Хормони, дефиниција и опис

Хормони се супстанци произведени од одредени жлезди во телото. Тие се транспортираат во телото преку внатрешни течности со цел да ги регулираат дејствата на клетките и органите. Изведуваат специфични биолошки функции и овозможуваат комуникација помеѓу органите и ткивата со цел да се регулираат физиолошките (телесни) функции како што се варење на храната, дишење, сетилни перцепции, сон, лачење, формирање и развој, движење, репродукција, итн.

Зборот хормон потекнува од грчкиот збор hormon што значи „тоа што покренува движење“.

Хормоните регулираат сè што се случува во вашето тело. Тие се едни од најмоќните биолошки двигатели кои науката сè подлабоко ги проучува, дури и открива нови досега неспознаени хормони. Целиот хормонален систем во телото е меѓусебно поврзан; со други зборови – промената на еден хормон може да доведе до промени во многу други.

Хормоните се тие кои го насочуваат телото кон градење мускулна маса, топење масти, јакнење на густината на коските. Но исто така некои од хормоните го прават токму спротивното. Затоа, вежбањето со тежини може многу прецизно да се дефинира:

Вежбањето со тежини е метод за регулирање и насочување на хормоните во посакувана насока.

Тоа значи зголемување на хормоните кои влијаат позитивно на телесниот состав и на оние кои се клучни за градење мускулна маса, а намалување на хормоните кои попречуваат градење мускулна маса, кои активираат гомилање сало, кои ги „трошат“ или „јадат“ мускулите. Ова треба да е водечкиот принцип во сечиј режим за вежбање и исхрана. Доколку не е, тогаш е слепа улица.

Кога зборуваме за хормоните не може да не зборуваме и за исхраната.

Лошиот начин на исхрана, односно неправилната исхрана ги потиснува позитивните ефекти на хормоните, ги потенцира негативните ефекти и го нулира добриот ефект од вежбањето. (И ја влошува општата состојба.)

Исто така грешките во вежбањето ќе ги нулираат добрите ефекти и на најправилната исхрана. Нашите програми за исхрана и вежбање се погрижуваат за овие фактори. Покрај тоа, постигнувањето добри резултати со правилно насочено знаење и напор е најдобрата едукација:

Сакам: Програм за вежбање и исхрана

Овде не се опишани сите функции на наведените хормони. Опишани се дел од позитивните и негативните карактеристики кои најмногу нè интересираат за градење мускулна маса и топење на вишокот масти. Негативните карактеристики на некои од хормоните не значат дека тие хормони не се неопходни за други функции во телото.

Хормоните имаат директно влијание врз формата, структурата, составот на телото (мускули, масти, коски, вода) и стареење.

Човечкото тело има 50-ина хормони, но тука подолу ќе ги опишеме оние кои нѝ се од најголемо значење за вежбањето со тежини, градење мускулна маса и губење на вишокот сало.

Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
16.10.2018

Кето протеински леб: совршен додаток за градење мускулна маса и топење масти

Ако сте на кето диета или едноставно внимавате на внесот на јаглехидрати, обичниот (бел или интегрален) леб дефинитивно не е опција. Но, тоа не значи дека треба да се откажете од вкусот на добар сендвич или тост. Напротив, постои алтернатива. И тоа не само без да ја нарушите вашата кетоза, туку и активно да ги…

Details
Кето протеински леб | Кето леб протеински | Keto proteinski leb | Keto leb proteinski

Мојата вистинска битка

Дали е науката толку неука или пак вистинското знаење постои но не е дел од општата култура на јавноста? Дали науката знае но вистината не може да дојде до луѓето?

Details