И ден денес може да се слушне дека „кревањето тежини може да го сопре растот во висина“.
Растот во висина е раст на коските во должина. Машките растат во висина до кај 16-18 години а женските до кај 14-16. Некои од приказните велат дека ако вежбаш со тежини за време на оваа фаза на раст, растот ќе ти се префрли во мускулите а не во висина, или ако креваш тежини над рамењата – од притисокот ќе останеш набиен. Слично на приказните „ако ја правиш таа вежба ќе си ги расипеш колената.“
Вистинската опасност е друга. Доаѓа од вежбање на таков начин што ќе ги прегази хормоните. Тоа може да го успори растот.
Растот во висина може да се попречи и доколку ги повредите деловите на коските одговорни за издолжување.
Се јави еден спортист што сака да се извиши уште неколку сантиметри но има 17 години. Потребно му е да ги достигне тие неколку сантиметри за да може да остане во спортот со кој се занимава инаку нема да ја има потребната висина за во иднина.
Причината зошто до сега останал на таа висина може се гени, може да се други причини но ова беше факт:
Десет години вежба секој ден по околу 60 минути. Понеделник до сабота тренинзи, недела натпревар.
Самото по себе ова е доволно да успори секаков раст, и во висина и во мускули и во коски. Ова дете живеело со претренираност.
Дополнително на ова, за вечера или за појадок јаде неколку кришки со мармалад. Едно парче мевце дневно. И секој ден спиел околу 6-6.5 часа.
Сега гледате што сè спаѓа во важноста на она што постојано го велиме на Мускултура: правилно вежбање, правилна исхрана и доволно спиење.
Не е само прашањето што да правиш туку и што да не правиш.
Во случајов за детето не е невозможно да ги достигне бараните неколку сантиметри. Околу таа возраст сè уште можеби постои можност за некаков раст во висина доколку се преземат правите чекори.
Вистината е дека правилно вежбање со тежини за време на тинејџерските години може да го помогне растот во висина а не да го закочи. За време на тој период телото (би требало да) произведува тестостерон и хормон за раст во големи количини. Правилното вежбање со тежини го зајакнува овој процес. Затоа, во тинејџерските години е поволно за организмот и од аспект на здравје и од аспект на изглед и го помага растот во висина.
Плус:
- Ќе ја зголеми и силата
- Ќе ја зголеми цврстината и отпорноста на повреди
- Ќе ја зголеми енергијата
- Ќе го зајакне духот
- Ќе го зголеми чувството за дисциплина и себеостварување
- …
За да ги има овие ефекти, вежбањето треба да е паметно, и да е придружено со правилна исхрана и добар сон.