Нашите претци, односно оние од пред 300.000 години па до пред неколку илјади години (истите како модерниот човек со смартфоните) имале многу обемни трпези. И тоа за сите тие 300.000 години. А дури и во претходните милиони години – еволуцијата изобилувала со изобилство од храна.
Тие јаделе по цел ден. Само грицкале нешто. На трпезата имале најразноврсна храна. Еден обичен ручек изобилувал со 9 салати, 7 видови меса, 11 видови морски плодови, 8 видови зеленчук, масти од 5 различни потекла, 20 врсти на овошје и 18 врсти на јаткасти плодови. Никогаш, никогаш не биле со празен желудник.
И така врз основа на нивната успешност во преживување (доказот за неа е фактот дека ние денес постоиме) можеме да изведеме неколку заклучоци:
• Потребно е да се ужива во вкусовите колку е можно повеќе бидејќи уживајќи во вкусови, а не хранејќи се нутритивно – успеавме да опстанеме 300.000 години.
Не само 300.000 години, туку и милиони години претходно.
Овие „заклучоци“ се всушност денешните митови според кои се води исхраната и според кои се „РЕШАВА“ проблемот кој истата го создава.
Иако овие заклучоци личат како првоаприлска шега, тоа всушност е нивото на денешната исхрана на човештвото – првоаприлска шега за која сите заборавиле дека е шега па сериозно ја практикуваат.
Гледате колку митови постојат во исхраната. Самата пирамида на исхрана е еден голем, фанатичен мит. Таа дава ФРЕКВЕНТНОСТ на тоа кои видови храна да се јадат.
Не е важно да се јаде разноврсна храна, туку да се внесуваат потребните нутриенти.
Фактот дека сме живи денес е доказ дека начинот на преживување на претците бил УСПЕШЕН, на долг, долг рок.
„Разноврсна исхрана“ не е гаранција дека ќе ги внесете потребните нутриенти! Дополнително, колку поголем број намирници имате во даден оброк, толку поголем напор на телото му треба за да ги разложи. Ова не значи да јадете само еден вид храна, но сигурно не значи „исхрана која содржи од сè по малку, умерено“.
И секако, нашите претци не опстанаа со исхрана во која преовладуваат јаглехидрати.
Модерен „напредок“
Замислете, денес човештвото тоне надолу во најразни заболувања, а при најсовремена технологија. И видете: за едни мизерни неколку стотици години како успеавме да го изобличиме човекот на ниво на днк. Денешните тела хормонално не личат како оние од 70-те години на 20-от век, а камоли стотици илјади години претходно. Веќе и визуелно сликата не е иста како во 70-те години…
View this post on Instagram
Нивото на тестостерон кај просечниот маж забрзано паѓа. Кај денешниот човек речиси е невозможно да се детектира хормонот за раст (соматотропин) преку ден. Затоа и референтните вредности за соматотропин се снижуваат.
Што мислите, дали човекот пред 120.000 години имал гинекомастија, вишок килограми или висок притисок?
Иако популацијата на Земјата се зголемува, наталитетот во споредба со 1950 година е намален за повеќе од 50%. Точно е дека денес животниот век е зголемен. Тоа во главно се должи на пронаоѓањето на антибиотици и вакцини. Луѓето порано умирале од инфекции кои денес се смешни и се лечат додека да стигнете од аптеката до дома.
Животниот век се зголеми исто така бидејќи медицината и науката се сè поспретни како да го одржуваат човек жив и покрај нездравите навики. Ако има висок притисок заради ракијата, бурекот и цигарите, ние ќе му го „регулираме“ механички, односно ПРИСИЛНО. Или ќе му направиме операција и механички ќе му преповрземе одредени делови. Ако има висок холестерол, ќе му дадеме блокатори на холестерол кој е незаменлива сировина за производство на тестостерон, естроген, кортизол и витамин Д. Но тоа не е важно, важно е дека холестеролот ќе се доведе во рамките на референтните вредности за кои постои согласност дека се НОРМАЛНИ.
