Skip to content
Muskultura.mkMuskultura.mk
Muskultura.mk
  • Вежбање
    • Принципите на вежбање
    • Хормоните и вежбањето
      • Улогата на хормоните
      • Тестостерон – улога и дефиниција
      • Хормонот за Раст – функција и дефиниција
      • Глукагон – важен топач на масти
      • Инсулин – функција и дефиниција
      • Кортизол – функција и дефиниција
      • Естроген – функција и дефиниција
    • Вежби
      • Мускулна маса и сила
      • Чучњеви
      • Бенч преса
      • Веслања со шипка
      • Стоечко кревање шипка над глава
      • Мртви кревања
    • Програми
      • Мускултура
      • 5х5
  • Исхрана
    • Принципи на исхраната
    • Кето и интервално постење
    • Кето рецепти од Мускултура
    • Табела на продукти и калкулатор за дневен внес
    • Суплементи
    • Програм за исхрана од Мускултура
  • Спиење
  • Кето и интервално постење
  • Програм за вежбање и исхрана
  • Доза +
  • Контакт
    • Прашај
  • Language
    • македонски јазикмакедонски јазик
    • EnglishEnglish
 
  • Вежбање
    • Принципите на вежбање
    • Хормоните и вежбањето
      • Улогата на хормоните
      • Тестостерон – улога и дефиниција
      • Хормонот за Раст – функција и дефиниција
      • Глукагон – важен топач на масти
      • Инсулин – функција и дефиниција
      • Кортизол – функција и дефиниција
      • Естроген – функција и дефиниција
    • Вежби
      • Мускулна маса и сила
      • Чучњеви
      • Бенч преса
      • Веслања со шипка
      • Стоечко кревање шипка над глава
      • Мртви кревања
    • Програми
      • Мускултура
      • 5х5
  • Исхрана
    • Принципи на исхраната
    • Кето и интервално постење
    • Кето рецепти од Мускултура
    • Табела на продукти и калкулатор за дневен внес
    • Суплементи
    • Програм за исхрана од Мускултура
  • Спиење
  • Кето и интервално постење
  • Програм за вежбање и исхрана
  • Доза +
  • Контакт
    • Прашај
  • Language
    • македонски јазикмакедонски јазик
    • EnglishEnglish

Најнепознатата вежба за стомачни мускули

Вежбата што следи во прилог е вежба за стомачни мускули која ја дадовме како одговор на едно од прашањата на читател на Мускултура.

Прво да разјасниме нешто.

Мускулите сместени во средиштето на телото се многу битни ако сакаме поголема стабилност на телото, сила и потпора за другите делови. Сите стомачни мускули спаѓаат во средиштето на телото, во кое има и уште неколку други мускули. Тука ќе се задржиме на стомачните.

Постојат четири стомачни мускули и се поставени во три слоја.

Преден, надворешни странични, внатрешни странични и внатрешен стомачен мускул. Стомачните мускули не се само предниот стомачен мускул, оној што најчесто се вежба. Дури и кога велат „горни“ и „долни“ стомачни, тие се сепак дел од предниот стомачен мускул, т.е. горниот слој.

Преден стомачен мускул: RECTUS ABDOMINIS (rectus = исправен/прав)

Rectus abdominis | Преден стомачен мускул

Потоа, надворешните странични стомачни мускули се наоѓаат на левата и десната страна од предниот стомачен мускул.

Надворешни странични стомачни мускули

External oblique muscles - Надворешни странични стомачни мускули

А внатрешните странични се поставени под надворешните странични стомачни мускули.

Внатрешни странични стомачни мускули

Internal oblique muscles - Внатрешно странични стомачни мускули

Најзанемарениот стомачен мускул е внатрешниот, тој се наоѓа во најдлабокиот слој на стомачните мускули. Поставен е под внатрешните странични и предниот стомачен мускул.

Внатрешен стомачен мускул – TRANSVERSUS ABDOMINIS (се нарекува трансверзен бидејќи неговите влакна се поставени трансверзално, односно накрсно во однос на вертикалната средина на стомакот, што значи се поставени хоризонтално)

Внатрешен стомачен мускул - вежба за стомачни мускули

 

Неговото зајакнување помага да се спречат болки и повреди во долниот дел од грбот. Тој е природен „каиш“!

