*Рецензија (review): извештај што дава нечие мислење за квалитетот на нешто.

Рецензии на суплементи

Сме пробале најразни суплементи со различна намена и делотворност.

Некои се одлични, некои тотално беспотребни. А најголем број од потребните се упропастени со други супстанци и разводнети со евтини додатоци, што во најмала рака ги прави беспотребни. Голем дел од нив се украсени комбинации – далеку поскапи отколку посебно купени состојки/суплементи.

Вистината е дека генерално не е познато:

  • Кои се ефективни и квалитетни суплементи
  • Кои суплементи се со скриени ризици, а обвиткани во модерни пакувања
  • Дека во Македонија речиси нема избор од добри суплементи
  • Дека многу ултра-корисни суплементи воопшто ги нема кај нас, а тие што ги има се многу поскапи
  • Дека многу производи содржат непотребни и штетни додатоци

Затоа: 

  1. Ги прегледуваме суплементите и производите
  2. Ги објавуваме нашите заклучоци
  3. Ви кажуваме за најдобрите суплементи по најпристапни цени

Калкулатор за цени на суплементиМногу потрошени пари во минатото на добри и на извонредни и на никакви суплементи па и на такви со назадувачко дејство. Не се каеме за тоа бидејќи во свет каде секој суплемент се претставува како амброзија за боговите, научивме како да разликуваме вистинска амброзија од безвредни прашоци за профит. Не беше лесно затоа што стандардите за добар суплемент се толку изопачени што уште малку фали да почнат да додаваат прашок за перење а купувачот да мисли дека тоа е предност. Би рекле дека вистински добрите суплементи во светот се околу 8% наспроти 92% светлуцави и непотребни, а во Македонија процентот е околу 0.5% наспроти 99.5%.

На Мускултура ќе дознаете кои суплементи и производи да ги избегнувате. Ако досега сте ги купувале, тоа не значи дека сте во грешка. Тоа значи дека живееме во култура со изопачени стандарди.

Еве пример:

Купувате протеини, вкусот преубав. Купувате патлиџан, тој има вкус на сè само не на патлиџан. Најчесто на картон! Но не, тој и понатаму се конзумира. Не е ли тоа изопачен стандард за тоа што е прифатлив или добар патлиџан?

Човеков има понизок тестостерон. Рекламите му велат дека трибулусот ќе му помогне да има доволно тестостерон. А тој не знае дека самиот го закопува тестостеронот преку грешките што ги прави во својот начин на вежбање или исхрана или живот.

Целта на оваа рубрика

Целта на оваа рубрика а и на овој сајт не е мотивирана од профит. Доколку беше, на Мускултура ќе гледавте безвезни суплементи на секој ќош.

Најпрво, сакаме да веруваме дека ја менуваме мускулната култура во која, сакале или не, индустријата со суплементи и прехранбената индустрија се фактор. Се стремиме да придонесеме кон поправилен избор на суплементи и храна од страна на вежбачите и почесен третман кон нив од производителите и продавачите со тоа што ќе го изложуваме безвредното а ќе го споделуваме вредното.

Во рецензиите што ќе ги читате тука ќе најдете линкови и препораки до најдобрите места за продажба на суплементи, но само за најдобрите суплементи што се достојни да ги препорачаме. И секако со огромна разлика во цените и изборот.

Нашите рецензии не се реклама колку е добар вкусот, колку добро се меша прашокот и „ова е познат бренд па затоа добар е суплементов“.

Никогаш нема да напишеме добра рецензија за ниту една сума на пари за производ кој не ги поминува стандардите на Мускултура.

Сакаме да дадеме уште повеќе

Не веруваме во суплементи што креваат врева околу беспотребни „придобивки“ и безвредни, дури и штетни додатоци. Веруваме во личен пристап. Го цениме човекот како човек и остро се спротивставуваме на нудење штетни и непотребни додатоци на човечки битија кои сакаат подобро здравје, сила и изглед.

Желбата да се подобриш себеси и да достигнеш подобра верзија од себеси е нешто многу возвишено. Луѓето што сакаат подобра верзија од себе и што се спремни да ја градат – не заслужуваат никакви трикови!

Добри производи – да, да, да! Другото – не, но нема да остане незабележано.

Доколку сакате да учествувате во нашата мисија, тоа можете да го сторите со споделување на Мускултура на вашите пријатели и со вистинска употреба на ова знаење во животот

Исто така и со донација!

Кето-култура-протеини

Протеини од сурутка

Протеините во прав не се наменети само за шејк, со нив се приготвуваат безброј рецепти, кето лебови, кето благи и слатки… Во главно ако се разбере дека 30 гр протеин во прав дава 23-25 гр чист протеин, тогаш знаеме дека…

Details
Суплементи мк ск

Што значи „добар протеин“

Што значи „добар протеин/суплемент“? Овде не зборуваме за разликата помеѓу разните извори на протеини, како сурутка, говедски…, итн. За тоа прочитајте тука. Често слушаме прашања и коментари што се однесуваат на „добрината“ на некој протеински прашок како суплемент. Дали некој протеин во прав е добар или не, е прашање на кое многу често површно се…

Details
Сируп за слабеење | Sirup za slabeenje | Caj za slabeenje | Чај за слабеење

Изгубете 50 кг за три месеци, а можеби и ќе исчезнете

Онлајн продавница продава чудотворен производ којшто е толку моќен што за 3 месеци ќе направи да ослабете 50 кг. Барем така велат во нивната реклама на Фејсбук. Станува збор за 100 милилитри сируп по цена од 970 денари. Во рекламата стои „ИЗГУБЕТЕ 50 КГ ЗА ТРИ МЕСЕЦИ“, „БЕЗ ДИЕТА“ и „БЕЗ СПОРТ“. Она што е…

Details
Разбуди ја машкоста

Разбуди ја машкоста

Не, не со трибулус. Поттикнати од некои реклами за специјални тревки кои што можат да ја разбудат машкоста, решивме да кажеме нешто вистина околу тоа. Трибулус е тревка во капсула. Таа не е замена за машкост. Машкоста е склоп од полот, начинот на размислување, начинот на однесување, хормоналниот профил, изгледот, начинот на живот. Фактот дека…

Details
Виталиа крекери со семиња - кето или некето

Рецензија: Кето или некето? Виталиа крекери со семиња

Се појави нова линија на производи, наречени „кето“ од Виталиа. Би сакале да дадеме наше мислење околу некои од овие производи во врска со нивната складност со кето диетата. Производ: Виталиа кето крекери со семиња Нутритивни вредности на 100 гр производ јаглехидрати: 37.7 грама; протеини: 18.9 гр; масти: 20.9 гр. Со овој состав производот не…

Details

Внимавајте на гејнери полни со шеќер

Зошто дел од индустријата  за суплементи нуди толку многу производи и гејнери полни со шеќер? . Бидејќи навистина мал број луѓе читаат содржина и количина на шеќери Бидејќи е евтино за производство а се рекламира и продава како „Најново откритие во науката“ Бидејќи заради успорување на метаболизмот, се раѓа потреба од дополнителна суплементација Бидејќи на…

Details