа што мислите и поседувате далеку поголем потенцијал отколку што ви кажале учебниците.

Тој потенцијал се остварува со работа на себе:
Правилната исхрана и правилното вежбање се траен третман за животот. Денес – во време кога се аплаудира на фигури од стероиди, кога вкусот на лижавче е примарен критериум за избор на суплемент – здравиот начин на живот е акт на револуционерство.

Нека не ве чуди зошто „не е лесно“ да убедите некој да започне со поздрав третман на себе си. Критериумите се изместени далеку од шините – до таму што наместо шини има фикс идеи:
1) сметаат дека веќе живеат здрав начин на живот 
2) сметаат дека здравиот начин на живот е луксуз
3) сметаат дека здравиот начин на живот е тортура

Наскоро вебинар на оваа тема за сите кои ја имаат одбрано црвената пилула 🔴💊❤
Диет шејкови и какви било други трикови немаат ефект доколку сме во процес на дебелеење.

Процесот на дебелеење се одржува примарно преку исхраната.

Прекинот се случува со потребната промена во секојдневниот начин на живот: исхраната, вежбањето, спиењето и личната заложба за напредок (стрес или прогрес).

Стресовите водат кон вишок килограми, но пред да помислите дека треба да се променат сите што ви предизвикуваат стрес, помислете на следново:

Секојпат кога не се послушувате себе си во насока на напредок – вие ја прекршувате личната заложба. Ова потсвесно ја руши самодовербата. Вакви ситни или крупни прекршувања ГЕНЕРИРААТ СТРЕС.

Тој стрес е „автоимун“ стрес, односно тоа е удар кој си го задаваме самите на себе. Тие удари се акумулираат, тежат и со таа тежина сите други стресови стануваат уште потешки. 

Нема подобра основа за промена од личната основа. Промена не значи дека сме лоши, промена значи еден чекор понапред од местото каде стоиме.

Нема трикови. Само лична чесна заложба пред себе си. Пактот со себе е  најмоќниот пакт. Ниту еден друг пакт не функционира ако самите не се залагаме за она кое знаеме дека е добро и потребно.

Иако така изгледа, сепак ова не е свет на трикови. Ова е свет на живите.

Зголеми ја твојата живост. Напредокот е најдобар начин.

www.muskultura.mk/програми-за-исхрана-и-вежбање/

•••••••••

#здравживот #животнаенергија #програмазаисхрана #програмазавежбање #мускултурамк #посветеност #muskultura #здравослабеење #motivation #мускултура
Load More... Follow on Instagram
Сакам програма за вежбање и исхрана:

Порачај

Пребарај:
  • македонски јазикмакедонски јазик
  • EnglishEnglish
Muskultura.mk
Muskultura.mk

Услови на користење