Убаво е да се зборува за работа на себе, усовршување, напредок… Но она што најмногу недостасува е фактичкото правење на нештата кои доведуваат до усовршување и напредок.
Работите 40+ часа неделно. Остануваат 128 часа. Спиете 56 часа неделно (се надеваме!). Остануваат 72 часа. Тоа е речиси двојно од работните часови.
Многу интересен исказ на Грант Кардон во видеото по завршување со неговиот тренинг (има 65 години), дека некои луѓе ги користат остатокот 72 часа за да се жалат за фактот што не се доволно платени во 40-те часови.
View this post on Instagram
Во праксата, во вистинскиот свет – примената на овој концепт ја прави разликата помеѓу просечност и врвност.
Вистинското прашање кое човек треба да си го постави е:
„Што правам јас во моите приватни 72 часа?“
Ако во тие 72 часа вложувате време за раст на своите способности, раст на семејните односи и врски, раст на своите најблиски, раст, раст, раст, дали нема да добиете РАСТ? Дали нема да остварите прогрес?
Често луѓето мислат дека прогресот е во кариерата. Сепак во кариерата, кариерното време од 40 часа го користиш за да ја работиш работата (кое не е секогаш гаранција за прогрес во кариерата), а не за да учиш и да се надградуваш. Нормално, човек учи за време на работата и може да се надградува, но тие надградби се најчесто спонтани и поврзани со работата. Дополнителните, намерни надградби дури и кога се платени од работа најчесто се изведуваат во твоите 72 часа.
Секако човек кога работи ако специјално обрне внимание на работата, ќе може да станува подобар и подобар, да ги проширува своите знаења и сферата на одговорност (за разлика од евидентната општа тенденција да се смали таа сфера, „не е до мене“), но каде се другите делови од неговата личност? Како на пример, здравјето, вештините, знаењата, телесната состојба, силата, енергијата, расположението? Работејќи на кариерата не треба да заборавиме дека имаме кариера и во животот.
Имаме кариера во здравјето, семејството, децата, бракот, телото…!
Затоа:
Во ТВОИТЕ 72 часа што направи за да го подобриш квалитетот на твојот живот? Што ќе направиш во следните 72 часа?
Со 40-те работни часови ти не го подобруваш квалитетот на својот живот, туку ги обезбедуваш средствата за да можеш да имаш прилика да работиш на подобрување на квалитетот на твојот живот. Работењето на тоа подобрување се одвива во преостанатите 72 часа.
Доколку во преостанатите 72 часа не работиш на подобрување на животот, излегува дека со 40-те работни часа ги обезбедуваш средствата да работиш на стагнирање или назадување во преостанатите 72 часа.
Секогаш вложуваш, но прашањето е „Во што?“
Постојат НЕЗАМЕНЛИВИ канали преку кои секој човек може да работи на подобрување на својот живот. Едни од најважните се:
За нас во Мускултура овие канали се многу повеќе од само јадење и физичка активност.
„Ова ми го смени животот. Се осеќам попродуктивно.“ – Мартин Т.
„Имам порадосен живот.“ – др. Таше Трпчевски
„Откако почнав со програмата чувствувам како се менувам ден низ ден и станувам подобар и подобар, се грижам за себе како никогаш до сега и имам поголема почит спрема сите други.“ – Љупчо П.
Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
14.10.2023