Еден од најпознатите и најценети суплементи е протеинот од сурутка во прав.
Од практично искуство, можеме да кажеме дека иако се нарекуваат суплемент, протеините во прав се всушност ХРАНА во прав. Секако дека еден елемент не е замена за целокупна исхрана, но протеините во прав навистина можат да бидат голем сојузник во нашите настојувања да постигнеме подобра верзија од себеси преку правилна исхрана и правилно вежбање.
Мускултура го препорачува протеинот на КЕТО КУЛТУРА, чист, без ГМО и без никакви вештачки додатоци.
Нутритивни вредности на доза од 30 грама: протеини 23 гр, масти 2,2 гр од кои заситени 1,35 гр, јаглехидрати 2,55 гр од кои млечен шеќер 2,37 гр, енергија 520 kJ / 123 kcal, природно присутна сол 0,12 гр.
Производите на КЕТО КУЛТУРА можете да ги порачате на формуларот кој се наоѓа подолу на страницата или во порака.
Совети и калкулации околу протеините
Протеините во прав не се наменети само за шејк, со нив се приготвуваат безброј рецепти, кето лебови, кето благи и слатки… Во главно ако се разбере дека 30 гр протеин во прав дава 23-25 гр чист протеин, тогаш знаеме дека во протеини тоа е еквивалентно на 100 гр месо. Речиси секое месо содржи 25-30 гр протеин на 100 гр. Риба е околу 18 гр протеин на 100 гр. (Свежи).
Ако во еден оброк сакате да внесете 50 гр протеини, можете да изедете 100 гр месо + шејк со 30 гр протеини во прав. Бидејќи исто така се користи и во разни кето колачи, фиксна доза за протеини во прав реално не постои.
Постои еден мит кој вели дека телото не може да искористи повеќе од 30 гр протеин внесен наеднаш. Ова во главно се однесува на чист протеин во прав, но некои луѓе го сфаќаат дека важи за кој било протеин и каква било исхрана. Со правилна исхрана во која имаме добар сооднос на протеини и масти, протеините добро ќе се искористат. Затоа пожелно е протеинот во прав да се зема по оброк и во комбинација со масти.
Колку пати дневно се консумира протеин во прав? Ако протеинот во прав го гледате како храна во прав, наместо како препарат, тогаш дозирањето станува појасно. Се зема онолку пати колку што сакате преку него да ги внесете потребните количини протеини. Затоа вистинското прашањето е колкав вкупен внес на протеин ми треба во еден ден. Тоа зависи од вашите цели, нивото на активност, начинот на вежбање, телесната форма, но грубо кажано за луѓе кои вежбаат со тежини потребниот внес е од 1-3 гр протеин по килограм телесна тежина.
Бидејќи протеинот од сурутка не става голем товар врз дигестивниот систем и се смета за еден од најлесните извори на протеин во тој поглед, повеќе од препорачливо е да се земаат барем 1-2 дози дневно.
Тука влегува и цената.
Ценовни пресметки
Чисто за споредба да ја видите разликата помеѓу цената на протеини од неколку извори.
Повеќето протеини во прав чинат најмалку од 2,2 до 3,2 ден. по грам чист протеин. Вештачките засладувачи, вештачките вкусови и вештачките бои се гратис.
Протеинот на КЕТО КУЛТУРА моментално чини 1200 ден. за кг (или уште поефтино, 3400 денари за 3 кг). Во него има околу 80 гр протеин на 100 гр прав. Тоа се 1,5 ден. по грам протеин (или 1,13 денари по грам протеин ако земете 3 кг).
Свежото месо чини околу 450 ден. за кг, ако земеме некој просек. Тоа се околу 1,8 денари по грам протеин. Доколку би јаделе во ресторан, тогаш тоа би ве чинело најмалку 4-6 денари по грам чист протеин од месо.
Некои луѓе прашуваат како тоа овој протеин може да биде со толку добра цена. Вистинското прашање е зошто другите протеини се толку скапи.
Многу едноставни се причините зошто цената е толку добра. Квалитетот на протеинот не е ништо послаб туку напротив, супериорен, чист протеин без ГМО! Дополнително на тоа што во ЕУ не е дозволена употребата на хормони кај кравите за постигнување поголем принос на млеко, додека во САД тоа е дозволено.
Причините за најдобрата цена на пазарот
- Големите компании се потпираат на дистрибутерски мрежи и посредници за својата продажба. На пример, компанија А од САД произведува протеини од сурутка во прав и ги продава ширум светот. Тој протеин мора да се увезе од страна на компанија Б која исто така мора да има профит за да ѝ се исплати да го продава тој производ. Компанија Б работи со разни други дистрибутери, како Компанија В, Теретана Г, Тренер Д. Овие помали дистрибутери исто така мораат да имаат ќар од продажбата на протеинот. Тоа значи дека компанијата А мора да ја направи продажната цена многу повисока од набавната цена, за да може да има место за ќар од страна на сите дистрибутери во ланецот. Доколку би немало, дистрибутерите секако не би имале интерес да го нудат и продаваат тој протеин. Целата работа е што нивниот ќар го плаќате вие, крајните потрошувачи. Фактички вие плаќате за нивната дистрибуција. Истото важи и за мултилевел маркетинг шеми и сл. (Во мултилевел секој треба да заработи, а тој ќар доаѓа од купувачот, па затоа мултилевел производите се ултра скапи).
- КЕТО КУЛТУРА не се потпира на дистрибутерски мрежи па затоа целото неопходно покачување може да се прескокне. На тој начин не се товари џебот на потрошувачот.
- Ова не значи дека нема да постојат други дистрибутери на производите од КЕТО КУЛТУРА, но дефинитивно не по стандардниот систем на дистрибуција кој за да може да постои, го товари џебот на купувачот.
- КЕТО КУЛТУРА не ги преценува производите ценовно, односно не ги формира цените базирано на желба за профит, туку базирано на разум.
Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
19.07.2023
ФОРМУЛАР ЗА ПОРАЧКА