ЕНДОРФИНИ (супстанци за добро чувство)
Природата оставила паметен механизам кој одвнатре ќе нè турка во насока на прогрес.
DetailsХормони се супстанци произведени од одредени жлезди во телото. Тие се транспортираат во телото преку внатрешни течности со цел да ги регулираат дејствата на клетките и органите. Изведуваат специфични биолошки функции и овозможуваат комуникација помеѓу органите и ткивата со цел да се регулираат физиолошките (телесни) функции како што се варење на храната, дишење, сетилни перцепции, сон, лачење, формирање и развој, движење, репродукција, итн.
Зборот хормон потекнува од грчкиот збор hormon што значи „тоа што покренува движење“.
Хормоните регулираат сè што се случува во вашето тело. Тие се едни од најмоќните биолошки двигатели кои науката сè подлабоко ги проучува, дури и открива нови досега неспознаени хормони. Целиот хормонален систем во телото е меѓусебно поврзан; со други зборови – промената на еден хормон може да доведе до промени во многу други.
Хормоните се тие кои го насочуваат телото кон градење мускулна маса, топење масти, јакнење на густината на коските. Но исто така некои од хормоните го прават токму спротивното. Затоа, вежбањето со тежини може многу прецизно да се дефинира:
Вежбањето со тежини е метод за регулирање и насочување на хормоните во посакувана насока.
Тоа значи зголемување на хормоните кои влијаат позитивно на телесниот состав и на оние кои се клучни за градење мускулна маса, а намалување на хормоните кои попречуваат градење мускулна маса, кои активираат гомилање сало, кои ги „трошат“ или „јадат“ мускулите. Ова треба да е водечкиот принцип во сечиј режим за вежбање и исхрана. Доколку не е, тогаш е слепа улица.
Кога зборуваме за хормоните не може да не зборуваме и за исхраната. Лошиот начин на исхрана или неправилната исхрана ги потиснува поволните ефекти на хормоните, ги потенцира негативните ефекти и го нулира добриот ефект од вежбањето. Исто така грешките во вежбањето ќе ги нулираат добрите ефекти и на најправилната исхрана. Нашите програми за исхрана и вежбање се погрижуваат за овие фактори. Покрај тоа, не постои подобра едукација од постигнување врвни резултати со правилно насочено знаење и напор:
Сакам: Програм за вежбање и исхрана
Овде не се опишани сите функции на наведените хормони. Опишани се дел од позитивните и негативните карактеристики кои најмногу нè интересираат за градење мускулна маса и топење на вишокот масти. Негативните карактеристики на некои од хормоните не значат дека тие хормони не се неопходни за други функции во телото.
Хормоните имаат директно влијание врз формата, структурата, составот на телото (мускули, масти, коски, вода) и стареење.
Човечкото тело има 50-ина хормони, но тука подолу ќе ги опишеме оние кои нѝ се од најголемо значење за вежбањето со тежини, градење мускулна маса и губење на вишокот сало.
Дино Николиќ
Креатор и автор на Мускултура
Здравствен тренер
Фитнес инструктор и тренер за кондиција и сила
Сертификуван нутриционист
16.10.2018
Природата оставила паметен механизам кој одвнатре ќе нè турка во насока на прогрес.
DetailsИнсулин е хормон кој се активира заради присутност на јаглехидрати односно шеќери во крвта. Тој ги собира шеќерите и ги распределува за моментална употреба за енергија, дел складира во мускулите и црниот дроб (доколку не се веќе полни) а остатокот го претвора во масти и ги складира. Исто така складира и масти од исхраната, но…
DetailsТерминот естроген се однесува на група од хемиски слични хормони доминантни во женското тело и одговорни за развивање и одржување на женските карактеристики. Естроген има и во машкото тело, но во многу помала количина. Мали количини од тестостеронот секогаш се конвертираат во естроген во машкото тело. Главната состојка која ја врши конверзијата (претворањето) се наоѓа…
DetailsКортизол е хормон кој зголемено се излачува во моменти на физички или ментален стрес. Односно, во моменти на голем напор, како вежбање или долготрајно трчање, разни стресни животни ситуации. Исто така постои зголемено излачување на кортизол во моменти на изгладнетост и ненаспаност. Тој е неопходен за телото во нормално ниво. Врши многу важни функции, на…
DetailsТестостерон е еден од најважните хормони кога станува збор за градење мускулна маса. Во човековото тело, кај машките се произведува главно во тестисите и многу мал дел во други жлезди. Кај жените се произведува во јајниците, но во многу помала количина отколку кај машките. Тој е директно одговорен за сексуалниот нагон и игра голема…
DetailsЕден од најважните и најефективните природни топачи на масти.
DetailsХормонот за раст (соматоропин), дефиниција и улога Хормонот за раст HGH (human growth hormone) или соматотропин како што уште и се нарекува, е витален хормон во човечкиот ендокрин систем. Ендокриниот систем е систем од жлезди во телото кои лачат хормони директно во крвотокот. Човечкиот хормон за раст HGH, се излачува од хипофизата, мала жлезда која…
Details