Пари или здравје

Колку чини здрав живот?

Важна тема за секој кој сака поздрав начин на живот, за секој кој се стреми да оствари повеќе во животот. Важна е  затоа што иако вложувате напори за подобар живот, околу вас изобилува од луѓе кои кренале раце па се обидуваат да ве приклонат кон клубот на „отпишаните“ за да не се чувствуваат сами.

Авторитет

Најважниот авторитет за здрав живот

Мала е навидум разликата помеѓу оние кои се трудат и човекот кој на кафе муабет со една реченица и замав со раката го отфрла сето тоа како „бадијала“. Изгледа како да нема голема разлика – двајца луѓе седат на кафе и разговараат. Но вистинската разлика е поголема од универзумот.