Како што кето начинот на исхрана станува сè позастапен, така и светот ги согледува неговите бенефити. Не дека оние кои даваат официјални препораки за препорачан дневен внес нешто специјално се потрудија да ги разгласат тие бенефити, но кога нешто е преочигледно истото не може лесно да се негира во очите на јавноста, бидејќи самата јавност е таа што ги согледува бенефитите од прва рака. Односно, сè поголем број луѓе се на кето и од прва рака гледаат кои препораки се од полза, а кои не. Некои луѓе веруваат или не веруваат дека кетото многу побрзо гради мускули, додека кај нас секој што е на програма го живее тоа.
Војската на САД утврди дека кето начинот на исхрана може да ги појача способностите на војниците на бојното поле, особено под вода. За ова пишува и весникот Вашингтон Тајмс.
Лиза Сандерс, Директор за наука и технологија при Американската воена управа за специјални операции (под чија команда спаѓаат сите воени структури на САД како и Navy SEALs) вели дека кетозата го оспособува телото подобро да се справува со недостаток на кислород (како при нуркање). Поконкретно, таа вели дека утврдиле дека кето исхраната им помага на војниците да можат да издржат ситуација на недостаток на кислород, односно дека нуркачите кои се хранат со кето начинот на исхрана – можат подолго да останат под вода.
Она што е многу интересно со овие истражувања кои звучат како кетозата да е нешто сосема ново, е дека човекот бил во кетоза стотици илјади години, освен во последните векови кога почна да јаде кроасани и ужинки на секои 2 часа. Но сепак ова откритие дава голем увид во само една од убавините на кето начиниот на исхрана.
Познат ризик при нуркањето на големи длабочини или долготрајни нуркања каде се користи опрема за дишење со висока концентрација на кислород е кислородниот напад како резултат на кислородната токсичност. Кислородот станува токсичен кога преголема количина навлегува во клетките.
„Еден од ефектите на вистинската кетоза е дека таа го менува начинот како телото се справува со недостаток на кислород, па затоа реално може подолг временски период да се остане под вода на поголеми длабочини, а без да се доживее кислороден напад. Статистички знаеме што ѝ прави кетозата на вашата способност за одржување на кислород.“ – Лиза Сандерс.
Тоа им овозможува на елитните оперативци како Navy SEALs да бидат поефективни во тактичко нурнување или напад кој започнува од подводно SEAL возило.
Д-р Дејвид Лудвиг, професорот за исхрана во Училиштето за јавно здравје „Чен“ при Универзитетот „Харвард“, објаснува дека кетозата го намалува количеството на производство на јаглероден диоксид од страна на телото во споредба со количеството кислорот што се троши. Тој вели: „Не е кислородот во вашата крв тоа што ве тера да сакате да вдишете, туку порастот на јаглероден диоксид во крвотокот ја поттикнува потребата да се дише. Кетогенската диета е најдобриот начин да се намали создавањето на јаглероден диоксид. Ако сте на кето диета, тоа помага да се намали она што се нарекува респираторен коефициент, односно количеството на јаглероден диоксид произведено од телото во споредба со количеството кислород што се апсорбира.“
Респираторен коефициент или респираторен сооднос, е пропорцијата помеѓу количеството ослободен јаглероден диоксид и количеството на апсорбиран кислород, при дишење.
Тоа е нешто слично како да имате друг бензин кој за истата количина согорен бензин произведува помалку јаглероден диоксид.
На кетогенска диета, телото има помала потреба за дишење – околу 15-30% помалку, што е многу значајно во екстремни ситуации како при престој во подморница или нуркање за да се извади неексплодирана направа.
На вебсајтот на армијата на САД пишува:
„Дали армијата треба да употребува кето?
Едно неодманешно истражување објавено во журналот ’Воена Медицина‘ утврди дека ’Членови на воениот персонал на САД со стриктно придржување кон кетогенска диета покажаа извонредно намалување на тежината … без притоа да се влошат адаптациите во физичкиот перформанс при тренинг со вежби.‘ “
Ова е исто така едно од објаснувањата зошто на кето се зголемува фокусот, бистрината и координацијата. Мозокот кој тежи 2% од целата тежина на телото, потрошува 20% од целиот кислород кој го вдишуваме. Заради ова науката е свесна дека мозокот е многу лесно повредлив во состојба на намален кислород или намален доток на крв. Замислете што се случува со мозокот кога имаме повеќе кислород на располагање. Замислете што се случува со животот!