Терминот естроген се однесува на група од хемиски слични хормони доминантни во женското тело и одговорни за развивање и одржување на женските карактеристики. Естроген има и во машкото тело но во многу помала количина.
Високо ниво на естрогени кај мажите придонесува за одредени негативни здравствени состојби и ефекти врз телото. Некои од нив се зголемени (салести) гради, послаб сексуален нагон, губиток на мускулна маса, изнемоштеност, замор, потешкотии во добивање ерекција.
Мали количини од тестостеронот секогаш се конвертираат во естроген во машкото тело. Главната состојка која ја врши конверзијата (претворањето) се наоѓа во масните клетки. Затоа, колку повеќе масни клетки (сало) имате, особено во пределот на половината, толку повеќе тестостерон ќе се конвертира. Тоа значи поголемо присуство на естрогени и поголема склоност кон понизок тестостерон и складирање сало.
Кај жените со покачен естроген исто така се зголемува склоноста кон складирање масти.
Прочитај за другите хормони