Житна култура: систем на препораки, верувања, вредности, обичаи, симболи и практики кои се карактеристични за група луѓе кои ги почитуваат житата до речиси божествено ниво.
Тоа е култура во која на житата им се придава врвна улога во исхраната, а со тоа и во животот. Нивен идол е пирамидата на фанатизмот, а за дел од нив најголемо духовно достигнување се парите. (Сепак, голем дел од нив поаѓаат од чесна идеја и најискрено веруват во принципите за кои се залагаат).

Тие говорат против црвеното месо, холестеролот, јајцата и млечните производи. Се залагаат за мал внес на протеини и масти. Тие се оние кои ги озлогласија мастите.
Житната култура е создадена како стратегија за заменување на навиките. Таа замена ја отвори вратата за ново ниво на профитирање од сите можни страни притоа држејќи го човекот преплавен од проблемите на своето тело. Месото, млечниот путер, кашкавалот и јајцето станаа непријатели. Овесот, пченицата, крекерите, корнфлексот, муслите, кафеавите шеќери, вештачки селектираните овошја поблаги и поголеми од кога било претходно, вештачките засладувачи… – станаа префериран (препорачан) избор.
Тестостеронот кај просечниот маж е најнизок од кога било претходно, но житната култура инсистира на јадење жито.
Стапката на рак не била никогаш повисока, но житото е супер.
Дијабетесот никогаш не бил позастапен, но житната култура за него нуди жито.
Срцевите заболувања се број 1 причина за смрт, а житото е број 1 препорачана храна (види пирамида).
Дебелоста е на најрекордно ниво (над 50% од луѓето имаат вишок килограми), а сепак житото е секогаш со нив на масата. Салото во стомакот се зголемува, но на секој ручек има изобилство од жито.
Житото не е виновно. Ниту адитивите, вештачките засладувачи, бои и вкусови, ниту токсините во околината, ниту фактот дека голем број бремени жени внесуваат сè од ова (растечката стапка на новородени со дијабет тип 1 и аутизам не е случајност).
Виновна е житната култура. Оваа „култура“ не е само проповедништво на жито, туку е склоп од социолошки, психолошки и едукативни дефекти. Таа оди во прилог на која било желба за манипулација и угнетување на човековиот род, a популација која е преплавена од проблемите на своите тела, не може да биде ефективна пречка во какви било угнетувачки цели. Човек со половично здравје не секогаш има полна истрајност за лични работи, а камо ли за општествени.
Житната култура е навлезена толку длабоко во порите на системот на целата Земја, што таа нема никаква врска со политичките систем или гарнитури, таа ги „храни“ сите нив, поточно се храни од сите нив.
Сите припадници на житната култура не се нејзини свесни платеници. Неа најмногу ја учат невини луѓе, кои тргнуваат со најдобри намери кон другите. Таа доаѓа од учебниците, од образовниот систем, од препораките. Толку е вкоренета, што децата уште пред да почнат да учат школо, се научени да живеат на жита. А кога ќе почнат да учат школо, житната култура е тука да им ги довсади фикс идеите.
Овие фикс идеи се важен дел од денешните проблеми бидејќи главна карактеристика на фикс идеите е ПОДОЦНЕЖНА ПОТЕШКОТИЈА ИЛИ НЕМОЖНОСТ ДА СЕ СОГЛЕДУВААТ ВИСТИНИТИ ИДЕИ.

Ако ја проанализираме оваа лекција од учебникот по природни науки за трето одделение, би се збуниле:
„Храна богата со шеќери нѝ дава енергија.“
Но „консумирање слатки и газирани пијалоци доведува до расипани заби“. Значи за да имам енергија мора да имам расипани заби??? Јаглехидратите не се неопходни за енергија.
„Консумирање храна богата со масти (брза храна) доведува до појава на срцеви болести и прекумерно зголемување на тежината.“ Поистоветуваат масти со брза храна, што е елементарно непознавање и инсталација на истото во умовите на децата. Втор заклучок за умовите на децата: мастите водат кон срцеви болести, а храната богата со шеќери не. Иако всушност најголемата причина за срцевите заболувања е фреквентно високото ниво на шеќер во крвта кое доаѓа од високо-јаглехидратната исхрана.
Потоа постарите и „напредни“ ученици на оваа житна култура во понатамошните студии наместо функционални вистини, добиваат дополнителна збунетост која потоа ја пренесуваат во своите препораки и работа. Таа збунетост се рефлектира директно во човековото здравје. Така се одржува влошувањето на моменталната здравствена состојба на просечниот Земјанин.
Ова го пишува во учебниците за спортски науки кои денес и веќе со децении се изучуваат:
„Внесувањето до 60 грама јаглехидрати на час за време на тешки тренинзи може да помогне за намалување на природните воспалителни реакции.“
Шеќерот кога се покачува во крвта е едно од највоспалителните нешта! Понатаму вели:
„Јадењето јаглехидрати по завршен долготраен тренинг ги надополнува резервите на гликоген, подготвувајќи ги мускулите за следната сесија. Внесот по тренинг треба да биде околу 1 до 1,2 грама јаглехидрати на килограм телесна тежина од извори на целосна храна како овошје, зеленчук со скроб, цели зрна и интегрални житарки, збогатена храна како леб, житарки, ориз и тестенини.“
Во главно е препорачана НАЈЛОШАТА ХРАНА.
Понатаму:
„Општо земено, спортистите треба да вклучуваат 5 до 12 грама јаглехидрати по килограм телесна тежина.“ Ако тежиме 80 кг, тоа се 400-960 гр јаглехидрати дневно??? Метаболички распад.
„Предложениот сооднос за консумирање храна после тренинг е 3-4 грама јаглехидрати на 1 грам протеин.“ За 80 кг, тоа се 96 гр јаглехидрати во оброк по тренинг, со само 24-32 гр протеин.
За неспортисти, препораката е да се внесуваат 225-325 гр јаглехидрати дневно.
Гледате како „обуката“ почнува уште пред трето одделение. И сега веќе возрасниот професор, доктор, нутриционист, тренер или спортист, ги препорачува истите препораки што ги учи уште од трето одделение, само со вистинска убеденост во нив. Многу е тешко да е убеден во нешто друго кога сите учебници велат така. Потоа поголемиот дел од популацијата е убедена во истото, бидејќи сите препораки велат така.
Нормално дека неплодноста, срцевите проблеми, дијабетесот, ракот, анксиозноста, депресијата и вишокот килограми ќе бидат во пораст. Тоа е ефектот на пирамидата на фанатизмот. Сепак, таа слика може да се промени.
P.S. Нека не ве залажува приказната за интегрално тесто, целозрнесто лепче, интегрални тестенини, кафеав ориз… Дел од житната култура сè почесто се залага за овие интегрални варијанти и постепено почнуваат да зборуваат против белото брашно… Ќе видите и дека добар дел од нив примаат финансиска надокнада за рекламирање на конкретни брендови интегрален леб како лесна и прифатлива мантра за подобро здравје. Но како дува ветерот така често се менуваат и нивните препораки – еднаш сукралозата како вештачки засладувач е добра, потоа не е баш најдобра. Лојални се исклучиво на официјалните мејнстрим ставови бидејќи лесно е да се залагаш за нешто што е општоприфатено, наспроти нешто што е навистина здраво.
Сакате да го примените ова во вашата конкретна ситуација?
Закажете бесплатна консултација