Една од неговите функции е да го стабилизираат долниот дел од грбот и карлицата пред да се изведува какво било движење со рацете или нозете. Доколку се практикува вежбата дадена подолу, може да се постигне поголема заштита на ‘рбетот од повреди при кревање и стабилизирање на торзото (средишниот дел на телото).

Друга функција што нѝ е битна овде, е дека со оваа вежба стомачните мускули можат да се затегнат навнатре, особено ако се претходно растегнати заради подуеност на стомакот или други причини. Ова овозможува израмнување на стомакот и подетален изглед на предните стомачни мускули.

Меѓутоа ова е само еден фактор за рамен стомак и видливи стомачни мускули.

(ПРОЧИТАЈ) Како до рамен стомак?

Овој мускул не се вежба со стандардните вежби за стомачни. Се вежба преку правење вакуум односно повлекување на стомакот наназад.

Абдоминални вакууми – вежбата за внатрешниот стомачен мускул

Вежбата се прави со задржување на стомакот навнатре. Напорот треба да е како да сакате папокот да допре до ‘рбетот. Седите или стоите, и стомакот го стегате повлекувајќи го најназад што е можно. 10 пати затегате навнатре и отпуштате (загревање). Потоа држете навнатре 5 секунди и отпуштете. Во првите два-три дена правете го ова 3-4 минути.
Потоа држете по 8-10 секунди. Правете два пати дневно по 5 минути. По три-четири дена, одете на 20 секунди, три пати дневно по 6-7 минути. Понатаму времето на држење треба да се зголемува. Дишењето треба да е сосема нормално додека држите.

Вежбата се прави на празен стомак (да поминат најмалку 3 саати по јадење). Доколку ја правите вежбата без да се придржувате целосно како што е опишано овде, може да се јават непријатни болки во пределот на стомакот.

Се надеваме дека оваа вежба веќе нема да биде најнепознатата вежба за стомачни мускули.

Сподели

Post navigation

PreviousPrevious post:Како до рамен стомак?NextNext post:Загревање пред тренинг – како?

Muskultura.mk +

Кето е за секој спорт
Супериорноста на КЕТО во спортот и во животот
18/07/2024
Гостување во ТВ Телма | Митови во исхраната и вежбањето
Митови во исхраната и вежбањето | Гостување во Телма ТВ | Кето чизкејк
16/05/2024
Што го вртам, ако сака нека си плати личен тренинг
17/07/2023
Опаѓање
Како исчезнува здравјето
01/04/2023
Вежби-за-рамен-стомак
Вежби за рамен стомак
24/02/2023
Мускултурски закони
Мускултурски закони
05/02/2023
Сакам програма за вежбање и исхрана:

Запиши се

Следи нè на:

Facebook
Instagram

Instagram
Muskultura

muskultura.mk

Исхраната и плодноста
👇

Хормоните го водат мускулниот раст, слабеењето, појачувањето на силата. Тоа се одвива најмногу ЗА ВРЕМЕ НА ОДМОРОТ.
Лош сон, лоша исхрана, неакт Лош сон, лоша исхрана, неактивност, алкохол и други дроги, постојано тинтрање на себе со допамин преку лажни задоволства – сите тие се методи за телото и умот да плачат по комфорт зоната. Тие се метод човек ДА ЈА ПОСАКУВА комфорт зоната, да ја гледа како лек. Не само да не излезе од неа, туку да се буни против сè што му посочува излез. Тоа е реалноста што преовладува и денешниот стандард: пасивно прифаќање и прилагодување на мислењето и постапките од околината. Затоа денес и околината е вид комфорна зона. Желбата да се биде прифатен од околината е убиец на прогресот. Сигурна осуда за останување во внатрешниот затвор на комфорот.
.
.
.

#комфортзона
#правилнаисхрана
#добарсон
#правилновежбање
#здравинавики
#правилничекори
Може решенијата да се бараа Може решенијата да се бараат во разни супстанци и трикови, но вистинското опуштање доаѓа одвнатре. Со правилен третман на себе си, добиваме правилен резултат.
👉 Читај www.muskultura.mk
Човечкото тело ИМА ПОТРЕБА Човечкото тело ИМА ПОТРЕБА од секојдневна 8-часовна здравствена ТЕРАПИЈА. Тоа Е сонот.
Без таа терапија денот станува антитерапија.
Load More... Follow on Instagram
Пребарај:
  • македонски јазикмакедонски јазик
  • EnglishEnglish
Muskultura.mk
Muskultura.mk

Услови на користење