Skip to content
Muskultura.mkMuskultura.mk
Muskultura.mk
  • Вежбање
    • Принципите на вежбање
    • Хормоните и вежбањето
      • Улогата на хормоните
      • Тестостерон – улога и дефиниција
      • Хормонот за Раст – функција и дефиниција
      • Глукагон – важен топач на масти
      • Инсулин – функција и дефиниција
      • Кортизол – функција и дефиниција
      • Естроген – функција и дефиниција
    • Вежби
      • Мускулна маса и сила
      • Чучњеви
      • Бенч преса
      • Веслања со шипка
      • Стоечко кревање шипка над глава
      • Мртви кревања
    • Програми
      • Мускултура
      • 5х5
  • Исхрана
    • Принципи на исхраната
    • Кето и интервално постење
    • Кето рецепти од Мускултура
    • Табела на продукти и калкулатор за дневен внес
    • Суплементи
    • Програм за исхрана од Мускултура
  • Спиење
  • Кето и интервално постење
  • Програм за вежбање и исхрана
  • Доза +
  • Контакт
    • Прашај
  • Language
    • македонски јазикмакедонски јазик
    • EnglishEnglish
 
  • Вежбање
    • Принципите на вежбање
    • Хормоните и вежбањето
      • Улогата на хормоните
      • Тестостерон – улога и дефиниција
      • Хормонот за Раст – функција и дефиниција
      • Глукагон – важен топач на масти
      • Инсулин – функција и дефиниција
      • Кортизол – функција и дефиниција
      • Естроген – функција и дефиниција
    • Вежби
      • Мускулна маса и сила
      • Чучњеви
      • Бенч преса
      • Веслања со шипка
      • Стоечко кревање шипка над глава
      • Мртви кревања
    • Програми
      • Мускултура
      • 5х5
  • Исхрана
    • Принципи на исхраната
    • Кето и интервално постење
    • Кето рецепти од Мускултура
    • Табела на продукти и калкулатор за дневен внес
    • Суплементи
    • Програм за исхрана од Мускултура
  • Спиење
  • Кето и интервално постење
  • Програм за вежбање и исхрана
  • Доза +
  • Контакт
    • Прашај
  • Language
    • македонски јазикмакедонски јазик
    • EnglishEnglish

E621 – Моносодиум глутамат)

E621 – Моносодиум глутамат (екстазата на денешната цивилизација)

Е621 е појачувач на вкус или засилувач на вкус, кој може да се сретне и под имињата:

  • Моносодиум глутамат
  • Мононатриум глутамат
  • Мононатриум глутаминат
  • Моносодиум глутаминат
  • Мононатриев глутамат…

Е621 го „подобрува“ вкусот со своето стимулативно дејство на рецепторите за вкус во јазикот, односно ја зголемува реактивноста на тие рецептори. Тоа го појачува интензитетот на сигналите на вкус и ги зголемува вкусните својства на храната. Ова води кон засилено уживање (задоволство) во вкусот и ја подобрува „привлечноста“ на оброкот.

Е621

Со други зборови, ова е залажување и манипулација на сопствените перцепции. Чувствуваме нешто посилно отколку што навистина е.

Науката добро ги знае неговите ефекти врз организмот и здравјето. Но знаењето на науката никогаш не било пречка да се практикува конкуретност на индустријата пред здравјето на луѓето.

„Повисоко количество на мононатриум глутамат (Е621) предизвикува метаболички синдром (комбинација од инсулинска резистентност или дијабетес, висок крвен притисок, акумулација на сало околу стомакот) и зголемена телесна тежина, независно од другите главни причини.“

[За „другите главни причини“ се сметаат начинот на исхрана, неактивноста, алкохол, итн.]

„Појавата и распространетоста на метаболичкиот синдром растат брзо и предизвикуваат значителен товар врз здравствените системи во светот.“

„Е621 значително влијае врз предизвикување на метаболичкиот синдром НЕЗАВИСНО од физичката активност и калорискиот внес.“

Исто така познато е дека Е621 го покачува и инсулинот.

Понатаму, науката вели: „Анализата на публикациите покажа дека ставовите за ефектот на мононатриум глутамат врз човечкото тело се доста контрадикторни: од целосна безбедност на Е621 до потврдување на неговите негативни ефекти врз различни органи и системи во телото.“

НО СЕПАК главните препораки во светот се дека е безбеден и сосема ОК. Тоа не е чудо со оглед на фактот дека примарен фокус во индустријата со храна (земјоделие, производство, сè што произведува храна) е конкурентност на пазарот, а не здравјето. Тоа значи дека сè што ја зголемува конкурентноста ќе добие важност, а едно од најсаканите и најкористените јадици денес се токму вкусовите и боите. Затоа постојат безброј вештачки вкусови, ароми, мириси и појачувачи како Е621. На тој начин се стимулираат сетилата, се предизвикува лажно задоволство (излачување допамин), а задоволството е поттик за повторно купување на она што го предизвикало. Денешните умови сметаат дека токму тоа е добро за економијата – сè додека The Walking Dead не станат убедливо мнозинство, но тогаш нема да има кој да види дека тоа не е добро за економијата.

Сепак европската агенција за безбедност на храна вели дека безбеден дневен лимит е 30 мг по килограм телесна тежина, што значи човек од 70 кг може безбедно да конзумира максимум 2 гр Е621 дневно. Иако не верувам дека која било количина од овој појачувач е безбедна, сепак како што ќе видите подолу, со денешната исхрана дури и овој лимит лесно се надминува.

