Има голема разлика помеѓу проблем и (негативна) последица. Последицата потекнува од проблемот. Проблемот потекнува од фактори за кои може сме или не сме свесни, но тие фактори имаат директна врска со нас и нашиот начин на живот.
Сакам да обрнеме внимание на некои од најчестите здравствени проблеми, односно последици.
Висок притисок
Најчестата причина за висок притисок е денешната стандардна исхрана која изобилува со јаглехидрати до тој степен што инуслинот преку ден е постојано висок. Дополнително, така телото задржува повеќе сол и вода со што се покачува притисокот. Со тек на време живеејќи со ваква исхрана, се создава инфламација во организмот која води и кон стврднување на артериите што дополнително го качува притисокот…
– Вишок килограми: колку повеќе масно ткиво имате, толку повеќе вашето срце треба да пумпа крв за да обезбеди кислород и хранливи материи до тоа ткиво. За разлика од вишокот сало, мускулната маса влијае позитивно врз срцевата ефикасност.
– Недоволен физички напор: телото е конструирано за високо ниво на физички напор, далеку повеќе отколку што е конструирано да мирува. Без физички напор, симулираме хибернација. Процесите во телото се успоруваат, не се случува регенерација во потребниот степен и телото забрзано старее.
– Цигари: секоја цигара привремено го зголемува крвниот притисок. Пушењето ги оштетува ѕидовите на крвните садови и води кон стеснување на артериите. Исто така, ја зголемува веројатноста за згрутчување на крвта и го принудува срцето понапорно да работи. Во превод, не само привремено туку и хронично го покачуваат притисокот.
– Хронично покачен кортизол: кога се покачува кортизолот, крвните садови се стеснуваат за да се намали достапноста на крв за неесенцијалните системи во стресниот момент (дигестија, репродукција, имунитетот), а тоа го покачува притисокот. Ова е негова физиолошка функција, наменета за итни моменти на стрес. Но денешниот просечен човек живее со постојано покачено ниво на стрес (кортизол), па така често страдаат „неесенцијалните“ системи. Покачениот кортизол води кон огромен број негативни здравствени последици:
Хронично покачен кортизол не се мери на тест бидејќи најголем дел од луѓето со хронично покачен кортизол имаат нормално ниво на кортизол на утринската крвна анализа. Проблемот е како го качуваме и одржуваме покачен во текот на денот. Истото важи и за инсулинот. Ако на тест се покажува покачен инсулин или кортизол, тоа значи дека одамна, одамна се готвела таквата ситуација. Поентата е да се спречи уште кога не се гледа абнормалност на тестот. Повеќе за тоа тука.
Низок тестостерон
Ниско ниво на тестостерон може да произлезе од огромен број причини, од кои речиси СИТЕ можат да бидат под наша контрола. Најчесто се работи за склоп од повеќе истовремени фактори. Високиот притисок исто така негативно влијае врз тестостеронот. Дел од лекарствата за притисок исто така негативно влијаат врз тестостеронот.
Неколку совети како да го подобрите тестостеронот:
- Подобрете го сонот (и ќе подобрите многу повеќе)
- Не вежбајте долготрајно и пречесто,
- Не внесувајте висока содржина на јаглехидрати (леб, ориз, тестенини, компири, сокови, колачи, чоколади, торти, крекери, грисини, жита…). Ваквата храна вообичаено е застапена во високи количини на дневна основа. Тоа создава инфламација во организмот, оштетување на клетките и како резултат – НИВНИТЕ ФУНКЦИИ.
- Намалете или исфрлете го алкохолот – тој нема никаква физиолошка вредност во организмот.
Збор-два за алкохолот:
Тоа дека ракијата зголемувала циркулација или виното содржело антиоксиданти се лошо применети концепти. За да ја подобриме циркулацијата ПРВО треба да го решиме тоа што ја влошило! Друго, има безброј здрави начини за подобра циркулација. Трето, цијанидот како еден од најпознатите отрови исто така ја зголемува циркулацијата. Многу од пестицидите имаат таков ефект, но тоа секако не ги прави добри. Четврто, редовната консумација на алкохол дури и во умерени колични го качува притисокот, ја згуснува крвта и ја зголемува склоноста кон срцеви и мозочни удари. Еден од најсилните антиоксиданти присутни во виното е ресвератролот, кој варира од 0.1 до 14 мг во ЛИТАР вино. Ресвератрол постои во форма како суплемент, најчесто од 200 мг, што значи дека една капсула содржи ресвератрол како 20 литри вино! Тука не зборуваме дека не смееме никогаш да се напиеме алкохол, зборуваме дека не треба да се залажуваме дека влечеме некаква здравствена корист. И да не се залажуваме дека мали количини имаат мал ефект. Мал ефект врз што? Имаат огромен ефект врз тестостеронот, врз инсулинот, врз кортизолот!
