Исхраната и плодноста | Гостување во Телма ТВ | Кето пита со спанаќ
Проследете го моето гостување во Телма ТВ, зборувавме за тоа како да приготвите кето пита со спанаќ и поразговаравме за плодноста и исхраната. Глобалните извештаи кои допрва ќе излегуваат за енормно влошената плодност на светско ниво и „решенијата“ кои ќе се нудат за овој проблем кој допрва ќе се популаризира, за жал нема да имаат голема поврзаност со вистинските причини за ваквото влошување.