Тестостерон

ТестостеронТестостерон (Т) е еден од најважните хормони кога станува збор за градење мускулна маса. Кај машките се произведува главно во тестисите и многу мал дел во други жлезди. Кај жените се произведува во јајниците, но во многу помала количина отколку кај машките.

Тој е директно одговорен за сексуалниот нагон и игра голема улога во продукцијата на машки полови клетки (сперматозоиди). Игра главна улога (заедно со хормонот за раст) во создавањето и одржувањето на мускулна и коскена маса и влијае врз тоа колку и каде ќе складирате масти во телото. Има значајно влијание и врз расположението.

Тестостеронот е еден од најважните фактори кои влијаат врз формирање на мускулна маса и сила. Поттикнува раст на ткивата и влијае врз хормонот за раст.

Исто така ја зголемува густината на коските и влијае врз производството на црвените крвни клетки (клетки во крвта кои спроведуваат кислород од белите дробови низ телото).

Тестостеронот има улога во тоа како телото ги третира мастите и помага за нивно ефективно топење. Ниско ниво на Т значи и повисоко ниво на естроген (главниот женски хормон), кое води кон зголемено формирање сало, салести гради, итн.

Исхраната и спиењето имаат пресудно влијание врз нивото на тестостерон. Во комбинација со правилно вежбање со тежини кое само по себе е метод за поттикнување на природната продукција на T (и други хормони), добиваме мускулна маса и формирање на вистински посилна и естетска мускулна структура.

Од аспект на вежбањето, не е доволно да се каже само „вежбањето поттикнува тестостерон“. Вежбањето може да го намали тестостеронот ако не се практикува правилно.

Најефективните вежби за појачување на тестостерон се сложените вежби (кои влијаат на повеќе мускули одеднаш). Доколку правите изолациски вежби, секогаш во секој тренинг вклучете сложени вежби доколку сакате повисок Т. Поделбата на деновите за вежбање, на пример еден ден само раце, можеби звучи логично, но од аспект на хормоните, тоа не е ефективно без сложени вежби. Ќе добиете многу поголем одзив на тестостерон ако направите три серии од некоја изолациска вежба на пример за бицепс, плус три серии од која било од овие вежби, отколку две различни изолациски вежби по три серии од секоја.

Од аспект на исхраната, најважно е телото да биде во режим на согорување масти наместо согорување шеќери. Доколку телото е во режим на согорување шеќери, тоа значи дека е во режим на складирање масти. Доколку складирате масти, тоа значи поголема конверзија на вашиот тестостерон во естроген и се разбира понизок тестостерон и хормон за раст од што би можеле да имате.

Прочитај за другите хормони