- Намалете со кофеинот, еве зошто:
View this post on Instagram
Дијабетес
Дијабетот тип 2 е во главно диететски проблем – проблем на исхраната! Високиот внес на јаглехидрати кој предизвикува постојано висок инсулин е главната причина за појавата на ова заболување кое е со рекордна стапка од година во година. Стресот – покачениот кортизол – дополнително придонесува и води кон оваа состојба заради неколку од неговите механизми. Исто така, внесот на вештачки засладувачи, вештачки ароми и вештачки бои, конзерванси, неповолно влијаат врз когнитивните функции, дигестијата и хормоните. Овој внес не е занемарлив, денешниот човек (уште пред раѓање) е преплавен со беспотребни хемии кои можат да се избегнат.
Дијабетот тип 1, кој се смета за автоимуно заболување и најчесто се појавува кај деца до 14 години, има силна врска со исхраната, супстанците и стресот на кои била изложена мајката за време на бременоста. Научниците сè уште полемизираат околу ова, но сè повеќе докази постојат за ефектите од навиките на мајката за време на бременоста. По раѓањето, храната и супстанците на кои е подложено детето играат голема улога врз активацијата на автоимуни состојби како дијабетот тип 1.
Со правилни чекори, се постигнуваат одлични здравствени резултати непознати за денешните учебници (но не и за науката) и кај дијабет тип 1 и кај тип 2.
Депресија и анксиозност
Анксиозноста и депресијата како негативни ментални состојби можат да бидат предизвикани од многу фактори од кои најголемиот дел се во наша контрола. Наместо да размислуваме за апчиња при вакви состојби, да разговараме малку попрактично за факторите кои водат кон нив:
- Хронично покачен кортизол директно води кон анксиозност, депресија, негативни мисли, панични напади… Телото не го интересира од што е кортизолот покачен – дали е тоа од ненаспаност, дали е тоа од прекумерно вежбање, алкохол, стрес, караници…
- Дали знаете дека депресија или анксиозност може да се појават заради недостатоци во исхраната? Недоволен внес на протеини или внес на неквалитетни протеини директно влијае врз нашата ментална состојба, бидејќи едни од најважните хормони за расположение – серотонинот и допаминот се произведуваат од аминокиселини присутни во протеините! На пример недостаток на Б витамини или калциум или магнезиум може да води кон влошена ментална состојба (вознемиреност, страв, анксиозност, депресија, слабо внимание и концентрација, несоцници…). [Недостатоци во исхраната не се само „немање внес“ туку резултираат и од внес на блокирачи на апсорпција како и од воспалени црева како резултат од исхраната и изложеност на штетни хемикалии.
- Недоволно или неквалитетно спиење. Спиењето е толку важно што треба да постои цела наука посветена само на спиењето како тема.
- Негативни луѓе: континуираната изложеност на токсична енергија може да предизвика несигурност, намалена самодоверба и секако анксиозност, депресија односно сите форми на негативни ментални состојби.
- Непродуктивност: кога времето го губиме на непродуктивни навики, самите почнуваме да генерираме токсична енергија и стануваме далеку посклони кон влошена ментална состојба. Кога правиме нешто што не треба да правиме или кога не правиме нешто што треба да правиме, добиваме повеќе токсична енергија во форма на демотивација, стрес и намалена самодоверба:
View this post on Instagram
Посветување време во продуктивни навики директно ја подобрува менталната состојба. На пр. редовното вежбање е еден од најсилните природни антидепресиви, но за да биде така – тоа мора да се изведува од аспект на хормоните а не од аспект на чиста „физичка активност“. Најчестите грешки во вежбањето стимулираат премногу кортизол и на долг рок се создава обратен ефект.
Можеби забележавте дека многу од факторите наведени во оваа статија влијаат кај сите од наведените состојби. Со правилен пристап кон исхраната и животниот стил овие фактори СЕ ПОДМИРЕНИ.
Битна здравствена насока
АНКСИОЗНОСТА, ДЕПРЕСИЈАТА, ВИСОКИОТ КРВЕН ПРИТИСОК, ДИЈАБЕТОТ, итн., НЕ СЕ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД НЕДОВОЛЕН ВНЕС НА ЛЕКАРСТВА!
Денешниот здравствен систем размислува како лекарствата да се неизоставен дел од нашата физиологија па без нив не можеме да функционираме. Инаку не би биле препишувани така на големо и тоа со идејата дека „ќе си ги пиеш до крајот на животот“. И наместо да се храниме ПРАВИЛНО, тие нè учат да бегаме од сол, од животински масти, од месо, од жолчката во јајцата… Нè учат дека холестеролот е лош (а ракија било добро за циркулација!), кога всушност е неопходен за живот и во поново време науката согледува дека покачен холестерол како самостоен параметар не значи НИШТО ЛОШО туку напротив! Да не зборуваме за тоа како во последните децении ги снижуваат границите за тоа што е „добро ниво“ на холестерол!
Ние не можеме да функционираме без правилна исхрана, правилно вежбање и квалитетен сон. Нарушувањето на овие три фактори се коренот на најголемите и најчестите здравствени проблеми, вклучувајќи ги и проблемите со плодноста.
Воведувањето на правилна исхрана, правилно вежбање и квалитетен сон е воведување на здрав живот.
Дино Николиќ
Здравствен тренер
Креатор и автор на Мускултура
16.02.2025