А кога ќе има вишок сало и низок тестостерон, тогаш ќе правиме безброј испитувања (но не, правилната исхрана била скапа). Или ќе му даваме тестостерон. И потоа кога ќе доживее негативни ефекти од тоа, како демотивираност или депресија, ќе му дадеме антидепресиви и лекови за смирување. Гледате поставените шини каде водат.
Или ако спие неправилно и има чести главоболки од тоа, ќе му дадеме аналгетик за главата со антивоспалително дејство, а тој нека го дошине вратот (не)спиејќи. Потоа кога ќе дојде време за оштетените пршлени, тогаш му велиме дека има остеопорозни заболувања заради гените и/или староста бидејќи статистиките велат дека колку постар е човек толку повеќе шанси има да заболи од овие абнормалности. „Па да, ете и татко ми има ишијас.“ Но, во суштина:
СО ПОГРЕШЕН НАЧИН НА ЖИВОТ, КОЛКУ ПОСТАР Е ЧОВЕК ТОЛКУ ПОАКУМУЛИРАНИ СЕ ЕФЕКТИТЕ ОД ГРЕШКИТЕ.
КАЈ ПОСТАР ЧОВЕК ПОСТОИ ПОДОЛГ ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД НА ОШТЕТУВАЊЕ ЗАРАДИ НЕПРАВИЛНОСТИТЕ ВО НАЧИНОТ НА ЖИВОТ, А НЕ ЗАРАДИ ПРОЦЕСОТ НА ЖИВЕЕЊЕ!
АКО ГИ НЕМА ТИЕ ГРЕШКИ, ЗА ЕДНА ДО ДВЕ ГОДИНИ ВО СВЕТОТ БИ СЕ РЕДЕФИНИРАЛЕ ТЕРМИНИТЕ КАКО СТАРЕЕЊЕ, МЛАДОСТ, ЗДРАВЈЕ, ЗАБОЛУВАЊЕ, ЛЕЧЕЊЕ, итн!
Да речеме дека просечниот човек пред 100.000 години имал двојно повисок тестостерон од највисоката денешна граница. Како денес науката може да каже дека таквото ниво на тестостерон е нормално, кога никаде не може да го најде? Секако дека ќе се стават референтни вредности кои кореспондираат со денешните околности. А како што се влошува ситуацијата така се влошуваат и референтните вредности.
Во некои лаборатории, за соматотропинот, како минимална вредност стои НУЛА! И тоа е „нормално“. А тој е еден од највиталните хормони во човечкиот организам.
Впрочем и значењето на терминот „референтна вредност“ е: ВРЕДНОСТ БАЗИРАНА НА РЕЗУЛТАТ КОЈ СЕ ГЛЕДА КАЈ 95% ОД ЗДРАВАТА ПОПУЛАЦИЈА.
Сето тоа се толкувања, бидејќи терминот „здрав“ има критериуми и е предмет на толкување. Понатаму, бројката од 95% доаѓа од пресек направен од испитаниците, а не 95% од 8 милијарди луѓе. Како што здравата популација станува помалку здрава, така и критериумите според кои толкуваме што е здравје, стануваат понездрави.
Тоа предизвикува инаку алармантни состојби и резултати да бидат гледани како нормални. На овој начин нештата МИРНО И ПРИФАТЕНО се движат надолу, животот станува помачен физички па секако и психички, а луѓето генерално голем дел од своето време го минуваат гледајќи информации кои не придонесуваат грам кон подобрување на здравјето и состојбата туку напротив, информации кои само генерираат и негуваат негативитет.
Затоа ова ви кажува дека ако раниот човек имал далеку подобро ниво на тестостерон, хормон за раст, здравје и сила, тогаш тоа значи дека и вие можете да ги подобрите овие состојби кај вас, секако со поголем напор, посветеност и грижа отколку што му биле потребни нему, бидејќи тогаш немало толку напади врз здравјето од сите можни страни, како што имаме денес.
Денес, правилната исхрана и правилното вежбање се задолжителни методи за подобар опстанок.