Веслања со шипка (barbell rows) е во главно вежба за грб. Бидејќи спаѓа во групата сложени вежби, таа влијае на повеќе мускули одеднаш. Мускули кои се вежбаат со веслањата:
Веслања – како се изведува оваа вежба за грб:
- Шипката треба да ја подигнете со едно мртво кревање и да се исправите. Држете ја шипката со дланките свртени надолу (може и свртени нагоре). Растојанието на дланките треба да биде како рамењата.
- Потоа се наведнувате подвиткувајќи ги малку колената и горниот дел од телото надолу. Грбот треба да го држите исправен и наведнат речиси паралелно со подот.
- Држете ја главата исправена и гледајте напред.
- Издишувајте подигајќи ја шипката накај вас. Држете ги лактите на половина растојание до телото (не паралелно со шипката, не уз телото, туку измеѓу). Држете ја тежината само со подлактиците а кога кревате, кревајте со лактите нагоре а на крајот од движењето стегнете ги мускулите на грбот.
- Вдишувајте додека ја спуштате тежината.
- Повторете колку што е потребно.
Поголемо растојание измеѓу дланките става поголем напор врз мускулите поодалечени од средината, кон надворешноста на грбот. Помало растојание става поголем напор на мускулите накај внатрешноста на грбот.