Денес постојано се труби за „препораки“.
Ако мислите дека нешто е исправно затоа што го пишува во книги, учебници или некој експерт го кажал или препорачал, не заборавајте дека хероинот се препорачуваше и користеше во медицински цели како олеснувач на кашлица (најпрво за деца). Исто и како алтернатива на морфиумот која не создава зависност (денес имаме слична приказна со метадонот). Хероинот бил сосема легален цели 26 години, како и препораките.
Цигарите не се сметаа за штетни до 1964 година! Напротив, беа рекламирани (препорачувани) како корисни!
Препораките се менлива категорија, вистината не е.
Ако мнозинството или експертите велат нешто, тоа не значи дека е исправното нешто. Постојат безброј примери за ова.
Никола Тесла бил исмејуван! …од научната јавност заради неговите тврдења, меѓу кои и идејата за создавање безжична комуникација.
Еден од најважните и најголеми мислители на сите времиња – Сократ (кој бил учител на Платон, кој пак бил учител на Аристотел, кој пак бил учител на Александар Македонски), бил буквално на најдемократски начин, осуден на смрт заради тоа што мислел со своја глава, односно заради тоа што бил мислител. Обвиненијата биле дека тој ги расипува младите затоа што ги учел да мислат со своја глава и да преиспитуваат „авторитети“ и дека покажувал непочит кон атинските богови. Поротата била составена од 501 атински граѓани, од кои поголемиот дел гласале (препорачале) да биде осуден на смрт. Така, еден од најголемите и највлијателни мислители (и тоа во лулката на демократијата) бил по препорака од страна на мнозинството (и демократски) осуден на смрт преку пиење отров, затоа што мислел.
ЕКСПЕРТИТЕ ПРЕПОРАЧУВААТ е мотото на роботизмот против кој Сократ „се борел“ преку мудрост. Ова не значи дека не постојат експерти и дека никој не треба да препорачува ништо. Ова значи дека во морето од препораки единствениот спас е личното разбирање.
„Те боли грлото? Напиј се анестезија.“
Но сепак денес не сме ништо поназад во инвентивноста како да се трошат хемикалии. Како пример, се користи ПСЕВДОЕФЕДРИН (кој е и психоактивна супстанца) за одзатнување нос. За намалување на болка во грлото, во слатки бонбончиња се користи локална анестезија за умртвување на ткивата (истата како на забар). Бонбончето се топи, анестезијата се нафаќа на грлото и ете, дојде здравје.
За „нормализирање“ на покачен крвен притисок кај многумина се користат медикаменти за блокирање на дејството на адреналинот. А тие придонесуваат за намалување на тестостеронот и плодноста. Но, каде е решавањето на вистинските причини за покачениот притисок? Се чини дека полесно е да си ги затвориме очите со шаките како што прават малите деца и да си мислиме дека вистинските причини ги нема бидејќи не ги гледаме.
За „нормализирање“ на холестерол кај речиси секој со покачени вредности на холестерол се користат блокатори на производство на холестерол, иако тој е сировината од која во телото се произведуваат тестостеронот, естрогенот, кортизолот и витаминот Д. Важно на тест „да се помине“. Штом тестот покажува добри бројки, тоа е сертификат за здравје. А растечките статистики на нездравје стојат како неми билборди кои биваат одминати од експертите со кренати раменици.
Ова не значи дека лековите не се оправдани никогаш и кај никого, но значи дека не се оправдани секогаш и кај секого. И значи дека лековите не се замена за здрав и правилен начин на живот. Не треба којзнае што за да се заклучи дека растечките профити на фармацевтската индустрија НЕ СЕ пропратени со растечко здравје на популацијата.
Сите овие претходни примери се препораки од експерти, без разлика од кое време доаѓаат. Тие постојано препорачуваат, но сепак на планетава владее здравствена катастрофа.
Премногу примери постојат за парадоксите со кои сме опкружени. Се користи шеќер за спортување како преферирано гориво. Потоа во текот на спортскиот настан се голтаат нови залихи на шеќер како би се продолжило со спортувањето. Спорт, шеќер и „здравје“. Сето ова е базирано на учебници и селективно цитирана наука. И потоа го гледате спортистот, но испиена енергијата.
Ако преовлада разумот, овие работи во иднина ќе бидат дел од некое попримитивно минато.
Секој разум прво се сведува на индивидуално ниво. Оттука, можеме да ги произнесеме логичните чекори за личен прогрес, кое воедно е и:
Програма како да преовлада разумот:
- Учете што е вистински здрав живот
- Навистина практикувајте вистински здрав живот
- Поттикнувајте ги другите тоа да го прават, преку
А. Личен пример и
Б. Посочување на материјалите што сте ги учеле, а кои ви придонеле за успехот
Во ова можат да помогнат многу институции, организации и групи, но промената е индивидуална, а не системска. Системот е целина од поврзани делови, а најпоединечниот дел на едно општество е единката. Затоа прогресот секогаш е индивидуален, а само потоа може да биде и колективен.
Постојат експерти и експерти. Но само еден е првиот и последен експерт за вашиот здрав живот – вие. Никој нема да ви го подобри здравјето ако во чинијата и телото ги ставате погрешните работи. Зошто да не се занимавате со експертско живеење здрав живот?
Здравиот живот се препознава на многу едноставни начини.
Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
06.08.2023