Денеска е ден на дијабетесот.
Мотото е секогаш кревање на свеста за дијабетот и разбирање на неговите последици.
Во недостаток на знаење и промовирање на вистинските причини за дијабет и факторите кои дефинитивно влијаат а можат да бидат контролирани – сите кревања на свест се всушност ФОКУС кон негативното.
Што ако е ден на дијабетесот, кога тој расте?
Зошто да учиме за негативни последици на ВЕЌЕ ПОСТОЕЧКА НЕГАТИВНА ПОСЛЕДИЦА?
Вистинската свест која треба да се смени е кај естаблишментот кој ги дава официјалните препораки за исхрана и лекување – тие препораки некако не ја решаваат општата слика туку таа и понатаму СЕ ВЛОШУВА.
Вистинскиот фокус треба да биде кон дознавање конкретни чекори за подобрување, а не дознавање колку сме „беспомошни“.
Фактите се тука, постојат.
Научна студија (Low Carbohydrate Dietary Approaches for People With Type 2 Diabetes):
„И покрај зголемените докази дека постои реверсибилност на дијабет, здравствениот систем нема пракса да препорачува постигнување на реверсибилност. Всушност, реверсибилноста не е ни цел во дијабетските препораки.“
Научна студија (Reversing Type 2 Diabetes):
„Постојат докази кои сугерираат дека стандардната нега не води до ремисија на дијабетесот. Ова го покренува прашањето дали стандардната нега е навистина најдобрата практика. Пристапот на статус-кво нема да ја промени здравствената криза на дијабетесот.“
Постигнат успех од читател на Мускултура:
„Применувам ама баш сè од вашите статии.
Фокусот најмногу ми е за ќеркичката, она има 10 год и е дијабетичар со инсулин [тип 1]. Искрено ги следам вашите објави, ги применувам и резултатите се видливи. Незнам како ќе звучи но со вашите совети ја доведовме гликемијата во граница. Ги гледав сите гостувања, сите теми.
Јас не се водам по советот на другите родители „сè ќе си јаде ама ќе стави една единица повеке инсулин“, искрено сега како што се исхранува, она е најадена а инсулинот е во граница.
Ете јас одлучив да одам по вашите принципи и гледам резултати.
Се трудам многу, сега сепак е дете мала е ама не одстапувам од тоа. Успех имаме и сите други совети ми се небитни кога ќе кажат „ама немој толку строго“.
Мене ме радува што има луѓе како вас и несебично споделуваат знаење е сега кој сака успех треба да слуша и малку да се помачи. Здрав начин на исхрана според мене е здравје на долги стази.
Повеќето родители на деца со дијабет тип 1 мислењето им е „сè ќе си јаде и ќе се боцне“. И за нас нормално се истите тие препораки.
Почнавме со тресиба [инсулин со споро дејство] 18 единици наутро и 8 единици фиасп [брзо дејство]. Дојдовме до тресиба 3 единици а фиасп не. Од боцкање после секое јадење, дојдовме до тоа да не се боцка.
Јас се трудам највеќе што можам и треба. Највеќе благодарение на вашите совети еве искрено. Потоа докторката нѝ рече да видиме како ќе биде – веќе да не се боцка.
Резултатот од ХбА1ц од 12,7 сега е 8,5. Веќе е без инсулин а гликемијата пред ручек е 4,7.“
Потенцијалот за здравје е далеку поголем од она што се смета и што се учи. Се чини како да е заборавено дека животот има моќ за лекување, затоа за огромен број состојби се подразбира „контролирање“ со лекови до крајот на животот. Без разлика што се памети, што се заборавило, кој што мисли – животот може да биде подобар.
Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
14.11.2023