Постои и еден друг синдром (група на повеќе симптоми) – наречен синдром на кинески ресторан. Се состои во симптоми како што се главоболка, препотување, срцеви палпитации (забрзано или нерегуларно отчукување), отрпнатост во лицето, вратот, грбот, рацете или други делови, вртоглавици. Се смета дека се јавуваат кај осетливи лица кои јадат кинескa хранa, особено таква зачинета со E621, па затоа и се нарекува синдром на кинески ресторан.

Е621 Кинеска храна - E621 Kineska hrana

Ова служи и за добар пример како кетото може да се прави на нездрав начин – кога во него се присутни нездрави елементи. Истото важи и за вештачките бои кои се користат во ОГРОМЕН процент од производите.

Затоа, без разбирање што внесуваме во организмот НИЕДНА диета нема да биде спас.

Кога на Мускултура велиме правилна исхрана – мислиме на сеопфатен пристап кон она што го внесуваме.

Е621 насекаде

Овој појачувач се наоѓа во:

  • Зачини
  • Супи
  • Сосови
  • Чипсови
  • Месни нарезоци
  • Конзервирани гулаши
  • Паштети
  • Виршли
  • Салами
  • Шунки
  • Кулени
  • Чајни кобасици
  • Кобасици
  • Печеници
  • Сланини
  • Димени стекови
  • Други сувомеснати производи и процесирани меса

Зачините кои се користат во нашите кујни содржат Е621 и тоа околу 10-15% од вкупната содржина на зачинот. Една кафена лажичка ваков зачин е околу 5 гр и содржи околу 0.5-0.75 гр Е621. Со две кафени лажички зачин вие имате 1 до 1.5 гр Е621. (А се плашиме дека 1.5 гр калциум ќе направел калцификати!)

Е сега, овие 1.5 гр Е621 се само во оризот што го зготвивте. Со истиот ручек, во вкусната купечка супа исто така имате Е621. Или во домашната супа користејќи го истиот зачин. Потоа во кобасиците за вечера имате Е621. Во конзервираниот гулаш со тестенини за доручек и во паштетата за вечера. И специјално се наоѓа во брзите и „практични“ нудли. И во саламата. (А толку пазиме што потенко да биде парчето кашкавал бидејќи имало масти.)

И на крај кога седнувате да се опуштите од напорниот ден, Е621 е сè уште со вас додека гледате филм – се наоѓа во чипсот.

Чудо е колку тортура трпи човечкото тело. Телото трпи, а духот страда. И после тежок бил денот!

 

Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
15.05.2023

Сподели

Post navigation

PreviousPrevious post:Мажи, доколку сакате повисок ТЕСТОСТЕРОН слушајте:NextNext post:Слушај си го телото (???)

Muskultura.mk +

Дино Николиќ - Кето пита со спанаќ - Телма ТВ - Оброк на денот
Исхраната и плодноста | Гостување во Телма ТВ | Кето пита со спанаќ
02/07/2025
Што е кетогената исхрана | Гостување во Телма ТВ | Кето чиа пудинг
09/05/2025
Јаглехидратите и медицината
Што вели медицината за јаглехидратите?
07/01/2025
Пред и потоа
ДАЛИ ИМАТЕ СЛАБА ВОЛЈА?
20/07/2024
Кето е за секој спорт
Супериорноста на КЕТО во спортот и во животот
18/07/2024
Панични напади | Стрес | Анксиозност | Депресија
Кортизол, крвен шеќер и склоност кон стрес
12/07/2024
Сакам програма за вежбање и исхрана:

Запиши се

Следи нè на:

Facebook
Instagram

Instagram
Muskultura

muskultura.mk

Исхраната и плодноста
👇

ПОДОБРА СОСТОЈБА = ПОДОБРИ ДЕНОВИ

Мускултура е метод на напредок.

.
.
.

#старт
#подобриденови
#програмасомускултура
Исхраната, вежбањето, спиењ Исхраната, вежбањето, спиењето, дисциплината и здравите навики се конкретни дејства – не само идеи.
Идеацијата за нив не е исто што и нивното практикување.
Кога некој ќе се заглави во идеација, почнува да си мисли дека самото размислување е акција. Но тоа е илузија со која се седи во место.
.
.
.

#здравживот
#начиннаживот
#правилнаисхрана
#правилновежбање
#добринавики
#lifestyle
Стремежот е возило за успех Стремежот е возило за успехот.
Сè друго е статус-кво, кое води кон стагнација. Стагнацијата е најтивката пропаст.

https://muskultura.mk/двете-нивоа-на-закрепнување/

#стагнација 
#стремеж
#мускуленраст
#здравживот
#напредок
Секој обид за прогрес на личен план мора да биде исправен од аспект на хормоните.

Животните навики често се во конфликт со нашите хормонални сили па во нашите напори за подобрување удираме во бариери кои незнајно сме ги искреирале со нашите навики – удираме во бариерите од хормоналните реакции.

Гладта, стрвот и ситоста се чисто хормонални реакции.
Емоциите се под директно влијание на хормоните.
Нивото на енергија исто така.
Фокусот, концентрацијата. Силата. Целиот наш склоп влијае врз хормоните и тие влијаат врз сè.

А ТОА Е ГЛАВНО ПОД НАША ДИРЕКТНА КОНТРОЛА.
👉 Читај www.muskultura.mk
Load More... Follow on Instagram
Пребарај:
  • македонски јазикмакедонски јазик
  • EnglishEnglish
Muskultura.mk
Muskultura.mk

Услови на користење