НОВА РУБРИКА: Кетото и интервалното постење стануваат мејнстрим

Наскоро СИТЕ ќе препорачуваат кето.

Медицината и науката денес доаѓаат сè поблиску до реалноста за исхраната.

Не е лесно вистината да дојде до израз во време кога постојат премногу лажни податоци особено кога тие податоци се во конвенционалната (мејнстрим) наука и едукација, односно во селектираните научни истражувања кои се земаат како основа. Тоа полека се крши.

Вистината човек може лесно да ја воочи кога постојат резултати. Вистината и не е некоја сложена работа, всушност е наједноставното нешто што постои. Но таа е едноставна кога човек применува знаење. Гледате во резултатите кај себе и другите, гледате во постигнатите подобрувања како резултат на примената на функционални принципи. За тоа знаење работи Мускултура. За личното знаење на единката, сфатено врз основа на критериумот на ефективност. Сè друго е краткотрајно доколку не содржи разбирање од самата единка.

Голем дел од мејнстрим науката размислува со автоматски ПРИФАТЕНИ научни истражувања и научни цитати како вистини. Заради тоа таа ПРЕСТАНУВА ДА ГЛЕДА во луѓето. И на тој начин голем дел од мејнстрим науката стана цитирање цитати без да се гледа во реалниот свет. Затоа тој реален свет набрзо стана презаситен со вишок килограми, неплодност, намален тестостерон, дијабетес, рак, итн. И затоа пречесто за жал, за неколку минути лесно се препишуваат седативи, антидепресиви, лекови за висок притисок и сл.

Сè уште многу доктори, нутриционисти и фитнес инструктори ги препорачуваат стандардните и нефункционални совети. Како во исхраната, така и во вежбањето.

Но сега тоа се менува. Постојат многу доктори кои доаѓаат од таканаречениот мејнстрим но имајќи ја љубовта кон вистината – ја согледуваат и едноставно го кажуваат она што го гледаат со свои очи. Тие се луѓе кои прават вистински значајни промени. А значајната, ефективна промена е најдобрата терапија.

Не само доктори, туку и тренери и нутриционисти, спортисти и други професионалци.

Сите доктори немаат разбирање и еднаква компетентност исто како што на пример секој фудбалер не е еднаков со сите други фудбалери. Ниту пак секој што се залага за кетогена исхрана не значи дека е за сè во право само заради тоа што се залага за кетогена исхрана.

Во оваа рубрика ќе изложуваме искази, студии, видеа и мислења на овие луѓе, за кои сметаме дека се вредни да се знаат. Ова не значи дека се согласуваме со сè што некогаш кажале, но значи дека она што ќе го изложиме е потребно да се знае. Можете да ги најдете веднаш по крајот на текстот, при што новите статии на темата се најгоре.

Предвидување:

Сè повеќе доктори, нутриционисти и фитнес тренери почнуваат да зборуваат позитивно за кетозата (која е природна состојба) и интервалното постење. Затоа ќе видите и такви кои досега препорачувале мејнстрим диети согласно општите препораки и стандардната практика, како 5 мали оброка дневно, на пример во рамките на медитеранска диета – како се префрлаат на интервално постење и навалуваат накај кето во своите услуги, бидејќи вистината станува преочигледна заради тоа што сè повеќе луѓе живеат кето. Некои тоа ќе го прават како резултат од своето лично и професионално усовршување. Некои други пак, кои до вчера биле анти-кето – за да ги жнеејат придобивките од „трендот“ кој за нив е економска прилика (затоа што досегашните методи им „застаруваат“) кое за жал е најчесто и основната појдовна мотивација. Затоа тие следат трендови, наместо да ги создаваат.

Тоа се гледа веќе кај некои анти-кето доктори и нутриционисти кои веќе го прифатија интервалното постење – иако изобличено со застарените убедувања во пакет со голема содржина јаглехидрати (не оди: „до сега бев во грешка за исхраната“). Тоа е изобличено бидејќи суштината на интервалното постење и сите негови придобивки почнуваат од кетоните (сировина за енергија, производ на согорување масти во телото). Јаглехидратите го спречуваат генерирањето кетони, па така изобличеното интервално постење дава и изобличени ефекти. Но сепак зборовите интервално постење се „во трендот“, па затоа и се усвојуваат и употребуваат во реториката.

Но!

Вистината е најдобриот тренд. И фактот е дека всушност огромен број доктори, нутриционисти, научници… веќе ги имаат прифатено и се залагаат за нутритивната кетоза и интервалното постење (кое служи да ја појача нутритивната кетоза). Тоа се гледа и преку огромниот број научни истражувања кои ги побиваат примитивните „сознанија“ каде гликозата беше алфа и омега.

Светот се менува. Добредојдовте во новата култура.

Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
12.07.2022

Статии во оваа рубрика:

Овесна-каша-или-јајца-за-доручек

Кардиолог: не препорачувам да се јаде овесна каша

Сè повеќе стручни лица ги согледуваат длабоко вкоренетите фикс идеи во исхраната. Една ваква фикс идеја е дека овесните снегулки се врвна храна. Друга е дека треба да бегаме од јајцата, особено од озлогласената жолчка која нѝ мисли лошо на здравјето. Потоа на листата го имате и црвеното месо… „Како кардиолог, никогаш не препорачувам да…

Details

Американските NAVY SEALs на КЕТО

Како што кето начинот на исхрана станува сè позастапен, така и светот ги согледува неговите бенефити. Не дека оние кои даваат официјални препораки за препорачан дневен внес нешто специјално се потрудија да ги разгласат тие бенефити, но кога нешто е преочигледно истото не може лесно да се негира во очите на јавноста, бидејќи самата јавност…

Details
Траен успех со кето диета

Една тајна на здравата кетоза

Велиме здрава кетоза или здрава кето диета бидејќи не е секоја кето диета иста, како што ни секое вежбање со тежини не е исто. Кето диетата може да се практикува и на нездрав начин, на пример со внес на нездрави масти или без внес на салати, или со процесирани меса. Доста детали може да ја…

Details
Pravilna ishrana

Што е кето диета?

Кето диета е најповолниот начин на исхрана за градење мускулна маса и губење на вишокот масти. Во главно, се состои од минимален внес на јаглехидрати, умерена количина протеини и висока количина масти. Секако, за градење мускулна маса потребно е правилно вежбање. Кето диетата овозможува идеален хормонален профил и во споредба со која било друга диета,…

Details