Загрижувачки наоди: смртноста и метаболичкиот товар
Најдраматичниот наод во студијата е дека жените и мажите со потешки психички нарушувања живеат во просек 10 до 20 години пократко од општата популација. Оваа смртност воглавно се должи на метаболички и срцеви заболувања. Кај овие пациенти редовно се дијагностицираат инсулинска резистенција, дислипидемија (абнормални масти во крвта) и митохондријална дисфункција (оштетување на клеточните погони за енергија). Дополнително, се споменуваат и несаканите ефекти од стандардните психијатриски лекови кои честопати го влошуваат овој товар преку пореметување на метаболизмот и предизвикување дебелина.
Биолошките механизми на метаболичкиот дефект
Студијата ги идентификува клучните клеточни нарушувања што ги поврзуваат менталните и телесните болести:
Инсулинска резистенција и мозочни промени: промените во гликозата се видливи уште при првата епизода на психоза, пред каква било терапија. Пациентите со ваква резистенција покажуваат значајно намалување на активниот дел од мозочната маса кој ги содржи главните нервни клетки одговорни за обработка на информациите, меморијата и емоциите. Кај тешка депресија, зголеменото ниво на специфичен подтип на инсулински рецептор во деловите за меѓуклеточна комуникација директно кореспондира со анхедонија (неможност за задоволство) и суицидност. Оваа состојба ја оштетува невропластичноста (мозочната способност за адаптација) преку зголемување на воспалителните супстанци кои го намалуваат серотонинот и неговата ефективност.
Митохондријална дисфункција (енергетски дефицит): снимањата кај шизофренија откриваат абнормално зголемен лактат (млечна киселина) во мозокот, што е доказ за нецелосно согорување на шеќерот. Истовремено, намалена е активноста на креатин киназата (ензим за брзо обновување на клеточната енергија, наречена ATP). Посмртните анализи покажуваат намалена експресија (изразување) на гените за транспорт на гликоза и за ензимите кои помагаат да се разложува шеќерот во мозокот. Овој енергетски дефицит предизвикува хаотично ослободување и потиснување на невротрансмитери.
Токсичност на висцералното (стомачно) масно ткиво: стомачното сало активно лачи воспалителни супстанци, кои 1) во мозокот го менуваат метаболизмот на аминокиселината триптофан од која се создава серотонинот и 2) создаваат невротоксични материи, што смета за потенцијален двигател кој води кон депресија и други нарушувања.
Две водечки научни теории
За да се разбере оваа биолошка двонасочност, авторите поврзуваат два концепта:
- 1. Хроничниот психосоцијален стрес ја преоптоварува способноста за адаптибилност на мозокот, ја преоптоварува надбубрежната жлезда со кортизол, предизвикува системско воспаление и долгорочно ја урива метаболичката флексибилност, водејќи до дебелина и инсулинска резистенција.
- 2. Теорија за „себичниот мозок“: при енергетски дефицит или стрес, мозокот дејствува „себично“ за да си обезбеди гориво преку отворање на специфични канали, со што се блокира секрецијата на инсулин во панкреасот. Така се спречува периферните ткива (мускулите) да го земаат шеќерот, оставајќи ја гликозата слободна во крвта за да премине во мозокот. Но, ако овој систем е хронично активен, создава постојан висок шеќер и метаболички нарушувања (дебелост, висок крвен притисок, инсулинска резистентност, високи триглицериди, понизок HDL холестерол).
Метаболички терапии како решение на клеточно ниво
Како одговор на овие дефекти, студијата нуди моќни нефармаколошки (немедицински) алатки кои директно ги таргетираат наведените биолошки патишта:
1. Кетогена диета
Како го подобрува здравјето: Кето исхраната делува како совршен „бајпас на дефектот“. Бидејќи мозокот на пациентите има нарушена способност за разложување и употреба на гликоза (не може да извлече енергија од шеќер), во кетоза телото почнува да произведува кетонски тела од мастите. Овие кетони влегуваат директно во погоните за енергија во мозокот, целосно го прескокнуваат блокираниот мозочен метаболизам и му ја доставуваат енергијата на мозокот. Кетозата поттикнува митохондријална биогенеза (создавање нови митохондрии) и го зголемува смирувачкиот невротрансмитер GABA, истовремено намалувајќи го вишокот токсични супстанци. Прелиминарните пилот-студии покажуваат стабилизација на расположението и пад на психотичните симптоми. Во мојата лична пракса со стотици клиенти досега, секогаш се покажало подобрување на расположението и намалување на нивото на стрес.
2. Интервално постење
Протокол и дејство: студијата цитира протокол од 5 дена стандардна здрава исхрана и 2 дена постење во неделата (во траење од 8 недели). Во споредба со стандардната исхрана, овој режим резултирал со двојно поголемо намалување на тежината и сериозно подобрување на извршните когнитивни функции (планирање, одлучување). Постењето работи преку „циклично метаболичко префрлање“, ја активира автофагијата (клеточно самочистење од отпад), го стимулира заштитниот протеин BDNF (за раст на нови мозочни клетки и подобрување на нивната меѓусебна комуникација).
3. Физичко вежбање
Вежбањето значително го намалува индексот на телесна маса кај шизофренија, ги намалува симптомите на депресија кај сите возрасти, ја подобрува контролата на вниманието и однесувањето. Веќе официјално се препорачува физичката активност да се воведе како задолжителен додатен третман за менталните нарушувања.
Каде е Мускултура во целата оваа приказна
Буквално сè она за што се залагаме на Мускултура уште од самиот наш почеток, денес станува мејнстрим. Нашите водечки принципи поставени уште во 2018 година, сега, во 2026, се официјални ставови и признати методи за третман во современата наука.
Низ овие 8 години практично искуство, покажавме дека сме чекор пред објавените научни наоди – не само во разбирањето на механизмите, туку и во способноста тоа знаење да го преточиме во реални, мерливи резултати кај луѓето. Мускултура не е лекарски третман и ние немаме медицински пристап; коренот на нашата експертиза лежи во подобрувањето на животните навики.
Токму затоа, нашето долгогодишно искуство во постигнувањето вистински, одржливи промени останува нашата најголема предност. Но, ние не запираме тука – нашата највисока вредност е постојаниот напредок, усовршувањето на знаењата и пристапот, за да бидеме секогаш чекор пред времето во служба на вашите резултати.
Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
08.07.2026








