Ова е еден од нај, најлошите митови:
Дека здравиот живот бара повеќе пари.
Ако размислувате колку пари се потребни за да се храните правилно ќе видите дека одговорот е буквално: помалку отколку за да се создаде и одржува еден редовен пациент.
Како одговор на тоа прашање јас би поставил друго прашање:
Колку пари се потребни за нездрав живот?
Исто толку се потребни и за здрав живот. Парите не се проблемот.
Парите се како калории. За 100 денари можеш да купиш шеќер. За истиот износ можеш да купиш масти. Или протеини. 100 денари, а три драстично различни ефекти.
Парите не се лоши ниту добри. Разликата ја прави намената за која сте ги употребиле. Исто како калориите.
Може да ги употребите за согорување. Може и за зголемување на „капитал“:
- Непотребности (сало, висок притисок, замастување на органи…)
- Јакнење на инфраструктура (хормонален систем, мускулна маса, коскено ткиво, капацитет за енергија…)
Разликата е во тоа што непотребностите не можеш да ги користиш односно „вложиш“ за повеќе напредок, а јакнењето на инфраструктурата директно те прави поспособен да успеваш во сите полиња.
Парите не се проблемот. Одлуката и стартот се решението, а немање одлука и старт Е проблемот.
Сè додека се мисли на парите како предуслов за себеси, проблемот е во главата. Решението почнува во главата но се спроведува надвор од главата, во светот на акцијата.
Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
13.05.2023